Author: Нова ТВ

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит  Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и сите православни верници, и до Претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев и припадниците на Евангелско – методистичката црква во државата. „Посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје, исполнети со среќа, радост и љубов. Велигден како празник на надежта ги исполнува срцата со топлина, а мислите со оптимизам и верба. Да шириме љубов и…

Read More

Полицискиот час се враќа на сила денеска, 2 мај и ќе трае секој ден до до 15 мај (со можност за продолжување, зависно од епидемиолошката слика во државата), од 21 часот навечер до 5 часот наутро. Потсетуваме дека единствен исклучок, беше вчеравечер, пред Велигден, и вечерта на 12 кон 13 мај, за муслиманскиот празник Рамазан Бајрам. Овие прекини на рестрикцијата на движењето на граѓаните, како што истакнаа министерот за здравство и неговиот заменик – Венко Филипче и Илир Хасани, се воведени за да можат граѓаните да се чувствуваат слободно за време на овие два големи верски празници. Сепак, како што…

Read More

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до граѓаните од православната вероисповед за големиот христијански празник, Христовото воскресение – Велигден, посакувајќи им во негово и во име на пратениците убави празнични моменти во кругот на семејството. -Упатувам искрени желби за добро здравје, лична и семејна среќа, лични и колективни успеси и радости. Големите празници се секогаш добра можност да се потсетиме на работите кои вистински ни го радуваат срцето, да ја засилиме вербата и надежта која треба да ја имаме за да ги надминеме предизвиците пред нас. Во овие години на пандемија се соочивме со особено голем предизвик, а тоа…

Read More

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, од утре започнува нова европска турнеја во неколку значајни европски метрополи – Берлин, Копенхаген и Стокхолм, како дел од пошироката дипломатска активност за актуализација на европското досие на земјава пред земјите-членки на ЕУ. Од утре, како што соопшти МНР, Османи е во посета на Сојузна Република Германија на средби со министерот за надворешни работи, Хајко Мас, како и државниот министер надлежен за Европа Михаел Рот. Во рамките на оваа посета, Османи ќе оствари средби и со Уве Корсепиус, советник за ЕУ на канцеларката Меркел, како и со повеќе претставници на политичките групации и комисии во…

Read More

На одделни собири и во посебни првомајски манифести и прогласи најголемите синдикати во државава на Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај испорачаа барања за почитување на работничките права, повисоки плати, помош за тие што останаа без работа од почетокот на ковид пандемијата, помалку притисоци и поголема поддршка за синдикалното здружување. Заедничка констатација на сите е дека коронаризата ги уназади работничките права. Нов закон за работни односи со европски стандарди  што ќе овозможи договорите за вработување на определено време да важат најмногу до една година по што автоматски да се трансформираат на неопределено време, породилното отсуство да трае 12 месеци,…

Read More

Православните верници и втора година по ред го празнуваат Велигден во услови на пандемија, но годинава без полициски час, со апели за максимално почитување на мерките за заштита од Ковид-19. Во меѓувреме, по воведените рестриктивни мерки, бројот на нови случаи на Ковид-19 се намалува. Во деноноќието меѓу петокот и саботата, од направени 2.276 тестирања се регистрирани 214 нови случаи на Ковид-19, пријавени се 36 починати, како и 305 оздравени пациенти. Вкупно 200.000 кинески вакцини, што пристигнаа вчера, најдоцна до понеделник ќе бидат дистрибуирани во салата „Борис Трајковски“ и во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола, по што од вторник…

Read More

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии. Годинава на велигденските богослужби можат да присуствуваат верници во храмовите, за разлика од лани кога имаше полициски час поради пандемијата на Ковид-19. Македонската православна црква – Охридска Ариепископија (МПЦ-ОА) повеќепати апелира до луѓето кои ќе ги посетуваат храмовите да ги почитуваат превентивните здравствени мерки. Воскресението Христово е празник што ги спојува верата и традицијата, негувана од…

Read More

Едно од чудата во православието што секоја година се случува на Велика сабота пред Воскресението Христово – и денеска се појави во Храмот на Светиот гроб во Ерусалим. Церемонијата на појавување на Благодатниот оган спроти Велигден годинава се одржа со ограничен број на верници поради пандимијата на коронавирусот. На чинот на преземањето на Благодатниот оган беше дозволено да има само околу 2500 верници, со приложен доказ за вакцинација. Благодетниот оган во Македонија ќе пристигне во доцните попладневни часови на скопскиот аеродром, а ќе биде преземен од наша делегација во Атина.

Read More

Полицискиот час вечер нема да важи и граѓаните ќе можат слободно да се движат, со почитување на мерките за заштита-носење маска и држење дистанца. Ова е исклучок само за празникот Велигден и ограничувањето на движењето продолжува утре од 21 час до 05 часот. Согласно одлуката на Владата од 27 април, со цел справување со пандемијата на КОВИД-19 на територијата на државата беше воведен полициски час од 21 часот до 05 часот, следниот ден, со исклучок за претстојните верски празници, Велигден и Рамазан Бајрам. Согласно тоа полицискиот час нема да важи од 1 кон 2 мај и на 12 кон 13…

Read More

Министерот за економија, Крешник Бектеши во објава на својот фејсбук профил  напиша дека со новиот закон за трговија се предвидува 100 проценти поголема дневница за вработените кои се ангажирани во недела. – Сто проценти проценти поголема дневница за вработените кои се ангажирани во недела, со новиот закон за трговија, стои во објавата на Бектеши. Законот за трговија е поставен на ЕНЕР, со цел да има јавна расправа, а измените во законот се во согласност со најавите за недела неработен ден.

Read More

Одлуката на грчката Влада за привремена затворање на копнените граници и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, е продолжена до 14 мај 2021 година, што значи дека јужниот сосед и понатаму останува затворен за македонските државјани, јави дописничката на МИА од Атина. Претходната одлука беше издадена во понеделникот, а во Службен весник на Грција, веќе е објавена и новата што стапува во сила на 3 мај и ќе важи до 14 мај 2021 година до 6 часот наутро по локално време. Според најавите од Грција од изминатиот период, како што веќе објави МИА, се очекува за…

Read More

Работниците секогаш биле „моторот“ кој ја движи државата и затоа повеќе од еден век светот го одбележува Меѓународниот ден на трудот – 1 мај, објави министерот за правда Бојан Маричиќ на Фејсбук во честитка по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. – Оваа пандемска година треба посебно да им се заблагодариме на здравствените работници кои деноноќно неуморно работат да го сочуваат нашето здравје. Благодарноста кон нив, но и кон сите други работниците ја покажуваме преку грижата за нивната положба во општеството, наведе Маричиќ во објавата. Тој потсети дека пред три месеци е потпишан правилникот за зголемување на платите…

Read More