Author: Нова ТВ
Министерот за здравство Венко Филипче во видео обраќање им порача на граѓаните дека вакцините против коронавирусот се безбедени, дека се развиваат на веќе проверени платформи и дека истите се единствен начин да се победи пандемијата. Тој информираше дека Владата ќе обезбеди доволен број на вакцини за да се вакцинира од 60% до 70% од населението, колку што е потребно за да се стекне колективен имунитет. „Вакцините се развиени по безбедносни протоколи и процедури кои што компаниите за производство на вакцини години наназад ги користат. Благодарение на вакцините во светот се искоренети многу болести како паротитот, полиото и морбилите” истакна Филипче.…
Бугарскиот историчар Воин Божинов, кој е дел од Бугарската академија на науките (БАН), вели дека од стратешки интерес на Бугарија е Северна Македонија да постои како независна држава, бидејќи на тој начин се раскинува копнената врска помеѓу Србија и Грција, која во минатото секогаш ја задушувала Бугарија. „Нашата дипломатија мора да има крајно рафинирани начини на дејствување. Од една страна, треба да ги заштити нашите национални интереси, а од друга, треба да покаже дека Република Северна Македонија има место во европското семејство со цел во неа да не започнат деструктивни процеси кои може да доведат до нејзино распаѓање. Нашиот генерален…
– Ќе го тргнам настрана господинот Бојко Борисов и ќе му шепнам дека стилот на Лукашенко веќе не е во мода, изјави Грем Вотсон, поранешен претседател на АЛДЕ, во видео поздрав до делегатите на онлајн конференцијата на бугарската партија ДПС. – Бугарија е земја што може да води со пример во Западен Балкан. Бугарија може да ги доведе другите земји од Западен Балкан до членство во ЕУ, но тоа не го прави поради лошото раководство, рече Вотсон, алудирајќи на ветото за Македонија. извор: независен.мк
Навестувањата дека се можни порестриктивни мерки за време на претстојните празници и уште едно кратење на времето до кога ќе работат угостителските објекти ги плаши нивните сопственици. Според шпекулациите можно е веќе од идната недела кафе баровите и рестораните да се затвораат многу порано од сега – до 14 часот, а за празниците да има целосно „заклучување“. Состојбата ќе се анализира наредните денови и во зависност од трендовите ќе се одлучува дали ќе се промени работното време или ќе има денови во кои нема да се работи. -В понеделник не очекува малку подолг состанок. Мораме целосно да ја анализираме состојбата.…
Владата на денешната седница усвои информацијата за извршување на одлуката на Уставниот суд во однос на спроведувањето на поништувањето на поединечните акти и дејствија преземени врз основа на Уредбата со законска сила за јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите (СЈО) за време на вонредната состојба. – Владата донесе заклучок да му препорача на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во рок од 30 дена од усвојувањето на оваа информација и обезбедувањето на финансиските средства, на јавнообвинителските службеници и другите лица вработени…
Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со претседателите и претставници на сите партии членки на владината коалиција, на која беше изразена посветеноста на реформите во интерес на сите граѓани и реализирање на зацртаните цели во владината Програмата и искажана силна поддршка за продолжување на напорите за изнаоѓање решенија во однос на бугарското вето, со цел земјата да продолжи по европскиот пат. Како што соопшти владината Прес-служба, на средбата премиерот Заев им упати благодарност на коалициските партнери за нивниот придонес во Владата и во Собранието, во интерес на граѓаните и иднината на државата, но и во процесот на креирање политики за…
-После 100 дена од мандатот на Владата правиме пресек на сработеното и остварените резултати на централната власт и на парламентарното мнозинство. Имаме Влада на граѓаните, стабилна, бидејќи се потпира на здрави вредности, на грижа за другиот, на разбирање и поддршка во тешки моменти. Имаме Влада која е сериозно посветена на правната држава, на економијата и на справувањето со пандемијата“, пишува на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев. -Во очи на денешниот состанок на широката владина коалиција, ми беше чест да му посакам добредојде во Владата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети и да му искажам голема благодарност во мое лично…
Европската Унија не треба да дозволи билатералните несогласувања да го запрат заслужениот напредок на Северна Македонија во интеграциите, смета поранешниот амбасадор на САД во Македонија, Филип Рикер. „Сметаме дека ЕУ не треба да дозволи билатералните несогласувања да го запрат заслужениот напредок во интеграциите. Сметаме дека тие прашања треба да се решаваат надвор од процесот на пристапување, затоа што Скопје повеќе од што треба ја заслужи таа шанса“, вели помошникот-државен секретар на САД за Европа и Евроазија. Рикер, на 2БС форумот во организација на Атлантскиот сојуз на Црна Гора, кажа дека Северна Македонија и Албанија презеле важни и тешки чекори на…
Враќање на преговарачката маса на Скопје и на Софија и на темелите на Договорот за добрососедство, модерирање на процесот на почнување на пристапните преговори со Северна Македонија, принцип консензус минус еден за одлуките на ЕУ, се дел од упатените предлози вчера, како продолжение на реакциите од изминатите денови по ветото на преговарачката рамка на нашата држава со Европската унија од страна на Бугарија. Од Бугарија, пак, повторени позициите за добивање „гаранции за добрососедските односи и за имплементација на билатерални договори“. -Скопје и Софија треба да се вратат на преговарачката маса, на темелите на Договорот за добрососедство и на концептот на…
Новата администрација ќе бара да ја стави борбата против корупцијата и клептократијата на глобално ниво. Доколку овој приоритет не остане само со зборови, туку напротив – тој се реализира во конкретни иницијативи, законодавство и, пред сè, во цврст политички притисок врз земји како Бугарија – ќе има по што да се запамети Бајден.
Со Стратегијата за управување со јавен долг се дефинираат лимити за висината на трите нивоа на долг, државниот, гарантираниот како и на вкупниот јавен долг во следните пет години, и за структурата на долгот, во насока на прудентно управување со истиот. Согласно Стратегијата за јавен долг, која ја изработи Министерството за финансии и во насока на политиките за фискална консолидација кои ќе се спроведуваат, заклучно 2025 година јавниот долг треба да се сведе под Мастришкиот критериум, односно да се намали на 58,8 отсто. Државниот долг пак, согласно стратегијата, ќе се движи до 53,7 отсто од БДП, по што ќе се…
Откако вчера Владата одлучи да ѝ додели половина милион евра на Општина Арачиново како еднократна неповратна финансиска поддршка, за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради Ковид – 19 кризата, другите скопски градоначалници оценуваат дека тоа е добро, за спроведување проекти во општината. – Ние добивме проекти во вредност од 800.000 евра, за обнова на училишта, за инфраструктура. Не се чувствуваме обесправени што Општина Арачиново добила половина милион евра за справивање со проблемите предизвикани од Ковид-19. Ние, поурбаните општини имаме и поголеми приходи, така што не се чувствуваме обесправени – рече Саша Богдановиќ, градоначалник на Општина Центар. И градоначалникот…