Author: Нова ТВ
Специјалниот претставник на македонската влада за Бугарија, Владо Бучковски, од денеска е во официјална посета на Софија. „За време на престојот ќе имам состаноци со премиерот Бојко Борисов, вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева и министерот за одбрана Красимир Каракачанов“, најави Бучковски за БГНЕС. Во четврток е палнирано да има средба со претседателот Румен Радев. „Доаѓам на покана на бугарската влада. Доаѓам како ваш голем пријател и со добра волја“, потенцираше Бучковски. Бугарија на состанокот на Советот на министри во Брисел стави вето на преговарачката рамка за Северна Македонија, за почеток на преговорите со Европската Унија.
Вакцините против сезонски грип не се потрошени. Од денеска ќе има поголем број термини за вакцинација, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. -Тоа што го видовме во овој изминат период е еден огромен интерес како што никогаш немало минатите години. Ние имавме многу помалку вакцини и никогаш освен во првата недела што е вообичаено немаше ваков интерес. Во смисла на правење распоред, се направи распоред да има една одредена временска дистанца меѓу времето на апликација на вакцините на граѓаните со цел да не се прават гужви во амбулантите. Понатаму, еден дополнителен проблем којшто излезе на виделина сега од изминатите недели…
Бугарија е губитник во сегашната ситуација и ќе остане запишана во историјата како земја што ги запре преговорите за пристапување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, иако сакаше да биде лидер и да го води процесот на евроинтеграција на Западен Балкан, оценува поранешниот бугарски министер за надворешни работи Ивајло Калфин. Во изјава за БНТ, Калфин вели дека бугарската позиција им одговара на други земји, кои исто така не сакаат да продолжи процесот на проширување на ЕУ, но ја користат Бугарија како изговор за тоа. – Објаснувачкиот меморандум на Бугарија за нејзините проблеми со Северна Македонија испратен до членките на…
Високата корупција е интернационален феномен, која секаде има ист потпис. Неа во основа ја карактеризира инволвираност на субјекти од висок профил, кои се од политичкиот, државен, финансискиот, економскиот, медиумскиот, па и правосудниот врв на општествата. Интеракцијата меѓу овие партиципанти на полето на корупцијата еволуира во високо-технолошко, географски-дисперзирано делување на кое мора соодветно да се одговори. Договорите меѓу службени лица и бизнисмени, размената на моќ за пари, злоупотребите на службените овластувања за приватен бенефит и трговијата со влијание, се само дел од примерите дека високата корупција е појава од која имаат корист сите инволвирани во коруптивните активности. Тука лежи интересот на…
Последниот состанок на комисијата за историски прашања меѓу Македонија и Бугарија, не помина добро. Двете страни не донесоа никакви заклучоци, а како што рече вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 претседателот Драги Ѓорѓиев, преговорите заглавија во два аспекти: Цар Самоил и придавката „македонски“. Надеж дека работите ќе мрднат има веќе следната недела кога ќе има нова средба на комисијата. Барем така најавија вечерва во „Клик Плус“ претседателот Ѓорѓиев и членот на комисијата, Петар Тодоров. Ѓорѓиев вели дека ќе биде техничка средба, за да се реши најпрво со придавката „македонски“. „Треба да стапиме во контакт, ќе се договориме, можеби ќе биде…
Мислам дека е целосна трагедија тоа што после долгото време потрошено на решавање на прашањето за името со Грците, Бугарите, поради домашни причини, истакнаа такви барања за Северна Македонија, и затоа треба да се постави прашањето како Бугарија ги исполнува своите обврски кон ЕУ, изјави Медлин Олбрајт, поранешен државен секретар на САД. На денешното сослушување пред Комитетот за надворешни работи при Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Олбрајт одговараше на прашања од конгресмени за американската политика на Балканот. На прашање од конгресемнот Грегори Микс, демократ од Њујорк, како новата Администрација на Џо Бајден и Камала Харис треба да работи со Брисел…
Групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент го повикаа премиерот на Бугарија, Бојко Борисов да го повлече ветото за усвојување на преговарачката рамка на Европската Унија (ЕУ) со С. Македонија. Bulgaria’s @BoykoBorissov must stop his disgraceful blockage of enlargement process just to save his coalition with hard-line nationalists. Accession negotiations with North Macedonia should be started before the end of the year.@katipiri @tpicula @schieder @tfajon pic.twitter.com/5jzPcU8UV8 — S&D Group (@TheProgressives) December 8, 2020 – Бугарскиот премиер Бојко Борисов мора да ја прекине неговата срамна блокада на евроинтегративниот процес, само за да ја сочува неговата коалиција со тврдокорните националисти. Пристапните…
Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека ако се сака да се дојде до решение, двете страни мора да испраќаат меки пораки. -Имаме уште два дена, но од она што се знае, пробив нема. Ставовите на Бучковски се исти со нашите ставови. Тој е специјален претставник и не смее да има ставови различни од државниот врв. А, тоа е дека има црвени линии за кои не смее да се преговара. Мој став е дека веднаш по враќањето на Бучковски од Бугарија, мора да се врати назад да ме информира мене, премиерот и лидерот на опозицијата, се…
Министерот за европски прашања, Михаил Рот, и претседавач на денешниот состанок за општи работи на ЕУ, е уверен дека ќе се изнајде решение за преговарачката рамка за Северна Македонија најдоцна за време на португалското претседателство, јави дописничката на МИА од Брисел. Михаил Рот попладнево потврди дека поради една земја членка, Бугарија, денеска не се усвоени преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија, и дека тој е лично разочаран поради оваа ситуација. -Европската Комисија предложи преговарачка рамка, прашањето е кога, а не дали таа ќе биде усвоен. би сакал да испратам малку оптимизам, само една земја не се согласи за преговарачката…
Република Бугарија стави вето на почеток на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија и со тоа застана на патот на нашата европска интеграција за која во повеќе наврати институциите на ЕУ и сите останати земји членки одделно, вклучувајќи ја и Бугарија, потврдија дека целосно ги исполнуваме условите, велат во соопштение од Владата на Република Северна Македонија. Во продолжение владиното соопштение: Северна Македонија никогаш нема да се откаже од правото на самоопределување на македонските граѓани кое е гарантирано со Повелбата на ООН, Универзалната декларација за човекови права, Европската конвенција за човекови права, Лисабонскиот договор како уставна основа на ЕУ и…
Европската народна партија, ЕПП, нема коментар за блокадата на владејачката партија во Бугарија, која е и членка на ова политичко семејство во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Откако сите најголеми политички партии во Европскиот Парламент повикаа да се деблокира ситуацијата во Советот на ЕУ и Бугарија да го крене ветото за преговарачката рамка со Северна Македонија, МИА побара реакција и од Европската народна партија, единствена која до сега молчеше на оваа тема. Во Европската народна партија членуваат владејачката ГЕРБ на бугарскиот премиер Бојко Борисов, како и македонската ВМРО – ДПМНЕ. На прашање кој е ставот на ЕПП, најголемата…
Од кабинетот на претседателот Пендаровски, во врска со понудата за алтернативно членство за државите од Западниот Балкан во Европската економска зона (ЕЕЗ), денеска со појаснување дека тоа било идеја која во Брисел циркулирала во октомври минатата година кога отворањето преговори за Македонија беше одложено заради усвојување на новата методологија. На денешната реакција и толкување од опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека ваквиот чин е антидржавен, од кабинетот на Пендаровски со објаснување дека тој и тогаш и сега смета дека никаква алтернатива на членство не треба да се прифаќа, а како што вели, тоа на 20 октомври 2019 година било прифатено на средба меѓу…