Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
По повод Меѓународниот ден на трудот – 1 мај, генралниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, упати честитка до граѓаните на Република Северна Македонија. -Почитувани, во мое и во име на СДСМ ви го честитам 1 мај – Меѓународниот ден на трудот. Токму работниците и нивниот труд се двигател на секоја економија, двигател на општествениот развој. Во годините во кои ја предводиме Владата, како одговорна социјалдемократска партија презедовме низа чекори за унапредување на статусот на работниците. Ја зголемивме минималната плата од 9.000 на 15.200 денари и ја за израмнивме за сите стопански гранки за вработените во текстилната, кожарската у чевларската индустрија…
Без групирања и со оддржување на физичка дистанца како што налагат протоколите против Ковид-19, денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), го одбележа Денот на трудот – 1 Мај. Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, во својот говор пред членовите на сидникатот, изјави дека кризата само ја забрза потребата да се обезбедат приоритетите на работниците во државата, а тие синдикатите здружени во ССМ бараат на работниците да им се гарантира пристојна работа и место во општеството кое го заслужуваат со својот придонес и труд. – Бараме донесување на нов закон за работни односи со европски стандарди кој ќе содржи договорите за…
Бруто домашниот производ на САД забележа силен годишен раст од 6,4 проценти во првите три месеци од 2021 година, според првичните податоци на владата. Ова извонредно закрепнување од минатогодишната длабока рецесија предизвикана од пандемијата „Ковид-19“ беше поттикнато од посилни приватни трошоци и пакет државна помош за економијата и граѓаните, пренесува АП. Владата и економските кругови очекуваат резултатите за тековниот квартал да бидат уште подобри. Некои аналитичари проценуваат дека растот во април-јуни може да достигне 10 проценти или повеќе од една година, поттикнат од зголемувањето на бројот на луѓе кои патуваат, купуваат, јадат во ресторани и продолжуваат со потрошувачките навики како…
-Дозволете во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија да им го честитам 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот. Оваа година работникот и неговиот трудот како никогаш до сега е девалвиран и потценет. Оваа година е најцрната економска година за Македонија. За една година во Македонија има над 60 илјади нови невработени, преку 6000 компании кои ставија клуч на своите врати и скоро 600 илјади лица живеат во сиромаштија. Згора на сето тоа животот станува се поскап, цените на основните намирници растат, поскапуваат горивата и струјата, а со тоа и трошоците на секое…
По повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, претседателот на Собранието Талат Џафери, упати честитка во свое лично име и од име на колегите пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. – Денес, кога светските економии трпат последици од пандемијата со КОВИД-19, тешкиот товар се сведува врз плеќите на работниците и секој се справува онака како може. Затоа да се потсетиме дека, не само на 1 Мај туку, во сите наредни 364 дена од годината силно да се залагаме за почитување на работничкиот труд, за заштита на работното место, за достоинствена плата и вреднување на работата на секој поединец, вели…
Со паролите „Да живее 1 мај“ и „Правда за работничките права“, раководството на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска пред Владата на Северна Македонија јавно ги искажа своите барања и незадоволства во однос на работничките права. – Раководството на КСС инспирирано од нашиот протест и прес-конференции организирани во изминатиов период, денеска до Владата ќе достави првомајски манифест со нашите барања. КСС изразува огромна загриженост за лошата економска и социјална положба на работниците, особено во време на пандемија кога голем број работници ги изгубија своите работни места, изјави Благоја Ралповски, претседател на КСС. Ралповски истакна дека кризата уште еднаш…
Светската здравствена организација (СЗО) ја одобри вакцината против ковид-19 на компанијата „Модерна“ за итна употреба. Тоа е петта вакцина одобрена од СЗО, со што ќе се забрза одобрувањето за употреба на овој препарат и од страна на националните агенции задолжени за контрола на лекови. Во извештајот на СЗО се наведува дека целта е лековите, вакцините и дијагностичките средства да бидат подостапни во што пократок рок. Марињела Симао, асистентка на генералниот директор на СЗО, изјави дека е многу значајно да се имаат на располагање поголем број одобрени вакцини против коронавирусот, со што ќе се надминат доцнењата во испораките до корисниците. СЗО…
1 Мај – празникот на работничките и работниците и оваа година го одбележуваме во посебна состојба заради условите што ги наметна пандемијата. Освен здравјето на луѓето, кризата се закани да загрози илјадници работни места. Токму затоа, на прво место на економските приоритети на Владата, уште од почетокот на пандемијата беше македонскиот работник – обезбедивме поддршка за да се зачуваат илјадници работни места, за илјадници вредни работници редовно да земаат плати и да однесат приход во своето семејство, наведува премиерот Зоран Заев во видео обраќање со кое го честита Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај. – Работните места на прво…
Сметам дека е добар сигнал, членовите на Владата и јавните личности да се вакцинираат со таа вакцина која ја имаме во најголеми количини, а тоа сега е кинеската вакцина на „Синофарм“, вели министерот за здравство, Венко Филипче, во вечерашното интервју на „360 степени“. -Немам никаков проблем, ниту пак преферирам некоја вакцина, сметам дека вакцината на „Синофарм“ е сосема солидна – рече Филипче. Тој додаде дека членовите на Владата се очекува да започнат со вакцинација кон крајот на следната недела. „Како дел од критичната инфраструктура, членовите на Владата треба да се вакцинираат после пратениците. Собранието како институција заврши со првата фаза,…
Она што сега му треба на регионот е европска перспектива, а не да дискутираме за проблеми од историјата. Словачка е силен поддржувач на процесот на проширување на Западен Балкан, вклучително и на Северна Македонија и на Албанија. Сметаме дека ова е важен процес не само за регионот, туку и за самата Европска Унија и затоа Словачка е една од најгласните земји кои секогаш се обидуваат да ја туркаат оваа агенда, вели во интервју за МИА словачкиот заменик-министер за надворешни работи Мартин Клус. Клус е оптимист за почеток на првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ во првата половина на…
Неисплатени или намалени плати, притисок врз работниците да потпишуваат спогодби за престанок на работниот однос, злоупотреба на државната помош за исплата на плати и непочитување на Законот за безбедност и здравје при работа, се дел од прекршувањата на работничките права со кои работниците годинава ќе го прослават Меѓународниот ден на трудот. Двата најголеми синдикати, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), во изјава што МИА ја побара по повод 1 Мај, посочуваат дека во изминатите две години евидентено е кршењето на работничките права уредени со Законот за работни односи и со колективните договори. Забележан е…
Министерот за здравство Венко Филипче, најави дека ќе се вакцинира со кинеската вакцина „Синофарм“ која во земја пристигна утрото во пратка од 200.000 вакцини, кои се купени со директни преговори со производителот. – Би сакал да бидам пример и да ги уверам граѓаните дека кинеските вакцини се безбедни и затоа би сакал да го дадам мојот личен пример. Веројатно тоа би можеле да го организираме и следната недела – рече Филипче. Министерот за здравство најави дека во наредниот период ќе стигнат уште 500.000 вакцини на „Синовак“, 100.000 вакцини од „Синофарм“, како и уште 26.000 од „Фајзер“.