Author: Нова ТВ

Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во денешното онлајн вклучување на радио Канал 77, каде гостин беше и македонскиот премиер Зоран Заев рече дека историски факт е дека бугарската власт и цар биле сојузници на Германија и Хитлер, но тоа не значи дека Бугарите треба да бидат нарекувани фашисти. Се осврна и на масакрот во Ваташа, кој според него не се случил бидејќи населението било македонско, туку поради војувањето на државата и комунистите. Вели таков случај имало и во централна Бугарија каде бугарската полиција убила 12-13 деца. -Бугарската власт и бугарскиот цар биле сојузници на Германија и на Хитлер. Тоа е историски…

Read More

„Грозно е ова што го прави ВМРО ДПМНЕ. За тоа како се однесува опозицијата навистина целиот наш народ кажа, гледа, јас искоментирав јавно дека е грозно чуството да се блокира законот за помош на пензионерите, на самохраните родители, на невработените граѓани на кои што треба да се помогне, закони од здравствена заштита да се блокираат во собранието тоа е апслутно недозволиво и го кажувам дека е грозно и овде нема никаква политичка прагма, оправданост или било што.“- ги коментираше Заев протестите на ВМРО ДПМНЕ во интервјуто на Канал 77. Тој уште еднаш потврди дека за јазикот и идентитетот не се…

Read More

Група бугарски интелектуалци меѓу кои повеќето се историчари, психолози, социолози, експерти за човекови права со писмо му се обратија на бугарскиот премиер Бојко Борисов. Обединети преку Бугарската заедница за либерална демократија (БОЛД) во отвореното писмо во кое тие се потпишуваат со име и презиме зборуваат за меѓувладиниот договор меѓу Бугарија и Република Северна Македонија (Договор за пријателство, добрососедство и соработка). Во писмото велат дека изразуваат, како што велат зголемена загриженост дека по период на кратко подобрување на односите меѓу двете земји политичките елити од двете страни дозволиле пресврт во односите. „Исклучително загрижувачки е фактот што Република Бугарија го блокираше почетокот на…

Read More

„Прагматичноста во политиката, тоа е патриотизам, кога двајца премиери од Грција зборуваат за македонска држава, за македонски јазик, за македонски идентитет. Никаде не сум избегнувал да ја користам придавката македонски. Секаде и секогаш правам голема афирмација за Македонците, македонскиот народ, тоа што е македонско, македонска, секаде. -И поранешниот и сегашниот премир на Грција зборуваат за Македонци и македонски јазик, тоа не беше пред 100 години, какви што ги знаевме позициите на Грција, тоа е прагмата и трпението, но и патриотизмот во политиката, од оние кои што те негирале комплетно да направиш и пријатели и да ти го почитуваат тоа што…

Read More

Дезинформациите остануваат моќна сила кои ги нарушуваат состојбите во внатрешната политика во Северна Македонија, иако по промената на власта, тие се истуркани на маргините, се наведува во студија објавена на страницата на Европскиот парламент. Студијата е изработена од страна на Генералниот директорат за надворешна политика на Европската Унија по нарачка на Европскиот парламент и објавена на неговата интернет-страница под наслов „Мапирање на лажните вести и дезинформации на Западниот Балкан и идентификување начини за борба со нив“. Во неа поименично се наведуваат медиумите финансирани од унгарски бизнисмени во Северна Македонија како главни извори на дезинформации, но исто така се посочува и на…

Read More

Пристапниот процес во ЕУ треба да се базира на принципи, а Северна Македонија има направено доволно реформи да го оправда одржувањето на првата Меѓувладина конференција, изјави за Гласот на Америка Метју Палмер, заменик-помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, нагласувајќи дека билатералниот спор со Бугарија треба да се решава надвор од пристапниот процес. Тој се надева дека ќе се постигне договор првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија да се одржи за време германското претседателство. „Северна Македонија има направено доволно за да се квалификува за Меѓувладината конференција, и мислам дека мнозинството членки на ЕУ се јасни во тоа. Ќе…

Read More

„Македонската влада е свесна дека треба да изготви патоказ за да покаже дека е цврсто посветена на спроведувањето на Договорот за соседство со Бугарија“, изјавил поранешниот премиер и актуелен специјален пратеник за Бугарија, Владо Бучковски во интервју за „БНР“. Тој посочува дека тимовите на министерствата за надворешни работи напорно работат на формулацијата. „Можеме да покажеме дека без поддршка од никого можеме да го решиме спорот, иако во моментов имаме голема поддршка од Германското претседателство. Сметам дека ние од Западен Балкан, соседи кои имаме заедничка историја, можеме да најдеме решение за нашата заедничка иднина“, изјавил Бучковски за бугарскиот медиум.

Read More

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот македонски кој што го означува нашиот идентитет, додека Зоран Заев упорно не убедува дека не преговара за идентитетот и историјата, напиша во објава на Фејсбук лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а по денешната прес-конференција на заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања. Бугарската страна, дополнува Мицкоски, кажува дека за придавката македонски се разговара на повисоко ниво што во превод би значело дека Заев тргува. – Та нели се беше во главата на вморвците? Поддршка за нашите историчари да опстојат на вистината. Лажеше додека се колнеше во…

Read More

„Во оваа фаза за прочистувањето на правосудниот систем не сме зборувале со опозицијата, прво се консултираме со Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, а потоа целата работа ќе оди во собранието и тогаш ќе се вклучи и опозицијата. Но, овој процес не сакаме да биде политички, туку да има мерливи критериуми, општо прифатени.“ изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, во вестите на Сител. Во контекст на прочистувањето напомена дека Концептот е во завршна фаза и наскоро ќе биде објавен во јавноста. „За првите 100 дена од Владата рековме дека ќе го подготвиме Концептот за прочистување во судството, затоа што…

Read More

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешниот протест на партијата говорејќи пред присутните направи лапсус. На крајот на говорот тој извика „да живее Зоран Заев”, присутните останаа збунети, а портпаролот проба да ја вади ситуација, па извика „Зоран Заев не може да живее”. Подоцна, на официјалниот стрим на партијата, делот со обраќањето е избришан.

Read More

Не се постигнати нови заклучоци по дводневното заседавање на заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу С Македонија и Бугарија. Членовите на Комисијата заглавиле на една техничка пречка и една суштинска точка. Како што информираа копретседавачите на Комисијата, Ангел Димитров и Драги Ѓоргиев на прес- конференцијата, не е направен никаков напредок. Македонската страна одбила да ги потпише и записниците од деветтиот и десеттиот состанок (досега се одржани 11), бидејќи нивните бугарски колеги одбивале да се користи придавката – македонски. „Резултатот од 11. средба е нула. Немаме направено ниту минијатурен чекор. Една од причините за тоа, иако изгледа техничка, сепак…

Read More

Министерство за надворешни работи на Данска ги демантира вестите дека го поддржува ветото на Бугарија за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, велат од данското Министерство за САКАМДАКАЖАМ.МК. „Информациите објавени во бугарските медиуми кои укажуваат на тоа дека Данска се приклучила кон ветото на Бугарија за пристапните преговорите на Северна Македонија во ЕУ не се точни. Данска ги поддржува актуелните предлози на Европската Комисија во однос на преговарачката рамка со Албанија и со Северна Македонија и тоа многу јасно го соопшти на сите форуми за преговори. Данска е подготвена да ги прифати овие преговарачки рамки. Данска, дополнително, ја…

Read More