Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Она што како лекција мора да го научиме е дека заедно со процесот за вакцинација, примената на толку едноставните мерки за заштита од Ковид-19 е од круцијално значење за спречување на пандемијата, вели директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ. Таа во гостување во вестите на телевизија Сител изјави дека не очекува олеснувањето на мерките за време на велигденските и првомајските празници да резултира со зголемување на бројот на новозаболени од Ковид-19, бидејќи, како што нагласи, станува збор за многу кус период. – И покрај олеснувањето на мерките, тоа не значи дека не треба да се…
Фајзер и БиоНТек потврдија денеска дека Европската агенција за лекови (ЕМА) понделе барање за проширување на примената на нивната вакцина против коронавирусот кај деца на возраст од 12 до 15 години. Компаниите, претходно овој месец, поднесоа слично барање до регулаторното здравствено тело во САД за својата вакцина, која е веќе одобрена за употреба кај луѓето на возраст над 16 години и во САД и во ЕУ. Нивното барање е врз основа на позитивните резултати од клиничкото испитување во доцна фаза, кое опфатило 2.260 учесници на возраст од 12 до 15 години, соопштија Фајзер и БиоНТек. Директорката на американскиот Центар за…
Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји в понеделник со посета на Србија ја започнува турнејата низ земјите од Западен Балкан, со чии официјални претставници ќе разговара за одговорот на пандемијата и за поддршката на ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград. Како што информира Европската комисија, во вторник Вархеји ќе ги посети Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, а потоа в среда ќе престојува во Албанија и Косово. Турнејата на Вархеји низ Западен Балкан е по повод доставувањето на првите вакцини против Ковид-19 со финансиски средства од Европската Унија. Вархеји истакна дека патува во земјите од Западен Балкан…
Министерот Венко Филипче по пристигнувањето на 200.000 вакцини на компанијата „Синофарм“ од Кина изрази голема благодарност до кинескиот амбасадор во земјава Џанг Ѕуо, но и до неговиот тим, кои секојдневно се ангажирале за да стигнат вакцините во земјава. Тие веќе се доставени во ладната соба и со запазување на ладниот ланец ќе бидат дистрибуинарни до сите вакцинални пунктови во земјава. До крајот на месецов ќе има пунктови и во Велес и Прилеп, соопшти Филипче. – Процесот на имунизација во земјава ќе тече според пријавите на граѓани за вакцинација според возраста. Граѓаните кои се пријавиле на вакцинација.мк ќе добијат или смс…
За време на претстојните празници прв приоритет е почитување на мерките. Пожелно е да се тргнеме од турканици, да држиме дистанца, а во храмовите задолжително да се носи заштитна маска. Инаку, сите досегашни напори ќе бидат залудни доколку се заборави опасноста од вирусот. Ова се дел од препораките кои вчера до граѓаните ги упатија премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче како и Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи. Премиерот вчера излезе со апел, за 1 Мај и за другите празници да бидеме на отворено и да ги избегнеме затворените објекти. -За претстојните празници прв приоритет…
Велигден, денот на Христовото воскресение, е празник на животот и настан што ја промени историјата на светот. Воскреснатиот Господ е почеток и крај, и под небото нема друго име со кое би можеле да се спасиме. Оттаму Христовото Воскресение е нашата непоколеблива надеж, зашто „од смртта кон животот и од земјата кон Небото, Христос Бог нè преведе“. Затоа, животот на секој христијанин, треба постојано да се напојува и да се храни од верата во славното Христово Воскресение, истакнува во велигденското обраќање архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. И тој неповторлив настан, посочува г.г. Стефан, не треба да се доживува како…
Утрово во земјава пристигнаа 200 000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“, информираше министерот за здравство Венко Филипче. Вакцините се купени во директни преговори со производителот. Со пристигање на вкупно 200.000 вакцини на „Синофарм“, по велигденските празници и официјално ќе започне масовна имунизација на населението. Според пресметките на здравствените власти досега се вакцинирани вкупно 60 000 граѓани, а надлежните уверуваат дека од следната недела дневно ќе се вакцинираат по 10 000 граѓани, без да се создаваат гужви. Светската здравствена организација најави дека планира наскоро да донесе одлука за итно одобрување на кинески вакцини против ковид-19 на „Синофарм“ и „Синовак“. Списокот на…
Реално во овој момент не можеме да направиме многу. Ние сме подготвени, но од другата страна немаме соговорник со полн легитимитет за да ги заокружиме преговорите со Бугарија, оцени вечерва специјалниот претставник на Владата, Владо Бучковски. На гостувањето во централниот дневник на телевизија Сител, Бучковски рече дека развојот на настаните во Бугарија навестува дека таа навлегува во сериозна политичка криза, а во следните три месеци ќе има техничка влада која ќе биде предложена од претседателот Радев. – Сето тоа невестува дека во периодот што претстои ќе јакне улогата на претседателот Радев. Ние досега имавме редовни контакти со него и со…
Министерот за здравство Венко Филипче попладнево на својот фејсбук профил напиша дека се неразбирливи ставовите на Владиката Петар, а уште помалку реториката со која ги отфрла препораките за заштита од коронавирусот за време на велигденските празници. -Почитуван Владико, како верски авторитет вие треба да бидете пример и први да застанете во заштита на здравјето на граѓаните. Вие први не треба да дозволите да ни се повторат грешките од минатото. Зачудува вашата негрижа за можните последици и ризиците кои ги носат одредени верски обичаи. Додека останатите верски институции во соседството и пошироко ги преземаат сите мерки прилагодувајќи ги обичаите, вие го…
Откако се случи блокадата од Бугарија, ќе го обновиме предлогот да се вклучат неколку експерти од страна во работата на комисијата историчари, но и да се разграничи што е историски, а што политички критериум за влез во ЕУ, изјави претседателот Стево Пендаровски во гостувањето на телевизија Канал 5. Пендаровски појасни дека сакаат да предложат како понатамошен пристап во преговорите, да се разграничи што е историја, а што политика во барањата од Софија, односно дали ние не ги исполнувале условите за почеток на преговорите од историски или од политички причини. – Ако барате да се разговара за владеење на правото, дајте…
Првата фаза од процесот на издавање безбедносни сертификати за над 220 функционери и раководители во служби и министерства кои имаат контакт со класифирани информации треба да заврши наредниот месец, најави претседателот на државата Стево Пендаровски, во интервју на телевизија Канал 5, зборувајќи за неговата посета на Брисел. Во однос на шпекулациите за имиња кои не поминуваат, Пендаровски рече дека станува збор за осетливи безбедносни прашања и не е добро да се шпекулира, ниту за државата, ниту за тие луѓе. – Тоа не се шпиони, ниту криминалци. Тие луѓе ќе останат во министерствата, каде што се, но на друго работно место…
Рано наутро во 5 часот во земјава стигнуваат 200 000 вакцини „Синофарм“, за што Министерството за здравство најавува настан во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје. На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо. Од Министерството посочуваат дека вакцините се купени во директни преговори со производителот. По Велигден, започнува вакцинацијата со „Синофарм“, секој понеделник во мај ќе доаѓаат вакцини од „Фајзер“, најави Филипче. Светската здравствена организација најави дека планира наскоро да донесе одлука за итно одобрување на кинески вакцини против ковид-19 на „Синофарм“ и „Синовак“. Списокот на вакцини…