Author: Нова ТВ

Вицепремиерот Артан Груби истакна дека гражаните треба да го поддржат премиерот Зоран Заев во текот на преговорите со Бугарија. Груби истакна дека идентитетот на Македонците нема да се промени и тие нема за што да стравуваат. – Сакам да дадам огромна поддршка до премиерот Зоран Заев во неговите напори да се откочи нашиот пат кон Европската Унија и се сеќавам на истите вакви реакции и кога се постигнуваше договорот со Грција, Преспанскиот договор. Дел од граѓаните имаа исто вакви реакции, но денеска после две години сите го славиме наше членство во НАТО и сите гледаме дека нашите сограѓани останаа Македонци,…

Read More

Службите на ЈП „Градски гробишта“ по налог на Општина Огрид поставија нова плоча со натпис на споменикот „Солза на Роза“, кој е подигнат во чест на загинувањето на бугарските туристи во бродската несреќа, откако истата беше вандализирана од непознат сторител. Споменикот „Солза на Роза“ беше поставен годинава по повод одбележувањето на единаесет годишнината од несреќата на бродот „Илинден“ во која загинаа 15 бугарски туристи. Бугарски туристи настрадаа на 5 септември 2009 година.

Read More

– Можеби единствените кои немаат право да говорат многу за нашата антифашистичка борба е токму партијата којашто изгради кариера зборувајќи и работејќи против антифашизмот. Тоа се истите луѓе коишто уништуваа споменици на наши херои, истите коишто го избркаа Сојузот на борци на улица и истите кои што се трудеа да фрлат идеолошка сенка на таа горда епизода во нашата историја, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска во одговор на новинарско прашање околу најавата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за барање на доверба за премиерот Зоран Заев, по неговите изјави за бугарски медиум. Таа нагласи дека опозицијата има апсолутно право да поднесува иницијативи…

Read More

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на  воздухот, прагот на алармирање за PM10  загадувачки супстанции  е надминат на мерните места во Тетово, Куманово и Кавадарци. Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и единиците за локална самоуправа каде има епизода на алармантно загадување на воздухот. Затоа, Владата донесе одлука да стапат во сила соодветни препораки и мерки: • Да се препорача…

Read More

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вели дека во владата постои оптимизам дека ќе се реши спорот со Бугарија, но оптимизам и волја е потребно од двете страни. Таа порача дека како Влада ќе направат сè за да се најде решение, но не на сметка на нашите црвени линии. „Сите во владата сме генерално оптимисти бидејќи се покажа дека оптимизмот не турка кон решение на проблемите. Меѓутоа нашиот оптимизам па и нашата добра волја не е доволна затоа што за да решите еден спор потребно е волја, оптимизам, активност, желба на двете страни и затоа не би сакала да прогнозирам. Она…

Read More

Честопати ме прашуваат што прави опозицијата во пандемијата. Опозицијата лаже и опструиура. Кревети и кислород има затоа што макотрпно работиме да ги обезбедиме. Повели на Клиниката за уво, нос и грло на пример, најновото спремно Ковид одделение. Срамни лаги од лидер на партија, напиша министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи, по повод обвинувањата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Честопати мене ми велат: Добро еве критикувате, вие што ќе понудите? И наједноставен одговор на тоа прашање е: Кревети нема, кислород нема, погледнете во болницата во Битола паравани нема помеѓу луѓето што го загубиле животот и оние што примаат…

Read More

Мерките за заштита од вирусот даваат резултати и доколку се почитуваат, дополнителни не се потребни, рече министерот за здравство Венко Филипче. Тој вчера соопшти дека врвот на епидемијата е достигнат пред една недела и од тогаш бројките се стабилизирани. Групирањето во домашни услови останува ризик, рече, укажувајќи дека огромен дел од ефикасноста на мерките зависи од свеста на граѓаните. – Бројот на нови позитивни случаи три недели во континуитет е прилично еднаков, нешто што го нотира и СЗО, а тоа е дека бројот на нови случаи забавува.  Практично сме на ниво на едно плато, што е доказ дека Р0 факторот…

Read More

Радмила Шекеринска, министерката за одбрана и потпретседателка на СДСМ, на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање рече дека не е точна тезата дека скопското крило на владеачката партија не му дало доволна поддршка на претседателот Зоран Заев по писмото испратено од поранешниот лидер Бранко Црвенковски. Министерката, која го презентираше буџетот на Министерството за одбрана за 2021,  рече дека не треба да се мешаат партиските со државните интереси, односно не сака да ја меша партиската со владината политика. – Она што ќе го кажам е да ве замолам да не ја правиме грешката на која бевме жртви 10 години. Да не ја…

Read More

Несовесни граѓани деновиве ја оштетиле плочата од споменикот „Солзата на Роза“ посветен на на жртвите од несреќата на бродот „Илинден“, сите бугарски државјани, кој беше откриен на 5 септември годинава, во близина на полициската станица и армискиот центар за обука на вода, кај каналот Студенчишта. Инцидентот кој се случува во време на затегнати политички односи со соседна Бугарија, остро го осуди јавноста во Охрид, како и општината. – Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам јавна осуда до несовесните граѓани кои во текот на претходните денови извршиле оштетување на споменикот „Солза на Роза“, кој беше поставен…

Read More

По речиси три децении надлежните институции почнаа со активности за реставрација на црквата Св.Ѓорги во Курбиново. Конзерваторско – реставраторски активности ги почна Завод и Музеј – Битола, соопшти министерката за култура Ирена Стефоска. Свети Ѓорѓи — главна и единствена манастирска црква на Курбиновскиот манастир, сместена над селото Курбиново, Преспа, во непосредна близина на Преспанското Езеро. Црквата е изградена во 1191 година (XII век), што се гледа од натписот над олтарот за време на владеењето на Исак II Ангел. Црквата е сместена на 1 километар источно од селото, подигната во втората половина на XII век. Во XVII век била запуштена, а во текот на XIX век била обновена.

Read More

Неодамна имав средба со мало друштво во кое беше присутен мој пријател од пред петнаесетина години. Одамна се немавме видено, и во меѓувреме очигледно е дека двајцата сме се развиле во различни правци, па сега веќе немаме многу заеднички разговори освен кои серии сме ги гледале. Со нас беа уште двајца пријатели, и тие мажи. Во еден миг, зборувајќи за себе и за моите стравови и ограничувања во јавниот простор, спомнав за предизвиците што жените ги имаат при движењето надвор од домот, и како постојано сме во навикнат грч штом излеземе надвор. Мојот пријател од раната младост преврте со очите…

Read More

Недвосмислено стојам зад премиерот Зоран Заев и неговите искрени намери во отворање на патот за почеток на преговорите, вели министерот за правда, Бојан Маричиќ. Во интервју за „Еурофокус“ на ТВ Телма, Маричиќ нагласува дека земјава изоди многу долг и мачен пат за да дојде до точка на почеток на преговорите и ова, според него, е уште еден дополнителен екстра напор за отворање на перспективата и за движење на државата во иднина. -Овој процес не е ниту едноставен, ниту лесен. Мислам дека премиерот дообјасни многу од неговите ставови наредниот ден по интервјуто, вчера. Јасно и недвосмислено кажа дека можеме да разговараме…

Read More