Author: Нова ТВ
Премиерот Зоран Заев одржа онлајн средба со шефицата на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за нашата земја, Берглјот Бјорнсон Баркбу, резидентната претставничка на ММФ за Западен Балкан, Штефани Ебле и економисти на ММФ во Вашингтон, како дел од редовните годишни консултации со цел информирање за економските изгледи, фискалната и монетарната политика како и финансиската стабилност во земјава. Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев на состанокот потенцирал дека соработката со ММФ е значително важна од повеќе аспекти, меѓу кои и мониторингот на економските перформанси на нашата земја. Од ММФ оцениле дека реализација и вложувања во капиталните инвестиции во следниот период…
Ставот на Владата е дека сѐ уште не е дојдено времето за полициски час, бидејќи мерките против ширењето на коронавирусот даваат резултати и ббудно се следи здравствената состојба, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи на денешната прес-конференција. „Сметам дека ставот на Владата е дека се уште не е дојдено времето за полициски час, мерките од здравствен аспект коишто се донесени даваат резултат, но секако ја следиме здравствената состојба и препораките на Комисијата за заразни болести ако е тоа потребно, ние ќе реагираме. Што се однесува до економските последици, тие се поврзани – колку повеќе го кратите времето на економските субјекти, толку повеќе…
Новиот албум на Влатко Стефановски – Taftalidze Shuffle со кој ја продолжува успешната соработка со најголемата дискографска куќа во регионот – Croatia Records, ќе биде објавен овој петок, 20-ти ноември. Станува збор за едно од најисчекуваните музички изданија во 2020-та година, не само во Македонија, туку и во целиот регион, кое минатата недела со синглот Огледало и тоа како ја заинтригира јавноста на овие простори. На новиот албум Влатко е придружуван од подмладеното Трио. Во нова ритам секција членуваат басистот Иван Кукиќ, како и неговиот син Јан Стефановски на тапани. Иако се млади, звучат со полн ентузијазам и шират оптимизам и енергија. И…
Изминативе седум дена, 3270 граѓани примиле бесплатна вакцина против сезонски грип во здравствените домови и општите болници низ државата, а 126 граѓани преку матичен лекар резервирале термин, но не се појавиле на закажаниот пункт, односно не дошле да се вакцинираат, соопшти Министерството за здравство. Бесплатна вакцинација против сезонски грип се врши на шест пункта на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, како и во здравствените домови во Велес,Неготино,Teтово, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Вевчани, Македонски Брод, Ростуше, Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Штип, Валандово, Куманово,Кратово, Крива Паланка, Берво, Делчево, Виница, Пробиштип, Пехчево, и Кочани. Вакцинација се врши во…
Претседателот Стево Пендаровски оценува дека бугарските барања се спротивни на европските вредности и оти воопшто не се содржани во Договорот за добрососедство потпишан во 2017 година. Во интервју за австриската ORF TV Пендаровски посочува дека истата политичка структура во Софија која го потпишала Договорот за добрососедство и која тогаш велела дека тоа е добар договор, сега со последните барања излегува од параметрите на тој Договор. – Никаде во Договорот од 2017 година нема ниту една единствена буква, а не член, не пасус, не преамбула, каков било дел, кој зборува дека ние треба да дебатираме во рамки на билатералните разговори за…
Направивме многу изминатите три години во насока на нашиот напредок на патот на европската интеграција. Потпишавме Договор со Грција, го сменивме Уставот и името на државата. Исто така го потпишавме Договорот за добрососедство со Бугарија во 2017 година. Со овие договори покажавме дека навистина можеме да се однесуваме со европски манири. И сега Бугарија се однесува спротивно на европските манири и бара од нас да се декларираме дека ние, Македонците имаме бугарски корени и дека нашиот јазик е западно-бугарски дијалект. Тоа не можеме да го прифатиме, истакна премиерот Зоран Заев за германскиот весник „Шпигел“. Весникот под наслов „Нација без дозвола…
Советот на амбасадори изрази жалење заради ветото што го постави Бугарија со што се блокира почетокот на преговорите на земјава со Европската унија. Во соопштението од Советот на амбасадори се наведува дека не може да се развиваат добрососедски односи меѓу земјите со негирање на минатото на народите, нивните јазични и културни вредности од позиција на примена на вето како екслузивно право на земја членка на Унијата кон земјите кандидати или аспиранти. – Со овој непримерен чин, Република Бугарија не се претстави пред светот како европски ориентирана земја која ги почитува и применува европските вредности и стандарди на самоопределување, човекови права,…
Се преземаат активности за зголемување на капацитетите за болнички третман на ковид пациенти, а во лекувањето се вклучува и дополнителен кадар од приватните специјализанти за да се одговори на потребите. Од денеска и на Очната клиника ќе се лекуваат заразени со Ковид-19. Вчера беа регистрирани 1.406 новозаразени и бројот на активни случаи изнесува 19.035. За актуелната ситуација со Ковид-19 денеска ќе расправа и Советот за безбедност. Новорегистрираните во претходното деноноќие се од направени 3.398 тестирања, починале уште 21 лице, а оздравиле 937 пациенти. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот…
ден ден по бугарското вето за официјален почеток на преговорите на земјава со ЕУ, лавина реакции во регионот и пошироко. Реакција стигна и од Европскиот парламент, кој смета дека блокадата од Бугарија за старт на преговори со Северна Македонија го попречува помирувањето во целиот регион. САД, пак, ги повикуваат Софија и Скопје да ги решат постоечките билатерални спорови надвор од пристапниот процес за да се постигне заедничката цел – членство на Северна Македонија во ЕУ. Владата, пак, дава шанса на процесот преку Договорот за добрососедство што го смета за одлична рамка за изнаоѓање решение, потенцирајќи дека македонскиот национален идентитет едноставно…
На иницијатива на премиерот Зоран Заев и на министерот за надворешни работи, Бујар Османи поведена е постапка за разрешување на Зоран Иванов од функцијата претседател и член на Надзорен одбор на Медиумската информативна агенција (МИА) поради недолична јавна комуникација и ширење говор на омраза кон владини претставници на соседот Република Бугарија. Ова вечерва е објавено на фејсбук профилот на Владата на Република Северна Македонија.
Досегашниот вршител на должноста Реис Шаќир Фетаху е избран за нов лидер на Исламската верска заедница во Македонија. Фетаху доби поддршка од 18 муфтии и раководители на исламскит верски заедници на денешната седница на Ријасетот, додека неговиот противкандидат Ќани Несими доби три гласа. Фетаху доаѓа на местото на Сулејман Реџепи кој во мај оваа година поднесе оставка. Најпрво Фетаху беше поставен за В.Д. Реис, а шест месеци потоа и официјално станува прв човек на ИВЗ.
Уставните судии со пет гласа „за“ и три „против“ на денешната седница донесоа одлука да се запре постапката за оценување на уставноста на членот 11-а Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година. Овој член од Законот предвидува претседателот на Републиката да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој закон, при што претседателот не е должен да ја образложи одлуката. Уставниот суд ја запре постапката за оценување на уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување, бидејќи смета дека тој е…