Author: Нова ТВ
Проследете ја церемонијата на доделување на наградата за човекови права за 2020 година од страна на Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС) на премиерот на Северна Македонија Зоран Заев
Портпаролката на Европската комисија (ЕК), Ана Писонеро, изјави дека Комисијата и натаму се надева дека преговорите со Северна Македонија ќе почнат што поскоро, но одби да ги коментира изјавите на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева поврзани за југословенската историја на земјава, јави дописничката на МИА од Брисел. По изјавата на Захариева дека “славењето на Тито“ е некомпатибилно со ЕУ, Писонеро порача дека Комисијата „не коментира коментари“, но додаде дека „условите за зачленување во ЕУ се прилично јасни“. Најавената блокада од Бугарија на утрешниот министерски состанок на кој треба да се усвои преговарачката рамка на ЕУ со Северна Македонија…
„Секоја глупост бара алиби, а ставот на Захариева не е ништо друго, освен глупост. Обидувајќи се да ја спаси позицијата на Бугарија, која мислам дека повеќе ѝ наштетува на Бугарија отколку на Северна Македонија, се обидува да ги измести тезите. Она што се случи во Скопје на 13, односно 14 ноември е изложба од Белгија со поставка за Тито и ништо повеќе. Сега, барајќи алиби за сопствената глупост се изместуваат тезите и се прават обиди да се објаснат необјаснивите позиции на Бугарија за почеток на преговорите на северна Македонија со ЕУ“, изјави Шилегов во разговор за бугарската ТВ Европа. На прашањето…
Висок дипломат од земја членка на ЕУ на брифинг со новинарите утрово порача дека од изјавите на бугарската министерска за надворешни работи Екатерина Захариева извесно е дека не може да се очекува Софија да се откаже од блокадата на стратот на преговорите на земјава со Унијата на утрешниот министерски состанок, но дека дипломатските напори продолжуваат, јавува дописничката на МИА од Брисел. – Сѐ уште веруваме дека има шанси да се усогласи преговарачката рамка, вели висок дипломат од земја членка на ЕУ, ова е пораката од Брисел ден пред министерскиот состанок на кој се очекуваше Северна Македонија да добие конечно датум…
Налетот на Ковид 19 ги полни црните статистики на сите држави во светот. Големата смртност не е исклучок ниту за државите во регионот кои тешко се справуваат со корона вирусот. Во последната седмица Босна и Херцеговина има 379 починати. Со високи бројки за последните седум дена се и Хрватска со 255, Грција со 322, Бугарија со 465 починати. Дури и Словенија, која се смета за поразвиена држава, имала 243 смртни случаи. Северна Македонија во овие седум дена има 169 жртви од Ковид 19, Србија имаше 119 починати. Изминатите седум дена се најцрни за сите држави во регионот, а прогнозите на…
Министерството за еконмија денеска почнува со реализација на пет мерки од четвртиот сет кои се директна поддршка за туристичките и угостителските работници кои беа погодени со пандемијата од Ковид-19. Мерките се донесени во консултација со приватниот сектор и сметаме дека ќе бидат многу значајна поддршка, најави министерот за економија Крешник Бектеши. Петте мерки, како што рече на денешната прес-конференција, се враќање на уплатената такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти, грантови за туристички агенции, грантови за категоризирани ресторани за свадби, грантови за игротеки и грантови за лиценцирани туристички водичи. -За реализација на сите пет мерки…
Комисијата за заразни болести денеска одржа состанок на кој не се предложени нови рестриктивни мерки за заштита од Ковид-19, потврдија за МИА од Министерството за здравство. Останува апелот за целосно и доследно почитување на мерките кои се на сила, како што се забрана за работа на угостителски објекти после 21 часот, групирање повеќе од четири лица во текот на 24 часа, како и максимално почитување на протоколите на сите економски оператори.
– Ова е непредвидливо време, и за нас и за целиот свет. Влезните инпути во буџетот се искористени максимално, секако со посебно внимание на здравствениот и економскиот аспект. Треба секоја криза да ја користиме како рестарт на македонската економија. Кризата е добра за планирање на хартија и за кроење стратегии. Има доволно пари за здравството, државата постои за граѓаните, да не се грижат за тоа. Ако не повеќе, барем првиот квартал од следната година ќе имаме здравствена криза, но ние сме тука. И стопанството да знае дека државата е тука, ќе даваме пари, да ги заштитиме работниците, да го заштитиме…
-Убаво е да знаат граѓаните значи грчката Влада нарача вакцини и за Албанија и за Северна Македонија на разговорот со претседателката на Европската комисија Фон Дер Лајен во петокот беше соопштено дека Европската комисија кога ке ја набавува вакцината за земјите членки ке набави и за 6-те земји од западен Балкан. Вакцините ќе ги добиеме заедно сите и паралено нема да зависиме од другите држави. Веке сме вградени во ковакс системот, парите се резервирани авансот ке го исплатиме највероајтно почетокот на декември, изјави претседателот на Владата, Зоран Заев.
Премиерот Зоран Заев во Берлин ќе ја прими Наградата за човекови права за 2020 година што му ја додели германската Фондацијата „Фридрих Еберт“. Наградата ќе му ја врачи министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, кој притоа ќе одржи и пригоден говор. По свечениот дел, предвидена е дебата со Заев на тема: „Како да ги заштитиме човековите права и мултилатерализмот во време кога овие вредности се под голем притисок“. Според фондацијата, Заев ја заслужил наградата како светол пример за унапредување на човековите права во регионот. -Успесите на Заев не се основаат само на фактот дека неговата Влада го потпиша…
Обезбедени се пари во буџетот за набавка на вакцини и лекови против КОВИД-19, соопштија во дебата на МТВ премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими.За вакцини против КОВИД-19 се планирани 390 милиони денари односно 6,7 милиони евра, а за лекот Ремдесивир 67,5 милиони денари. – Од кредитот со Светска банка 90 милиони предвидено е и за вакцина, а на годишните средби исто така кажаа дека дополнително ќе и дадат на државата само за вакцина. Значи, има обезбедени средства и доколку се покаже потреба за повеќе, засега има доволно средства предвидено за вакцини, рече Бесими. Премиерот Зоран Заев кажа…
Во неделата во вечерните часови МАНУ издаде промеморија во која ги нагласува државотворноста и идентитетот на македонскиот народ, како и посебноста на македонскиот јазик. Оваа промеморија доаѓа на само два дена од министерскиот состанок на ЕУ, на кој официјална Софија најави дека ќе го блокира усвојувањето на преговарачката рамка за Македонија, истакнувајќи редица барања кои ја поткопуваат историјата на македонскиот народ и посебноста на македонскиот јазик. Еве што пишува во промеморијата: „Имајќи ги предвид: – Повелбата на ОН и универзалните придобивки кои произлегуваат од неа, посебно член 1, став 2 кој го гарантира правото на самоопределување како темелно начело на…