Author: Нова ТВ
Лидерот на Партијата за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, синоќа на прес-конференција рече дека партијата загубила на локалните избори во Сараево, но победила во Босна и Херцеговина. Тој истакна дека СДА ги освои местата за градоначалници во 30 општини и останува убедливо најсилната партија во БиХ. На прашањето која е причината за поразот во Сараево, тој рече дека сè ќе се анализира. – Дека нешто се случи во Сараево, очигледно и се случи. Имавме силна опозиција која се обедини против нас, рече Изетбеговиќ, пренесе Аваз. – Резултатите се неофицијални на база на 90,95 отсто на пребројани гласови. Може да се…
Бугарија останува на тврдите позиции за македонската евроинтеграција и не дозволува да биде усвоена преговарачката рамка што треба да го отвори патот за одржување на првата меѓувладина конференција и старт на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Извесно е дека Софија во вторник на состанокот на Советот на ЕУ ќе ја блокира одлуката за почеток на преговорите. Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захарива вели дека Бугарија во оваа фаза не можеда каже „да“ за С Македонија. Официјално Скопје потврдува дека шансите за промена на ставот на Софија се мали, но оти сепак ќе се настојува до последен момент…
Фотографии од археолошки ископувања во Турција се злоупотребени за да се манипулира дека истите се направени во Северна Македонија и дека согласно Преспанскиот договор со археолошките локалитети во државава ќе управуваат на грчките археолози. Вистината е дека ниту фотографиите се направени во државата, а ниту пак постои таква одредба во Преспанскиот договор. На 12-ти ноември, фејсбук-страницата “Macedonian Coalition”, објави фотографии од археолошки ископувања, при што во описот тврди дека „според Преспанскиот договор археолошките локалитети во Македонија дадени се на управување на грчките археолози.“ Потоа се потенцира дека дури сега ќе се видело како изгледа легална кражба и извоз на македонското културно наследство,…
Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска беа во работна посета на ЈЗУ Општа болница – Струмица, каде заедно со директорот на болницата, Наќе Гогов, извршија увид на новото крило на болницата кое е опремено и наскоро ќе може да почне со работа. Како што истакна премиерот Заев, новото крило на Струмичката болница ќе се докомплетира со средствата од Светска Банка, наменети за оваа и за болниците во Тетово и Охрид. Во рамки на посетата премиерот Заев реализираше донација од своето семејство – амбулантно возило. „Ова е време кога секој треба да помага како и колку може.…
Бугарскиот министер за надворешни работи. Екатерина Захариева повтори дека Северна Македонија не е подготвена да започне преговори со ЕУ и го обвини Скопје за ширење омраза кон Бугарија. „Од една страна, не можете да сакате да влезете во ЕУ и да го демократизирате општеството, а во исто време да славите еден од најмрачните диктатори – Тито. Ако продолжиме да ги затвораме очите кон фактот дека оваа земја продолжува како што замислиле Тито и Сталин, ние со тоа и вршиме услуга на Москва“, рече Захариева. Таа го изјавува ова два дена пред седницата на министрите за надворешни работи на ЕУ, на…
Пандемијата на коронавирусот направи тектонски поместувања од она што некогаш значеше нормално функционирање. Сега се наметнуваат нови правила и ново нормално, а технологијата е таа која го презема приматот и го наоѓа својот пат во речиси секој сектор и индустрија. Тој пат речиси не го пронајде само кај третата власт. Во Кривичниот суд во Скопје каде се работат предмети од висок криминал, рочиштата се одвиваат по строги мерки за заштита од вирусот, но во последниот период се почесто се одложуваат, поради изолација или позитивни странки. Судењето преку интернет сè уште не е достапно, иако во пракса има можност за тоа.…
Однесувањето на бугарската влада кон Република Северна Македонија во последните години доведе до ситуација во која секој потег е губитнички. Ова за бугарското Радио Дарик го изјави поранешниот министер за надворешни работи Ивајло Калфин. Според него, во моментов постоеле основи за блокирање на Македонија, иако Бугарија нема да има корист од засилувањето на антибугарската реторика и изолацијата во Европската унија. Една од најголемите грешки е што експертска историска комисија има задача да решава политички проблеми, рече Калфин. Според него, излезот е билатералните прашања да се донесат на политичко ниво и да се дефинираат нејаснотиите во Договорот за добрососедство. Што е…
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) најостро го осудува говорот на омраза на кој бевме сведоци изминативе неколку дена против повеќе новинари и една невладина организација и ги повикува надлежните органи и институции, пред се МВР и ЈО веднаш да реагираат, за да се стави крај на ваквите напади бидејќи тие директно задираат во слобадата на изразување и слободата на медиумите . Во последниве неколку дена, новинарите Борис Георгиевски, Љупчо Поповски и Борјан Јовановски беа предмет на напади, омаловажувања, клевети и говор на омраза на социјалните…
Дури и да се отвори новото крило во струмичката болница ќе нема доволно персонал да работи во него, постојано предупредува директорот на болницата Наќе Гогов, но министерот за здравство Венко Филипче, вели дека со принципот на ротација се обезбедува доволно кадар, таму каде се отвораат нови капацитети. – Проблемот со кадар е присутен на територијата на цела држава. И сите болници дури и во Скопје го имаат проблемот во сите клиники. Има само 50-тина инфектолози. Затоа дојдоа на помош од другите градови интернисти и пулмолози кои дојдоа и помагаат на своите колеги на скопските клиники – рече Филипче. Додаде дека …
При денешната посета на струмичката болница, премиерот Заев, на новинарско прашање за последната изјава на Захариева изјави: „Јас сум убеден дека со позитивни одлуки градиме пријателство, со негативни одлуки градиме горчина. Не треба двата народи некој да ги ограничува, треба да ги зближи. Тоа е историски повик кон политичарите и кон нас македонските политичари и кон бугарските политичари. Двата народи се навистина со заедничко минато и од таа заедничка историја се развиле денешниот, македонскиот и бугарскиот народ. Зошто не е доволно заедничкото? Како тоа да биде заедничко и да биде бугарско ? Или да биде заедничко, а да биде македонско?…
Се поизвесно е дека Бугарија ќе ја блокира Северна Македонија и земјата нема да ги почне преговорите со Европската Унија и покрај позитивната одлука. Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е поприлично извесно дека Бугарија ќе ја блокира Северна Македонија, на состанокот на Советот на ЕУ во вторник. Но, Заев вели дека тој никогаш не губи надеж бидејќи одговорноста на политичарите е голема предупредувајќи дека ваквата одлука може да предвика развој на непосакувани настани на двете страни. -Јас сум подготвен и го подготвив македонскиот народ за евентуална блокада и за евентуално вето. И тоа е поприлично извесно. Ако кажете во…
Андреј Родионов, руски пропагандист, промотор на анексијата на Крим и словенското обединување под покровителство на Русија, беше во посета на Северна Македонија Започнувајќи од 2017 година, беше идентификуван модел на руско влијание преку прокси-медиуми и институции пред, или за време на клучните моменти за евроатлантските интеграции на земјата. Овој модел ги постави дезинформативните и пропагандистички наративи на Русија за кризите кои следеа. Во моментов, Северна Македонија прави напори да ги започне пристапните преговори со ЕУ, поради заканата за воведување на вето од соседна Бугарија. Евроатлантскиот пат на земјата, а особено нејзиниот прием во НАТО, беше отежнат поради руското мешање. Рускиот…