Author: Нова ТВ

Вилма Русковска од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, во интервју за „360 степени“ зборуваше за пријавите и за видео и аудиоматеријалите што пратеникот Антонио Милошоски ги достави до ова обвинителство, а имаа за цел да го инволвираат претседателот на СДСМ и сегашен премиер, Зоран Заев, во случувањата со предметот „Рекет“. Според нејзината изјава не постојат елементи на кривично дело од страна на Заев и затоа пријавите нема да се процесуираат. Најзастрашувачко е тоа дека доказите кои ги приложил Милошоски се лажирани, односно се користеле повеќе разговори за да се спојат во еден, изваден од контекст. „Се беше…

Read More

Рејтинг агенцијата „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг за нашата земја на ББ+, со негативен изглед, којшто главно ја отсликува неизвесноста поради вториот бран на пандемијата на ковид-19. Потврдувањето на кредитниот рејтинг првенствено се должи на кохерентноста на макроекономските политики, којашто ја поддржува стратегијата на фиксен курс на денарот во однос на еврото, како и на фактот што банкарскиот сектор и пристапот на економијата до надворешно финансирање се покажале отпорни на шокот предизвикан од коронавирусот. Соопштувајќи го ова, агенцијата подетално ги претстави и своите видувања за македонската економија во целина, како и очекувањата за претстојниот период. Меѓу другото, од „Фич“ истакнуваат дека здравите основи на банкарскиот сектор, заедно…

Read More

Група еколошки активисти формираа Иницијатива за забрана на пластични кеси. Екологистите поддржувачи на Иницијативата бараат од надлежните без одлагање да донесат законска одредба за забрана на пластичните кеси за пазарење и да воведат нови, вистински биоразградливи, според европските стандарди, а истовремено, кај потрошувачите да се поттикне создавањето навика за користење на платнени торби за повеќекратна употреба. – Забраната на дел од пластичните кеси е мерка за која сегашната Влада изрази намера да ја реализира. Забраната ќе се однесува на пластичните кеси што не се биоразградливи, додека во промет би продолжиле да се пуштаат биоразградливи пластични кеси при што нивната цена…

Read More

ЈП Водовод и канализација – Скопје, поддржано од Владата на Република Северна Македонија и основачот Град Скопје, е добитник на втората, сребрена награда на Sustainability Awards 2020, за проектот „Пречистителна станица за отпадни води – Скопје. Изборот е во организација на Европската Банка за Обнова и Развој, која повеќе од 10 години ги доделува наградите за одржливост и ги признава достигнувањата во пет специфични категории: одржлива енергија, климатска обнова и одржливост, еколошки и социјални практики, еколошка и социјална иновација и родова и економска вклученост. Проектот за пречистителната станица за отпадни води – Скопје ја освои втората награда во категоријата климатска…

Read More

Бугарскиот претседател Румен Радев бара да се отвори посебно поглавје во преговарачкара рамка за Северна Македонија во кое ќе бидат содржани сите критериуми за добрососедство. Според него, Бугарија пред се мора да ги брани својата историја, јазик и идентитет. – Никој освен ние самите не можеме да го направиме тоа. Убеден сум дека отворено соработувајќи со нашите соседи и браќа, ќе го најдеме вистинското решение, но бидејќи Договорот за добрососедство не води кон нив, имаме право да бараме други средства. Бугарија не е кандидат за членство, туку Република Северна Македонија. Таа мора самата да одлучи дали ќе продолжи со идеологиите…

Read More

На 9 ноември Република Северна Македонија официјално стана 13-та членка на Организацијата за црноморска економска соработка (BSEC), која се протега на два континента и економски поврзува над 350 милиони жители,  покрива три различни региони – Балканот, Кавказот и Црното Море, со површина од 20 милиони квадратни километри. Министерот за надворешни работи Бујар Османи по тој повод денеска на прес-конференција соопшти дека членството создава нови услови и можности за привлекување странски инвестиции и создавање дополнителни потенцијали за домашните бизниси, оособено оние што се извозно ориентирани. -Обемот на трговија во рамките на BSEC изнесува приближно 170 милијарди долари годишно. Важно е да…

Read More

Република Северна Македонија е единствената земја за која Европската комисија е категорична дека може да започне преговори. Ако земјата за која ЕУ верува дека е најдобро подготвена да го започне преговарачкиот процес повторно е блокирана поради билатерални проблеми, тогаш целиот регион ќе страда, оценува политичкиот аналитичар и основач на Европската иницијатива за стабилност, Гералд Кнаус. – Колку е опасно кога политичарите во регионот ќе престанат да веруваат во европската перспектива може да се види на друго место, источно од ЕУ, каде се водат војни и каде националистите тврдат дека ЕУ е „фата моргана“, вели Канус во интервју за Бугарското национално…

Read More

„Не сум слушнал дека некој ме обвинил за селективен пристап во борбата против корупцијата. Работиме чесно, искрено и тоа го знаат граѓаните. Не прифаќам етикети за селективност. Ваквата поставеност на системот мора да даде резултати, да оствари успех. Не сум чул дека правиме селекција и еве кажете случај за селективност ако знаете. Јас како вицепремиер ги координирам институциите кои се под извршната власт, оние чија надлежност е борба против криминалот, но тоа не значи дека ќе ги кооридинирам обвинителствата и судовите. Инстиуциите разочараа многумина, пред се младите, затоа сме во мисија да ја вратиме таа доверба.“ – изјави вицепремиерот Љупчо…

Read More

Полицијата по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција влегле  веледрогеријата„Др.Пановски“ со налог за пронаоѓање и одземање на документација, како и во пет други веледрогерии поврзани со предмет отворен за паралелниот увоз на лекови. Информацијата ја потврдија од МВР. „Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал постапува по Наредба издадена од страна на надлежен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со увоз на лекови. Се вршат проверки во неколку веледрогерии“, велат од МВР. Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција велат дека предметот бил отворен по…

Read More

Министерот за правда Бојан Маричиќ утрово оствари онлајн средба со еврокомесарката за вредности и транспарентност Вера Јурова, на која дискутираше за клучните реформи во областа правда. За време на разговорот, Маричиќ ги претстави преземените и планираните реформи во својот ресор и искажа надеж дека преговарачката рамка ќе биде усвоена во наредните неколку денови и дека во декември ќе ја имаме Првата меѓувладина конференција и почеток на преговорите со Европската Унија. Маричиќ, како што соопшти Министерството за правда, воедно истакна дека е во интензивна комуникација со сите релевантни чинители од правосудството во дефинирањето на приоритетите и обезбедување на нивното учество во…

Read More

По повод одбележувањето на 76-годишнината од ослободувањето на Скопје, на одбележувањето организирано од Град Скопје, денеска Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, а во придружба на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири положи свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел. Истовремено премиерот Заев преку социјалните мрежи го честиташе празникот потенцирајќи го херојството на 87 жртви и на 1200 борци од македонските партизански единици кои на овој ден пред 76 години на граѓаните на земјата им ја донесоа слободата и остварувањето на сонот за сопствена самостојна држава, а на градот Скопје титулата…

Read More

Американската амбасадорка во Скопје Кејт Брнз им честиташе на македонските фудбалери за пласманот на Европското првенство. -Честитки за историското квалификување за Европското првенство во фудбал. Силна страст и напори од целокупниот тим, кој им донесе радост на сите во земјата, напиша Брз на својот профил на Твитер. Заедно со напишаниот текст на постот е ставена и фотографија од фудбалската репрезентација. Congratulations for the historic achievement in qualifying for the European Football Championship! Great passion and efforts from the 🇲🇰 team, bringing joy around the country. pic.twitter.com/xANA7Mj8Lg — Ambassador Kate Byrnes (@USAmbNMacedonia) November 13, 2020

Read More