Author: Нова ТВ
Универзитетскиот професор Драги Рашковски нема да ја обавува функцијата генерален секретар на Владата. Оваа информација денеска ја потврди и премиерот Зоран Заев. -Драги Рашковски пред месец и половина си поднесе оставка од функцијата генерален секретар. Ќе има нов генерален секретар на Владата, се уште немаме донесено одлука кој ќе го замени Рашковски, изјави премиерот Заев.
Премиерот Зоран Заев и на денешната прес-конференција рече дека неговиот оптимизам во врска со спорот со Бугарија се должи на тоа што се прави се за да се најде решение, но истовремено и порача дека има работи за кои не се преговара никаде во светот, па нема да се преговара ниту тука. „Преку оптимизам испраќаме порака дека правиме сè за да постигнеме решение, јас сум истиот тој што пред месец дена на празникот 11 Октомври го запознав народот дека е можно да немаме решение односно дека е можно да не се одржи првата меѓувладина конференција помеѓу Северна Македонија и ЕУ.…
Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев како експликација на делот на Буџетот за 2021 година, кој се однесува на поголема разновидност и на дополнителни извори на приходи во државната каса ги наведе иницијативите за јавно приватно партнерство за хидроцентралата Чебрен, инвестициите во ветерници за производство на струја со јачина од по 30 мегавати во Богданци, во Гевгелија и Свети Николе како и во реализација на соларните електрани во Осломеј со вкупен капацитет од 100 мегавати. Премиерот Заев истакна дека една од извесните инвестиции во форматот јавно-приватно партнерство е предвидена и за ТЕЦ Неготино за нејзина трансформација во електро-централа…
Во последните 24 часа, 32 лица починаа од корона во Хрватска, а евидентирани се 3.082 нови случаи на вирусот. Премиерот Андреј Пленковиќ оцени дека Хрватска во моментов е во „најтешкиот момент на епидемијата“ и посочи дека е клучно граѓаните да ги почитуваат донесените мерки. „Во последните седум дена имаме 5,5 проценти повеќе заразени. Тоа е важно. Овие мерки ќе доведат до намалување на растот на инфекцијата”, рече Пленковиќ. Вкупно 16.348 лица во моментов се заразени со вирусот САРС-КоВ-2 во Хрватска. Меѓу нив, 1.598 пациенти се во болница, од кои 178 се на апарати за дишење.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска истакна дека постојат три компоненти со кои ќе се решава проблемот со загадувањето во Скопје. Првата е со зачестен инспекциски надзор на индустриските капацитети, потоа стимулација на граѓаните да го користат јавниот превоз наместо автомобилите, и организирано затоплување на домовите. Тој посочи дека деновиве се врши сериозен мониторинг со цел опеделени индустриски капацитети да не ја злоупотребат малата видливост заради маглата, и да испуштаат недозволени гласови. Појасни дека мониторингот се врши секоја вечер со термални дронови. „Ние работиме во коренот на решавање проблемот. Неколку пати општам со јавноста главните компоненти се три. Едната…
Ние сме сојузници во НАТО, ние сме соседи кои долго време делеле иста или слична судбина и имаме личности што се важни за двата народа кои можат да нѐ обединат и да нѐ сплотат, вели поранешниот министер во Владата на Никола Груевски, Никола Тодоров
– Отворен сум да разговарам со опозицијата за кое било прашање, вклучитечно и за прашањата што се од државен и од јавен интерес и се многу сензитивни за сите граѓани, меѓутоа не сум спремен да бидам дел од дневно-политичка драма и хистерија по однос на вакви сензитивни теми, изјави денеска минстерот за надворешни работи Бујар Османи. – Спремен сум денеска да се сретна со опозицијата овде во Министерството, во нивното седиште, во Собранието, но ниту со нашата опозиција, ниту со бугарската, ниту со други политичари, немам намера да влезам во јавен политички дискурс или дебата кои може да бидат искореистени…
– Министерот за надворешни работи, Бујар Османи смета дека решението на проблемот со Бугарија е во враќањето на довербата во Договорот за добрососедство, како единствен инструмент и гаранција за надминување на сите разлики. Османи денеска, на прес-конференција, рече дека се уште не може да каже каков ќе биде исходот од разговорите меѓу Скопје и Софија, но нагласи дека македонската страна ќе направи се што е можно достојно да ги претстави интересите на државата и во тие рамки да најде заедничко решение. – Разговараме се уште, не можам да предвидам ништо, ниту да го прејудицирам исходот. Прашањето е премногу комплексно и…
Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски утрово од 7 часот волонтира во инфективно одделение. Денес прегледува 40-тина пациенти организирани во интервали од 10 минути. На своите обврски во општината ќе се врати во 11 часот.
Бугарскиот историчар Стефан Дечев во интервју за Дојче веле објаснува зошто е песимист дека ќе се реши спорот меѓу Скопје и Софија и укажува дека во неговата земја се замолчуваат сите алтернативни гласови за историски прашања. Г-н Дечев, на конференцијата во рамките на Берлинскиот процес, премиерите Борисов и Заев демонстрираа заедништво. Во исто време, односите меѓу Софија и Скопје се во криза. Зошто токму сега? Дечев: Уште откако започнаа разговорите за историјата во Мешовитата комисија, бугарската страна тргна од една погрешна позиција: дека целата вистина е на бугарска страна, а македонската страна речиси треба да ја препише бугарската историја до 1944…
Во кругот на поликлиниката Букурешт денеска ќе бидат предадени воено санитетски возила од Армијата на времено користење на јавното здравство со цел да се помогне во справувањето со пандемијата и грижата за населението.На предавањето на возилата ќе присуствуваат министрите за одбрана и за здравство, Радмила Шекеринска и Венко Филипче. Уште од месец јуни Армијата на Република Северна Македонија е вклучена во тестирањето на граѓаните од коронавирусот.Тим од техничкиот персонал од Воено медицинскиот центар е на терен, во асистенција на екипите од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) да им помагаат при земањето на брисеви за тестирање од вирусот ковид-19.Дел од ресурсите…
„Фајзер“ веќе продаде 82 отсто од залихите на вакцина за корона вирус на некои од најбогатите земји во светот што предизвика загриженост дека нема да има доволно за луѓето од сиромашните земји. Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ и неговиот германски партнер „Бионтех“ имаат намера да произведат 1,3 милијарди дози во текот на 2021 година, но поголем дел од вакцините однапред се нарачани од Велика Британија, Јапонија, ЕУ и САД. Тие држави, кои копија стотици милиони дози, претставуваат само 14 отсто од глобалната популација. САД ќе добие 600 милиони дози, Велика Британија 40 милиони, Јапонија 120, а ЕУ 300 милиони дози. Анализа на…