Author: Нова ТВ

Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски, врз основа на член 18 , став 1, точка 5 и член 28, од Законот за одбрана, како и генералната наредба за ангажирање на дел од Армијата на Република Северна Македонија во мирновремени услови, односно во услови кога не е прогласена кризна, вонредна или воена состојба, и нареди на армијата дел од силите и средствата да ги ангажира како невооружени сили за извршување на задачи за поддршка на државните институции при справување со последиците од пандемијата на Корона вирусот. Со оваа наредба, којашто стапува веднаш на сила,…

Read More

Министерот за правда Бојан Маричиќ е оптимист дека Собранието ќе ја избере Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд, бидејќи предлогот помина со мнозински гласови во Комисијата за избори и именувања. – Со оглед на тоа дека предлогот судијката Добрила Кацарска да биде судија на Уставниот суд помина со мнозински гласови во Комисијата за избори и именувања, јас можам да кажам дека сум оптимист дека би требало да биде изгласана и во Собранието затоа што обично одлуката во Комисијата за избор и именувања е некој индикатор за тоа какво е расположението во Собранието, рече министерот Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање.…

Read More

Интервју на Борјан Јовановски со претседателот на Европската иницијатива за стабилност, Гералд Кнаус. Кнаус зборува за тоа како во Европа се решаваат историските теми https://www.youtube.com/watch?v=Pl5neK79fwg&t=11s&fbclid=IwAR0-UkKVmgm6U1YcyjO1ZWzazsV5O05KCxI-6FLSBCbmSpyDh1v9MUiDOqo

Read More

Илхан Ќучук ја смета за големо достигнување формулата „заедничка историја“ во договорот на Бугарија  со Македонија бидејќи, како што вели, „нашето заедничко минато, заедничката историја и заедничките корени ќе постават многу цврста основа за нашата заедничка иднина“. Крајната цел, смета тој, е да бидеме заедно во Европската унија и ова е стратешки интерес на Бугарија, на Северна Македонија и на Европската унија. Во интервјуто за БНР тој порача дека е изгубен  интензитетот на овој процес и затоа треба да се искористи моментумот што го создаде германското претседателство. „Брисел се потпира на нашето современо однесување и на конкретните активности во рамките…

Read More

Продолжуваат дипломатските напори во насока на приближување на ставовите на Северна Македонија и Бугарија со цел овозможување на одржување на првата Меѓувладина седница со ЕУ за време на германското претседателство. Берлин и Скопје се за старт на преговорите во декември, за што како заедничка цел и интерес било разговарано и во текот на вчерашниот телефонски разговор што премиерот Зоран Заев го имал со германската канцеларка Ангела Меркел. Во насока на приближување на ставовите и претседателот Стево Пендаровски разговараше со неговиот бугарски колега Румен Радев, иако повеќе детали за разговорот не беа соопштени. -Во телефонскиот разговор меѓу канцеларката Меркел и премиерот…

Read More

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева за „БТВ“ изјави дека нема начин во оваа фаза да се каже „да“ за почетокот на преговорите меѓу С. Македонија и ЕУ. „Нашата поддршка за С Македонија никогаш не беше безусловна. Бугарија не го оспорува јазикот и модерниот идентитет на тамошното население. Ја ставивме нашата позиција многу јасна. Сега тоа е многу видливо во јавноста. Уште минатата година, Владата достави декларација до парламентот, која беше поддржана од сите партии. Значи, нашиот став за Македонија не е нов, како што тврдат некои. Мислам дека имаме обединување на сите на оваа тема“, соопштила министерката.…

Read More

Претседателскиот кандидат на американските демократи, Џо Бајден има само уште шест чекори до овалната соба во Белата Куќа, односно му недостигаат уште шесте изборни гласови од сојузната држава Невада, каде што вчера беше прекинато гласањето и од оваа сојузна држава се уште не се објавени резултатите.Тој успеа во Мичиген да го победи својот републикански ривал, актуелниот претседател Доналд Трамп, кој на овие претседателски избори се обидува да го добие вториот мандат. По освојувањето на 16 изборни гласови во Мичиген, Бајден сега има вкупно 264 електронски гласови, а за целосна победа му требаат вкупно 270. Претходно, штабот на Трамп поднесе барање…

Read More

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ со негодување и протест во собраниската сала го дочекаа предлогот на Судскиот совет, судијката Добрила Кацарска да биде избрана за судија во Уставниот суд. Оправдано е една пратеничка група да не се согласува со изборот на одреден судија, но при тоа мора да понуди аргументи за таквиот став. ВМРО ДПМНЕ избра наводните аргументи да го фокусира во еден судски случај, а тоа е насилството во парламентот, познат како „27 април“ кога толпа вооружени насилници упаднаа во парламентот со цел да ликвидираат политичари и да спречат СДСМ да формира влада, иако имаше обезбедено мнозинство пратеници. Потоа, со…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ треба да почнат процес на меѓусебно помирување, а во иднина треба да направат и заедничка коалиција, рече поранешниот министер за здравство Никола Тодоров во вчерашното издание на „Клик Плус“ во ТВ21. Тој смета дека двете најголеми партии мора да започнат ваков процес поради тоа што државата во моментов е премногу поделена, а луѓето меѓусебно се мразат поради различни политички гледишта. „СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ треба да почнат еден процес на помирување. Оваа наша држава веќе е целосно поделена и тотално раскарана. Постојат луѓе кои меѓусебно се мразат, само поради различно политичко мислење и различно политичко гледање“, посочи Никола…

Read More

Ако на Анотнио Милошоски навистина му е дојдено до патриотизам и до претворање во заштитник на националните интереси на државата, тогаш логично ќе беше до сега да повика на оставка на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, оној кој во изминатите неколку месеци искажа сериозни навреди кон македонскиот народ и македонскиот јазик, дури и со извртување на тези и историски факти. Но, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Милошоски, не смее ни да го спомене името на Каракачанов, не пак да го повика на оставка затоа што е негов студент, односно Каракачанов го имал Милошоски под свое додека студирал во Софија. Студентот живеел на…

Read More

Претседателите на Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев, денеска во телефонски разговор зборуваа за позициите позициите на двете држави во однос на условите за започнување преговори на Македонија за членство во Европската Унија. Двајцата претседатели разговараа за можноста да се постигне одржливо решение за европскиот развој на нашиот регион и, особено, за интеграцијата на Македонија во Европската унија, соопшти кабинетот на Пендаровски. Шефовите на државите разговараа за можноста за остварување на посета на претседателот Пендаровски на Бугарија кога ќе се создадат соодветни услови.

Read More