Author: Нова ТВ
Поранешниот шведски премиер и специјален претставник на ЕУ за поранешна Југославија Карл Билт, коментирајќи ја позицијата на Бугарија кон С.Македонија, оценува дека со наметнување на свои „историски вистини“ долгорочно ќе се пролонгира европската иднина на Балканот. – Ако напредокот на Балканот кон ЕУ зависи од тоа дали една или друга држава ќе наметне некаква „историска вистина“, можеме да бидеме сигурни дека ништо нема да се случи за време на една или две генерации, пишува Билт на Твитер. Шведскиот дипломат го објави коментарот на својот Твитер профил над постираната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева за Ројтерс во кое…
„Државата е овде да ги најде сите оние кои ги злоупотребуваат мерките и средствата, и да ги процесуира таквите пријави и да се казнат сторителите. Правевме три различни филтри кои што, ниту еден стопанствник нема да го поттикне да ги злоупотребува мерките. Ако не ги искористи парите наменски тој да ги врати, ако не ќе има прекршочна пријава, потоа и кривична. Ние како влада немаме друг механизам. Но сметам дека сите се веќе свесни, дека во оваа криза мора секој да се грижи за секого. Мораме да го зачуваме социјалниот капитал, човечкиот, ако и нив ги изгубиме за што ќе…
Благодарност до сите компании, поединци, организации, институции, амбасади кои со донации во опрема, добра и парични средства даваат постојана поддршка во напорите на институциите за справување со состојбата со КОВИД-19
Според информации во бугарските медиуми, шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева од вечерва е во Берлин на средби со германски претставници околу спорот со С. Македонија.
Закажувањето, како што стои на официјална страна на ИЈЗ, се врши на телефонскиот број 075/276-132. Терминот се закажува секој ден од 8:30 до 14 часот, цената е 1.850 денари
Најдлабока невработеност има во Североисточниот регион, најниска просечна плата во Полошкиот регион
Чекајќи ја вакцината, човештвото, всушност го чека новиот победник на глобалната капиталистичка сцена. А регионот го живее своето крваво минато како постојана проекција за иднината.
Истражувањето покажува дека на крајот на вториот квартал, невработеноста се зголеми за само 0.5 процентни поени, на 16.7% од 16.2% на крајот од првиот квартал
Владата на Холандија не гледа никаква пречка и дава зелено светло за одржување на првата меѓувладина седница со Северна Македонија, јави „Ора њуз“ телевизија. Според телевизијата, холандската Влада предлага преговорите со Тирана, пак, да бидат официјализирани во некое друго време. -Владата на Холандија ја официјализираше својата одлука против свикувањето на првата меѓувладина седница меѓу Албанија и Европската Унија. Владата го потврдува официјалниот почеток на преговорите, но според Холандија, Албанија сѐ уште не ги исполнила условите што ги бара Европскиот совет. Формирањето на Уставниот суд, Врховниот суд и борбата против корупцијата и организираниот криминал за Холанѓаните остануваат услови што албанската Влада…
НАТО и сојузничките војски продолжуваат да го поддржуваат цивилниот одговор на пандемијата КОВИД-19. По Северна Македонија и Чешка, Албанија и Црна Гора добиваат вентилатори и медицински материјали, објави денеска на својот Твитер Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. – #НАТО и сојузничките војски продолжуваат да го поддржуваат цивилниот одговор на пандемијата #КОВИД-19. Чешка, Албанија и Црна Гора добиваат вентилатори и медицински материјали од залихите. Во петокот, Северна Македонија доби 60 вентилатори, објави на Твитер Столтенберг. Во петокот, на 30 октомври НАТО испорача 60 вентилатори во Скопје, како дел од поддршката на Алијансата да се справат со пандемијата. Донацијата беше координирана…
Во очекување на финален договор за преговарачката рамка за Северна Македонија, која е чекор кон одржување на првата меѓувладина конференција за старт на преговорите за членство на земјава во ЕУ, меѓународните експерти со оценка за апсурдноста на условите кои доаѓаат од официјална Софија. Австрискиот политички аналитичар и директор на тинк-тенкот Европската иницијатива за стабилност, Гералд Кнаус, оценува дека доколку не се најде решение за најавата на Софија за блокада на пристапните преговори на земјава, ЕУ ќе го загуби кредибилитетот на политиката за проширување, што би било трагично за Унијата, за Северна Македонија и за Бугарија. – Ако не се реши…
Британскиот престолонаследникот, принцот Вилијам, во април бил болен од Ковид-19, јави Би-Би-Си. Во исто време, неговиот татко, принцот Чарлс, исто така беше во изолација. Сепак, Вилијам избрал да ја чува својата состојба во тајност заради јавниот интерес. Тој, наводно, бил ставен во карантин во Норфолк, каде што работел. Тоа го објавија извори за Би-Би-Си.