Author: Нова ТВ

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека во Собранието се блокирани 28 закони и покрај политичкиот договор меѓу лидерите на двете најголеми парламентарни партии СДСМ Зоран Заев и ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, и разговорите меѓу Заев и лидерите на АА и Алтернатива Зијадин Села и Африм Гаши. -По однос на блокадата, мислам дека лидерите се договорија да ја одблокираат работата на Собранието и јас немам причина да размислувам околу тоа. Ако договориле, имаат координатори тука нека седнат нека кажат што договориле и во која постапка да се одблокира она што е блокирано, рече Џафери. Според анализата на спикерот, ВМРО-ДПМНЕ блокираат…

Read More

Минатата година почна добро, имаме нова методологија којашто овозможи безусловно зелено светло, меѓутоа не заврши добро и мислам дека со еден таков епилог прво изгубивме ние, потоа изгуби регионот, бидејќи бледнее надежта дека европската перспектива е реална, изгуби и ЕУ бидејќи заедно со намалување на кредибилитетот се намалува и влијанието, а мислам дека изгуби и Бугарија бидејќи имавме една голема можност што треба да се обидеме заедно да ја вратиме, да градиме едно вистинско и блиско партнерство и пријателство, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров. Во обраќањето на конференцијата „Спогодбата за стабилизација и асоцијација МК-ЕУ – дваесет…

Read More

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска реагираше дека најавената дигитализација на образованието предизвикува бројни реакции во јавноста, истовремено додавајќи дека е очигледна и инструментализацијата на ова прашање во политички цели. Притоа, тие додаваат дека децата се изложени на бројни манипулации, лажни вести и дезинформации, за кои велат дека дополнително ја усложнуваат сериозната состојба која ја наметна пандемијата, во однос на нивната едукација и секојдневно функционирање. „Денешниот бојкот на наставата на средношколците очигледно е дел од таквите злоупотреби, што е потврдено и од страна на Сојузот на средношколци, кој посочува дека ова здружение не е организатор на бојкотот, туку тоа се одредени групи…

Read More

Премиерот Зоран Заев за „Фокус“ даде краток коментар за аудио снимката која беше објавена во јавноста на која се зборува за негова ликвидација. „Ужас“, искоментира премиерот. Не е разбирлив целиот разговор поради слабиот тон, но во дел од него зборуваат: „Заев ќе биде изрешетан ко куче“, „ќе му вратам последно да е“, „јас сум спремен да лежам доживотно“ „ако треба ќе умрам“.

Read More

На последната владина седница е сменет претставникот на Владата во акционерското собрание на акционерското друштво во државна сопственост „Еурокомпозит“ и се дадени насоки дека ќе треба да се почнат постапки за  процес на реструктуирање, односно подготовка за евентуална продажба или репрограмирање и реструктуирање, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. На новинарско прашање какво решение и помош ќе се понуди за вработените во државниот загубар кои 1,5 година не зеле плата и немаат придонеси Битиќи рече дека со Министерството за економија работат активно и оти најверојатно за два месеца ќе има исход за конечно решевање на проблемот. -Секој наш…

Read More

– Владата потврдува дека е на вистинскиот пат, има целосна поддршка во Собранието и не гледам причина за какви било промени, вели вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски. Тој ги упати новинарите прашањето дали во мај може да се очекува реконструкција на Владата, да му го постават на премиерот, кој воедно е и мандатар. Според Николовски, оваа Влада неколку пати го потврдува парламентарното мнозинство, а од другата страна е опцијата која, за жал, ги потсети граѓаните на режимот во кој владееше. -Прашањето може да му го поставите на мандатарот, а тоа е премиерот, кој може да предложи зависно од успешноста…

Read More

Министерството за образование и наука упатува апел до учениците од средните училишта кои одлучија денеска да ја бојкотираат наставата и до нивните семејства да продолжат да учествуваат во воспитно-образовниот процес, кој треба да биде нивна единствена грижа и интерес. Во спротивно, отсуството од часови и настава значи загубено време и знаење кое понатаму тешко се надоместува. МОН во соопштение наведува дека новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали е современо решение базирано на глобални образовни стандарди и значително ќе ја унапреди наставата, интеракцијата помеѓу наставниците и учениците, ќе го намали обемот на домашните задачи и работата на…

Read More

Шестминутна снимка од разговор прикачена на мрежата „Јутуб“ со најава за ликвидација на премиерот Зоран Заев и неговата фамилија објави „А1он“. Според мејлот кој го добиле од а1он и насловот на разговорот, се тврди дека на снимката муабетат осудените лица Јане Ченто и Горан Ангелов – Ќосето. Двајцата имаат затворски казни за крвавите инциденти на „27 април“. Не е разбирлив целиот разговор поради слабиот тон, но во дел од него зборуваат: „Заев ќе биде изрешетан ко куче“, „ќе му вратам последно да е“, „јас сум спремен да лежам доживотно“ „ако треба ќе умрам“. Снимката е именувана како „Јане Ченто и…

Read More

Осум лица се приведени досега во Арачиново во полициската акција која се уште е во тек во врска со недозволена трговија со оружје и дрога. – По повеќемесечна истрага, во Арачиново се приведени осум лица, а меѓу нив и еден полициски службеник и едно лице во Св. Николе, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот ФБ профил. Од МВР најавуваат детали по завршувањето на акцијата и наведуваат дека ова е една од низата полициски акции спроведени писледниов период.

Read More

Германскиот производствен гигант за медицинска и фамацевтска амбалажа ја стартува работата во Северна Македонија со најава за уште поамбициозни планови. Првата фаза тешка околу 30 милиони евра и околу 350 вработувања започна, но допрва следува она што е уште поважно. Одлука за проширување на производствениот капацитет, кој според најавите треба да биде досега најголема инвестиција во Северна Македонија. Доколку се реализира во близина на Скопје ќе се произведува амбалажа за вакцините против коронавирусот кои се користат ширум светот. Потпретседателот на „Гересхајмер“ Оливер Бургел во разговор за Дојче веле изрази задоволство од досегашниот тек на работите. Првата фаза која стартува со производство…

Read More

Фридом хаус денеска го објави годишниот извештај за состојбата на демократијата во земјите во транзиција. Во него се наведува дека најголем демократски напредок лани постигнале Северна Македонија од плус 0,07 и Узбекистан од плус 0,11 во нивните оценки. Сепак, Северна Македонија останува во групата на преодни или хибридни режими во кои уште се Босна Херцеговина, Грузија, Унгарија, Косово, Црна Гора, Молдавија, Србија и Украина. Северна Македонија има постигнато напредок во демократското управување и изборниот процес. Земјите кои се преодни или хибридни режими се типично изборни демократии каде демократските институции се кревки и постојат значителни предизвици за заштита на политичките права…

Read More

На Интернет се шират бројни тврдења за штетноста на некои вакцини против Ковид-19, од опасност од промена на човечката генетска структура до предизвикување неплодност. Што велат експертите? Дали вакцината базирана на mRNA може да ја промени човечката ДНК? Планот за градење на човечкото тело се чува во деоксирибонуклеинската киселина (ДНК). Кај некои вируси, како што е вирусот SARS-CoV-2, планот за градење се чува во рибонуклеинската киселина РНК. И кај луѓето постои РНК, таа не е целосно идентична копија на ДНК од клеточното јадро што се користи во јадрото за да се изградат протеини. Таа значи игра одредена улога во спроведувањето…

Read More