Author: Нова ТВ
Имаме обезбеден и признат македонски национален идентитетн од целиот свет. Македонскиот јазик е впишан во нашата лична карта во ОН. Имаме држава со имотен лист. Одиме напред кон ЕУ и имаме јасни очекувања
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешниот 25.дигитален конгрес објави дека една од предлог-статутарните измени која треба денеска да биде изгласана е црвената боја да стане официјална боја на владеачката партија. – Прв пат ќе ја впишеме црвената боја, тоа е боја на левицата, на социјалдемократијатра, на победата, боја на слободата, на животот, тоа е боја на македонската иднина, рече лидерот во онлајн обраќањето. Тој додаде дека во статутот на СДСМ ќе биде формиран и Форум на пензионери, како што има Форум на жени и Социјалдемократска младина на Македонија. – Очекувам дека овие одлуки низ плодна дебата тие денеска да…
Во Хрватска денеска се забележани најмногу новозаболени од корона вирус во еден ден, дури 2.421, додека починаа осум пациенти. Официјални здравствени претставници соопштија дека со најновата бројка, активните случаи се зголемија на 11.144. Од нив 825 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 58. Хрватските медиуми, пак, денеска известија дека Клиничкиот болнички центар во Сплит распишалал конкурс за вработување на 300 медицински сестри, а досега се пријавиле само 14. “На сите оддели во болницата има недостиг на медицински сестри, најпотребни се во одделите за интензивна нега и во ургентните соби, додека бројот на пациенти во болницата расте. КБЦ Сплит,…
Би ги укинал централните инспекции, целосно да не постојат, да не постои државен инспекторат. Може да постои државен орган што ќе врши контрола на инспекторирањето на општинските инспекции, дури ни пазарната инспекција не смее да биде централна. Различни ни се приоритетите како органи, посочи градоначалникот на Град Скопје на дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот. Тој се осврна на неколку проблеми со кои се соочуваат општинските инспекторати, како и на потребата од итно менување на постојната регулатива. – Недавањето на градоначалниците моќ или оставањето можност за институционален пинг-понг е причина поради…
– Пристапот до правда не е само основно човеково право, тој е истовремено и суштествен предуслов за заштита и унапредување на сите останати граѓански, културни, економски, политички и социјални права. Токму затоа, во темелите на постоењето на Хелсиншкиот комитет за човекови права е обезбедувањето бесплатна правна помош на ранливи и маргинализирани групи и граѓани во социјален ризик. Ова го наведува денеска Хелсиншкиот комитет за човекови права по повод Европскиот ден на правдата, кој се одбележува на 25 октомври. -Хелсиншкиот комитет дејствува во насока на правно зајакнување и правна поддршка на граѓаните уште од неговото основање во 1994 година. Сепак, обврската за…
– Клиничкиот болнички центар во Сплит распиша конкурс за вработување медицински сестри, а досега се пријавиле само 14. На сите оддели во болницата има недостиг на медицински сестри, најпотребни се во одделите за интензивна нега и во ургентните соби, додека бројот на пациенти во болницата расте. КБЦ Сплит, исто така, се обиде да привлече медицински сестри со штотуку завршено училиште, објави весникот „Даламација“. „Недостигот на медицински сестри е проблем многу години, особено во оваа ситуација во која се наоѓаме денес и каде медицинската сестра како професија стана, можам да кажам, дефицитарна. Бројот што е потребен според нормите што го одредуваат…
– Претседателот на Собранието Талат Џафери нагласува дека мора да се најдат алтернативни решенија за работата на законодавниот дом во алтернативни услови, осврнувајќи се на новонастанатата ситуација со работата на пратениците во услови на пандемија на Ковид-19. Џафери во интервју за Радио Слободна Европа говори за тоа како ќе работи Собранието, откако неколку пратеници се заразија со Ковид-19, а самиот тој кажа дека засега нема опција законодавниот дом да заседава онлајн и дека би се гласало по примерот со пратеникот Арбен Зибери во посебна кабина. -Сега се најдовме среде пандемија. Што вели народот, не дал господ пожар, каде ќе работи…
Министерот за правда Бојан Маричиќ, во видео обраќање по повод Европскиот ден на правдата, вели дека во едно демократско општество, многу е важно граѓаните да бидат добро информирани како да си ги остварат своите законски загарантирани права, како да добијат заштита на тие права и како сите да имаат еднаков и фер пристап до правдата. – Токму од оваа причина, Европскиот ден на правдата, 25 октомври, досега го одбележувавме со отворени судници и канцеларии за да ги доближиме граѓаните до правдата, да ги запознаеме со тоа како функционира правосудниот систем и да ги информираме за нивните права и правото кое…
– Владејачката партија СДСМ денеска ќе го одржи 25. Конгрес, кој ќе биде прв дигитален во земјава, а за таа цел, како што нагласува партијата, ќе се користат современи дигитални платформи и алатки. Првиот дигитален Конгрес на СДСМ ќе се одржи преку електронска платформа Зум, а партијата на овој чекор се решила заради заштита на здравјето на граѓаните, делегатите, медиумските работници. Конгресот ќе го отвори ќе го води претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Ќе има отворен и работен дел со соодветен пренос во живо и можности за медиумите да преземат видео материјал со висока резолуција. Медиумите ќе можат да го проследат…
Како благодарност поради залагањата за обештетување на граѓаните од невремето минатата година во Долна Преспа, премиерот Зоран Заев ја доби плакетата „Преспански јаболкобер“ соопшти ресенскиот градоначалник Живко Гошаревски. „Од Буџетот на Република Северна Македонија, трансферирани се скоро 80 милиони денари на општина Ресен, за обесштетување на граѓаните погодени од невремето во 2019 година во Долна Преспа. Општина Ресен, во законскиот рок од еден месец ќе го изврши обесштетувањето на граѓаните. Оваа мерка на Владата на Република Северна Македонија, претставува вистинска поддршка и помош за земјоделците, кои и покрај големиот труд и напори не успеаа да го соберат родот на преспанско…
Тестот што постхумно беше направен на пратеникот Амди Бајрам покажал дека тој бил позитивен на Ковид-19. Бајрам беше тестиран посмртно, откако денеска во болницата „Жан Митрев“ бил донесен починат. Пред две недели, Амди Бајрам во Истанбул правеше свадба за внука си со над 200 гости од Македонија. Претходно изјави дека поради мерките на Владата и зголемениот број нови случаи, решиле да ја откажат свадбата која првично беше закажана во ресторан во Шуто Оризари.
Во Собранието заврши амандманската расправа за ребалансот на Буџетот и од понеделник се очекува тој да се најде на дневен ред на собраниска седница. Со вториот по ред ребаланс на Буџетот за годинава практично треба да започне и имплементацијата на четвртиот пакет мерки за поддршка на граѓаните и стопанството за излез од кризата предизвикана од Ковид 19. Со вкупен износ од 470 милиони евра и 31 мерка, Владата ќе се обиде финансиски да ги помогне граѓаните, но и компаниите за да ја задржат ликвидноста и да го сочува секое работно место. Очекувањата на Владата се дека со новиот сет мерки ќе…