Author: Нова ТВ
Заради исполнетите капацитети за сместување на ковид-пациенти во целосна координација сме за префрлање на пациенти од штипската болница во Кочани, а тука, во Струмица, разговаравме за тоа како да се надополни кадарот, пред се, од колегите од интерна медицина и инфективното одеделение. Разговаравме и како постепено да се подготви и новото крило на болницата, кое е што е целосно опремено со кревети и со централен довод на кислород и за неколку денови може да биде ставено во функција, рече министерот за здравство, Венко Филипче при денешната посета на струмичката болница. Истакна дека во новото болничко крило има стотина кревети, но…
На 64-годишна возраст денеска почина Амди Бајрам. Жалната вест ја потврдија од болницата Жан Митрев, каде веќе бил донесен починат. Бајрам имаше проблеми со срцето, а посмртно ќе му биде направен и тест за Ковид 19, за што му е земен брис.
Годинава, Организацијата на обединетите нации одбележува значаен јубилеј – 75 години од основањето. Формирана во 1945 година во свет на урнатини, ОН денес се симбол за глобалниот мир и безбедност, напиша денеска премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил. – И покрај множеството предизвици, ОН го наметнаа принципот на дијалог и почитување при превенирањето и решавањето на предизвиците и низ начелата на соработка и солидарност, покренуваат иницијативи за надминување на горливите светски проблеми, пишува Заев. Додава дека денес, кога се соочуваме со пандемијата од КОВИД-19, најголемата закана по Втората светска војна, ОН преку Светската здравствена организација повторно има централна улога координирајќи…
Европа се гуши во пандемијата на Ковид-19 и се повеќе земји воведуваат полициски час, бројот на заразени три милиони е надминат во Шпанија, а Централна и Источна Европа соборуваат рекорди по бројот на новоинфицирани, објавија агенциите во петокот. Во неделата до 16 октомври, Англија имала скоро 35.000 нови случаи со коронавирус секојднвно, во споредба со околу 27.900 една недела порано. Од 17 часот по средноевропско време, повеќе од три милиони жители на Велс ќе мора да „останат дома“ до 9 ноември. Велс на тој начин ќе биде првата британска покраина што ќе прибегне кон мерката карантин. Сите невитални продавници ќе…
– Компаниите кои се потешко погодени од кризата, односно кои имаат поголем пад на приходите, ќе добијат поголема финансиска поддршка за исплата на плати, предвидува новиот Предлог-закон за финансиска поддршка што вчера го усвои Владата и кој ќе биде испратен на усвојување во Собранието. Од Министерството за финансии денеска појаснија дека доколку компанијата има намален приход од над 80 проценти, тогаш износот на финансиска поддршка за исплата на плати ќе изнесува до 21.776 денари по вработен, додека компаниите со намален приход од 30 до 40 проценти, ќе добијат поддршка до 14.500 денари по вработен. За намален приход од 40,01 до 50 проценти…
Премиерот Зоран Заев на средбата со албанскиот колега Авдулах Хоти најави дека во првото тромесечие од идната година ќе се реализира комплетно подготовката за изградба на автопатот Скопје – Блаце, односно да завршат сите експроприации и да се обезбедат сите проектни документации, а во наредните две ипол години патот да биде изграден. -Колку што е важен за Косово овој пат толку е важен и за нас бидејќи 45 минути ќе биде патувањето од Скопје до Приштина.За првата делница од околу 2 километри е завршен тендерот, победи ‘Гранит’. Втората делница е на завршување на експроприационите односи каде треба да го решиме…
Правиме план за зголемување на здравствени капацитети во интерните одделенија, вели министерот Венко Филипче кој денеска заедно со претседателот на Комисијата за заразни болести, докторот Жарко Караџовски, имал средби со директорите на универзитетските клиники, клиничките и општите болници ширум државата и со главните медицински сестри од скопските клиники. Се договориле да се направи дополнителна реорганизација на просторот за да има поголеми капацитети на интерните одделенија и да се оптимизира медицинскиот кадар на скопските клиники кој потоа ќе биде активиран за помош на Инфективната клиника. „Во периодот кој претстои ги зајакнуваме сите здравствени капацитети во земјава. Правиме целосна мобилизација на здравствените работници од јавното здравство, кои ќе бидат вклучени во лекувањето на пациентите со коронавирусот, а исто…
Од Бугарска страна никој не сака промена на нашиот Устав и нов Договор. Ова лично го слушнав од бугарските политичари. Софија сака спроведување на Договорот од 2017 година и конкретни резултати од работата на Мешовитиот комитет за историски прашања, вели во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски. Тој беше во посета на Софија, каде разговараше со бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. Георгиевски во 1999 со неговиот тогашен колега, бугарскиот премиер Иван Костов ја потпиша „Декларација за пријателство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија“. Односите меѓу Скопје и Софија добиваат на интензитет последните…
На овој ден се потсетуваме на основоположниците на македонското револуционерно движење, кои беа водени од праведни идеали и принципи што, во нашиот регион, беа пред своето време, нагласи денеска претседателот Стево Пендаровски во честитката упатена до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Шефот на државата истакна дека тоа биле идеали за слободна македонска република, втемелена врз демократски принципи, во која ќе има соживот меѓу различните етнички, верски и јазични заедници. -На нив се надоврзаа илинденците и антифашистите кои се бореа и се изборија за нашата слобода и државност, вели Пендаровски во честитката. Денес, 127 години…
Храната и пијалоците кои се служат во ресторани и кафулиња ќе се даночат по нова повластена стапка. Повластена даночна стапка од 10%, ќе почне да важи од 1 јануари 2021, и ќе се однесува за продавањето храна и пијалаци во угостителските објекти и за кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци. Воедно Владата одлучи исто така од 1 јануари ќе има и повластена даночна стапка од 5% за определени занаетчиски услуги коишто се вршат од занаетчии коишто се запишани во занаетчиски регистар. Финансиската поддршка за работодавачите за исплата на плати ќе биде скалеста согласно падот на приходите на компанијата односно…
Деновиве беше објавен романот „Вокабуларис“ од младата писателка Александра Мачковска (Ен Игма), во издание на книгоиздателството Темплум. Книгата е во рамки на едицијата Катапулт. Се работи за дебитантски роман во кој авторката на интересен начин ги вплетува световите на фантазијата и реалноста балансирајќи помеѓу необични автореференцијални експериментирања и динамична приказна. Можеби најинтересен е капацитетот на авторката за менаџирање на прилично комплексен наратив. Во Вокабуларис – светот на Зборовите – Човек, главниот зоолог, го ослободува вирусот на Неписменост кој ги заразува повеќето од неговите сограѓани. На невините Зборови во мирното општество им се заканува исчезнување ако не го најдат лекот. Ако…
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, кој беше избран како носител на пратеничката листа во петтата изборна единица, го напушта Собранието. „Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат. Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам а ќе продолжам да го правам! Останувам доследен на моите поддржувачи и…