Author: Нова ТВ
Според дипломатите присутни на денешниот амбасадорски совет во Брисел, ниедна земја членка не ја поддржува позицијата на Софија, бидејќи е вон надлежностите на ЕУ и мора да се реши билатерално
– Свеста на граѓаните треба да се издигне на највисоко ниво ако сакаме да се намалат бројките на заразени со Ковид-19. Ниту една инспекција, ниту, пак, полицијата може да излезе на крај ако некој сака да направи некаков прекршок. Сепак ние сме тука колку што можеме тоа да го спречиме, порача денеска директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски. -Ако кај некого не делуваат казните не знам што друго да преземеме. Тоа значи крајно немање свест кон другите граѓани, рече Пауновски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата заедно со другите институции од Инспекцискиот совет. Со досегашното законско решение,…
Владата ќе го испрати деновиве до Собранието законското решение за субвенционирање плати на компаниите, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Оваа мерка е дел од четвртиот сет антикризни мерки. Владата ги најави пред три недели, дел од нив не можат да се применуваат поради тоа што не е поминат ребалансот на буџетот, за дел не се усвоени законските измени. Бектеши ги повика сите политички субјекти да не водат дневна политика и во собранието измените да поминуваат брзо. Првата плата што треба да се субвенционираа е таа за октомври. Министерот вели дека ќе се стаса со решението до почетокот на…
-Владата е отворена во секој момент да разговара за суштински решенија за декриминализација и депенализација преку измени во Кривичниот законик и Законот за прекршоци, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Душко Арсовски одговорајќи на прашање околу тоа кога и во кој формат би започнала дебатата за декриминализација на марихуаната, нешто што премиерот Заев го иницирише. „Потребно е секако да има широка стручна дебата каде ќе бидат вклучени сите засегнати страни, институции, граѓански здруженија и медицинската фела. Треба да се видат ефектите од користењето, системот за контролирање, како ќе се контролира/изведе, ова е процес каде е неопходен ставот на сите.…
Владата ги осудува изјавите на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов дека би „испратил инжињерски полк за демонтирање споменици во земјава на кои стои бугарски фашистички окупатори“.
На социјалните мрежи повторно се појави видео, на кое се гледа како ВМРО ДПМНЕ, протестира со скапи и луксузни возила. На протестите кои ги организира ВМРО ДПМНЕ досега се протестираше против сиромаштијата, поскапувањето на електричната енергија, криминалот и тн… Меѓу возилата што можеа да се видат вчера на протестот во Охрид, беше забележан и скап луксузен мерцедес, а следното видео беше причина за серија реакции во јавноста.
Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска даде коментар за новата истрага „плацеви на Водно“. „Околу 1.3 милиони евра се префрлени од мајката фирма на Белизе на ќерката фирма овде. Знаеме на кој датум колку средства се префрлани, сомнителните трансакции банките треба да ги пријавуваат. Мислам дека од кипарска банка се стигнати парите. Треба уште некои сведоци да сослушаме и предметот ќе оди на материјално-финансиско вештачење. Ограничени сме со времетраењето на притворот, на 3 месеци. Никој од осомничените не се испитани, прво тоа го правевме со сведоците. Добро за нас е што првоосомничениот кој е недостапен во државава е…
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска нагласи дека поминало времето кога министри за одбрана во регонов даваат изјави, како таа што ја изнесе бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, а некој да ги смета за сериозни и оти таквиот начин на комуникација не доликува на земји-членки на НАТО. – Македонскиот јазик, македонскиот народ се реалност и ниту едни политички преговори, ниту политички препукувања нема да ја сменат таа реалност. Меѓутоа можеме да направиме подобра иднина за нашите народи и да создадеме повеќе шанси за нашите млади. Ние така ја гледаме нашата задача, изјави Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање по свеченоста…
Онлајн-наставата во 88 отсто од училиштата се одвива без пречки, тврди министерката за образование и наука Мила Царовска. Одговарајќи на новинарски прашања при посета на училишта во Кочани, Царовска не прецизираше кога новата платформа ќе биде функционална во целост, но вели учениците и наставниците имаат пристап за двонасочна комуникација. Околу барањата на родители од Македонска Каменица за одржување настава со физичко присуство, министерката порача дека мора да се следат препораките на Комисијата за заразни болести, а со бојкот на настава, вели, губат учениците. „Бојкотот на наставата е само неконструктивен начин на изразување незадоволство од пандемијата. Тоа не е нешто што…
„Народната банка е професионална и независна институција, којашто при одлучувањето ги применува највисоките меѓународни стандарди и најдобрите меѓународни практики. Одземањето на дозволата на „Еуростандард банка” покажува дека Народната банка е подготвена да преземе навремени корективни супервизорски активности за да се обезбеди целокупната стабилност на финансискиот систем. Обидите за политизирање на активностите и одлуките на Народната банка се ризик за загрозување на независноста на Народната банка. Меѓународното искуство покажа дека без независност, централните банки се воздржуваат од донесување тешки, но неопходни одлуки, што на крајот ја става во опасност стабилноста на севкупниот финансиски систем и може да доведе до далеку поголеми…
Во Словенија ескалирала состојбата со коронавирусот. Утрово било објавено дека е постигнат црн рекорд во последните 24 часа по бројот на новоинфицирани, дури 1.503 нови случаи. Синоќа во 21 часот, за првпат во историјата на независна Словенија, стапил во сила полицискиот час, односно ограничувањето на движењето помеѓу 21 и 6 часот наутро. Од полноќ, дружењето е ограничено на најмногу шест лица, а постои и забрана за движење меѓу регионите. „Како што имаше ограничување на општините во пролетната сезона, така и сега постои ограничување на регионите“, објаснил министерот за внатрешни работи на Словенија, Алеш Хојс на прес-конференцијата, пренесува словенечките медиуми. Воведувањето…
Од извори на Владата дознаваме дека нов советник за надворешна политика во кабинетот на премиерот Заев ќе биде Едмонд Адеми, кој на оваа позиција ќе стапи за неколку недели, откако досегашниот советник Дане Талески ќе отпатува во Брисел на својата нова функција амбасадор на Северна Македонија во НАТО. Адеми е поранешен министер за дијаспора, долгогодишен член на СДСМ и претседател на партиската комисија за надворешни работи.