Author: Нова ТВ
Се ограничува работното време на угостителските објекти до 23 часот; Премиерот го прифати барањето да препорача разрешување на Димова од директорската функција на Националната агенција за европски образовни програми; Предложени законски измени за надминување на проблемот во научните институти, се само дел од одлуките од 13-тата седница на Владата. Владата на Република Северна Македонија на денешната 13-та седница ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен оние што вршат испорака, како и да се ограничи капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50%…
Состојбата во која го затекнавме претходниот стационар не ги задоволуваше основните стандарди и услови што се очекуваат за хуман третман на уличните кучиња. Извршивме целосна реконструкција, создавајќи модерен стационар по најнови европски стандарди. Затоа што веруваме дека работите секогаш може да ги направиме подобри! #ЧекорПоЧекор, Скопје една поинаква приказна…, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Од денес во Словенија ќе биде воведен полициски час во траење од 21 до 6 часот наутро. Локалните медиуми велат дека ова е првпат во Словенија да се воведува полициски час од италијанската окупација во Втората светска војна. Забраната за собирање повеќе од шест лица, наместо претходните 10, стапува на сила, пренесува агенцијата СТА. Забраната за движење меѓу регионите сè уште се применува, со одредени исклучоци. Во Словенија во понеделникот беше објавено дека во претходните 24 часа биле потврдени 537 случаи на вирус, што е 20,4 проценти од испитаните, па затоа владата донесе одлука за нови мерки.
Верувам дека низ духот на пријателството ќе ги решаваме прашањата. Мицкоски ниту имал став, ниту во нешто се вклучил да помогне во историскиот исчекор на земјата. Можно е да одмогнеме на процесот ако свикуваме лидерска средба
Бирото за развој на образованието (БРО) и Државниот просветен инспекторат препорачуваат првите сумарни оценки за секој ученик да бидат изведени до 20 ноември, а Министерството за образование и наука (МОН) и Бирото веќе ги известија училиштата за начинот на следење и оценување на учениците во периодот на реализација на наставата во услови на пандемија кои можат да се најдат во упатството за наставниците за начинот на оценување на учениците. -При формирање на оценката ќе се следат упатствата утврдени од Бирото за развој на образование на почеток на учебната година. Наставниците тука имаат јасно утврдени насоки со кои ќе се заштити…
Се додека постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, се додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот Зоран Заев во своето обраќање на вториот ден од Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)”. „Годинава одбележуваме 75 години од создавањето на македонскиот јазик и правопис. Токму затоа Владата го прогласи 5 мај за Ден на македонскиот јазик. Македонскиот јазик е признат во целиот свет и слободно се користи насекаде. Нашиот јазик е нашиот идентитет. Сакам да испратам јасна порака дека оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик, изјави Заев во…
Министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фејсбук профил повторно упати благодарност до своите колеги. -Колеги, Ви благодарам што секојдневно се борите за секој живот! Ви благодарам што се грижите за здравјето на нашите пациенти, родители, роднини, пријатели, давајќи сѐ од себе во справувањето со ковид-19. Ги повикувам сите граѓани да им ја олесниме работата и да ги почитуваме мерките за заштита без исклучок! Да бидеме одговорни со носење маска, одржување физичка дистанца и често миење на раце. Тие ја заслужуваат поддршката од сите нас, напишта Филипче.
Вкупно 15 лица, вклучително и четворица студенти, се во притвор во рамките на антитерористичката истрага за убиството на учителот Самуел Пати во околината на Париз во петокот, соопштиле извори блиски до судството. Момчето кое е идентификувано како извршител на убиството почина откако беше застрелано од полицијата. Тоа го обезглави наставникот Самуел откако на час по историја на учениците им покажувал карикатури од пророкот Мухамед. Во притвор е и едно лице „кое претходно било осудувано за терористички дела и тврди дека имала врски со убиецот“. Истите извори навеле дека еден или повеќе студенти, веројатно за паричен надоместок, му покажале на убиецот…
По наглиот пораст на бројот на заразени од КОВИД-19 Шефот на службата за итни случаи на СЗО Мајкл Рајан упати порака и апел до властите до властите сите оние луѓе кои имале контакт со потврден случај на коронавирус да бидат ставени во изолација, се со цел спречување на ширење на болеста. – Ако имав право на една желба, со цел да подобриме само една работа што навистина можеме да ја поправиме и да ја смениме ситуацијата, тоа ќе биде да се осигура дека секој поединец кој бил во контакт со потврден случај на Ковид е во карантин за потребниот период,…
Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека на Владата на утрешната седница ќе и предложи сите економски оператори да работат до 23 часот, јавен превоз да биде исполнет 50 отсто, во администрацијата, општините и судовите, секаде каде што тоа е можно, работниот процес да се одвива во смени или онлајн од дома или редуцирано по систем на ротации. – Ова е последниот чекор пред воведување на полициски час, изјави Филипче презентирајќи ја двонеделната анализа за состојбата со Ковид-19. Овие мерки ќе бидат дополнение на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, што веќе е доставен во…
Делегација од Амбасадата на Соединетите Американски Држави предводена од нејзината екселенција, Амбасадорката Кејт Мери Брнз оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје. За време на посетата, високите дипломатски претставници беа запознаени со резултатите од работењето на компанијата, нејзините пласмани и производните операции. Беа презентирани и бројните инвестиции кои „Алкалоид“ континуирано ги реализира низ годините, како и извозните активности кои се еден од клучните сегменти од корпоративната политика на компанијата. Акцентот на посетата беше ставен на долгогодишната успешна соработка на компанијата со Соединетите Американски Држави каде ,,Алкалоид АД“ Скопје во 2005 година основаше своја подружница со седиште во Њу Олбани, Охајо.…
Декриминализација на марихуаната за лична употреба – начин да престане повредата на човековите права
Здружението на граѓани Зелена Алтернатива, Здружението на граѓани ЗНАМ, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Коалиција Маргини и Хелсиншки комитет за човекови права бараат со измените на Законот за опојни дроги кој е во собраниска процедура да се декриминализизра личната употреба и поседувањето заради лична употреба на канабис. Драгана Дрндаревска од Коалиција Маргини смета дека со декриминализација ќе се престане со повредата на човековите права на луѓето кои употребуваат канабис. „Се прави голема неправда, спротивно е на принципот на владеење на право една група на луѓе која има доволно средства да го произведува и извезува да прави профит, а…