Author: Нова ТВ
Сметам дека со право и ние, и граѓаните очекуваме финализација на преговарачката рамка и одржување на Меѓувладината конференција за време на Германското претседателство со ЕУ, со што и формално ќе ги започнеме пристапните преговори за членство со Унијата до крајот на оваа година, рече шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи
„Република С. Македонија и Албанија се надеваат дека ќе добијат официјален датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ до крајот на годината. Минатата година францускиот претседател Емануел Макрон го суспендираше процесот, но подоцна го укина ветото, откако Европската комисија воведе построга и реверзибилна процедура за пристапување во ЕУ за исполнување на условите поставени од Париз“, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Во меѓувреме, Преспанскиот договор ја отстрани грчката пречка, но премиерот Зоран Заев сега се соочува со друга пречка на патот на неговата земја до толку посакуваниот датум за почеток на преговорите: Договорот со Бугарија. „Иако Бугарија беше прва што…
ЦИВИЛ го започна проектот ,,Обединети во различноста” во соработка со Министерството за надворешни и европски прашања на Луксембург. Целта на проектот е надминување на погубните последици од етничките тензии преку кампања за јакнење на јавната свест, со цел да се разберат и деконструираат националистичките наративи и да се предложат начини како да се надминат поделбите, тензиите и насилството по етничка основа. Преку овој проект, ЦИВИЛ има намера да прати силна порака против национализмот и да ги повика граѓаните да продолжат со поддршката на ЕУ иднината на Северна Македонија. Македонското општество е мултикултурно, мултиконфесионално и мултиетничко. Овој факт на реалноста ги претставува…
Утрово по наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција е приведен Ристо Новачевски, кум на поранешниот премиер Никола Груевски. Тој е приведен за истрагата за плацевите на Водно каде со група луѓе е осомничен за сторено кривично дело перење пари. Обвинителството за перење пари ги сомничи и Никола Груевски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.
Власта не гледа потреба за средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за недоразбирањата со Бугарија. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека доколку на премиерот Зоран Заев му било важно државата да тргне напред, ќе прифател лидерска средба и ќе разговарал за сите отворени прашања. – Не гледам потреба од лидерска средба. Особено со човек кој нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање. Мицкоски не е за договор на која било тема, тој бара начин само како да и наштети на државата, особено на процесите кои не водат кон ЕУ, изјави вчера премиерот Заев. Портпаролката на СДСМ, Богданка…
Потребно е да се преземат решителни чекори за решавање на проблемот со големите долгови на некои земји изјави шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, и ги повика доверителите и должниците под итно да почнат разговори за реструктуирање на долгот. Британските медиуми наведуваат дека, според Георгиева, одлуката на членките на Г-20 да ја продолжат суспензијата за отплата на долговите во билатералните договори за нови шест месеци ќе им помогне на сиромашните земји, но посочи дека е потребно уште поенергично дејствување. -Купуваме малку време, но мора да се соочиме со реалноста дека е потребна многу порешителна акција, рече Георгиена на…
Доцна синоќа, словенечката влада и официјално прогласи епидемија на коронавирус на целата територија на земјата, што ќе трае 30 дена, почнувајќи од денеска. Активиран е националниот план за заштита и спасување но без дополнителни ограничувачки мерки. Владиниот портпарол, Јелко Кацин, изјави за РТВ Словенија дека нема да има промени во врска со вработените, студентите и другите, освен што се повикуваат сите работодавци да организираат работа од дома, ако е можно. „Накратко, сакаме што повеќе субјекти да работат, но мора да има некои самоограничувања и дисциплина“, рече Кацин. Учениците од шесто одделение во основните училишта ќе преминат на учење од дома,…
„Не гледам потреба од лидерска средба. Особено со човек кој нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање“, одговари премиерот Зоран Заев по вчерашното барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за лидерска средба во врска со преговорите со Бугарија. Во одговорот тој уште еднаш посочува дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет и посебност се меѓународно потврдени и признаени од целиот свет, а со Бугарија, нагласува, имаме Договор за соработка и добрососедство кој е потпишан и на македонски јазик. „За темите кои произлегуваат од Договорот изразуваме волја да ги решаваме преку работата на комисиите кои имаат надлежност за…
Носењето на заштитна маска, одржувањето на физичка дистанца и миењето на раце – одржување на хигиена се единствените мерки кои може да го стопираат ширењето на вирусот. Тие се клучни во борбата со ковид-19, потенцираат од Министерството за здравство во новиот апел до граѓаните за почитување на мерките. „Насекаде во светот, во Европа и во нашата држава бројот на новозаболени од ковид-19 расте. Ризикот кој го носи есента е сериозен аларм дека мора доследно и во целост да се почитуваат универзалните мерки за заштита на индивидуалното и јавното здравје, уште повеќе заради тоа што временските услови се менуваат, а граѓаните…
Ако продолжиме да се однесуваме вака, црно сценарио нема да ни избега, вели директорката на Клиниката за инфективни болести во Скопје, доктор Милена Стевановиќ, во неделното интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) зборувајќи за состојбата со коронавирусот во земјава. Докторката ваков одговор дава на прашањето, во кое сценарио би ја сместила Македонија од трите што ги предвидува Светска банка за земјава во зависност од употребата на мерките: првото дека ќе се заразат 25 проценти од населението, второто – 50 проценти или третото дека ќе се заразат 80 проценти. „Секако ако продолжиме да се однесуваме вака, црно сценарио од која било категорија нема да ни избега, мораме да севратиме на…
Пописот и резултатите нема да влијаат на менување на Уставот и ревидирање на Охридскиот рамковен договор. Премиерот Зоран заев ги отфрла шпекулациите дека во зависност од резултатите на пописот ќе има промени во клучните документи. Вели дека попис ќе има секако без одложување во април следната година. Пописот го одложивме бидејќи Мицкоски и опозицијата бараа да биде одложен неколку месеци пред пандемијата и го направивме тоа. Пописот и резултатите, никако не влијаат на Уставот, на Рамковниот договор, или слично. Пописот треба да се спроведе заради рамномерниот развој, економските параметри, статистиките коишто ни требаат во државата. Има правила Евростат и треба…
Економии пред колапс, економски оператори кои едвај крај со крај врзуваат, болници преполни – есенскиот бран на КОВИД-19 ги стави моќните европски држави пред сериозен предизвик. Седумнаесет од 27 држави од ЕУ, како и Велика Британија, се обележани со црвена боја на европската карта за ограничување на движењето што ја објави Европскиот центар за превенција и контрола на болести. Мапата треба да им помогне на земјите членки на ЕУ за координиран пристап при ограничувањето на слободното движење. Голем скок во бројот на нозаразени регистрираат сите земји во регионот, но рекорди деновите бележат Хрватска и Бугарија< Најзагрижувачка е веста дека заразени…