Author: Нова ТВ
Бугарија се наоѓа под дипломатски притисок да ја поддржиме Северна Македонија, но ние сме суверена држава и имаме достоинство, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во интервју за бугарската телевизија Нова. „Некои Македонци веруваат дека Германците и некои други европски земји ќе нè притиснат и ние безусловно ќе се согласиме да ги поддржиме. Тие не притискаат, тоа е факт. Сепак, Бугарија има свое достоинство и е суверена држава. Ние сме под дипломатски притисок“, вели министерот за одбрана Каракачанов. Тој посочи дека на прво место станува збор за земјата што моментално претседава со ЕУ. „Германија е многу активна со…
Предлозите од Комисијата за заразни болести за поригорозни мерки во вид на законски измени треба да бидат усвоени по скратена постапка во Собранието, заедно со владините уредби
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на денешната прес-конфереција изјави дека ќе направиме за во декември да се одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ, чиј почеток во ниту еден случај не смее да зависи од идентитетските прашања. – Одлуката за старт на преговорите со ЕУ ќе биде или заеднички успех или заеднички неуспех, пред се на Европа.Процесот за нас не завршува со завршувањето на првата меѓувладина конференција, одлуките се носат со консензус, во овој момент за секој чекор зависиме од сите земји членки. Ќе бидеме разумни и мудри и ќе го чуваме тоа што е наше, и ние ги почитуваме…
Министерот за здравство доктор Венко Филипче на својот Твитер профил објави фотографија на која тврди дека се наоѓаат членови на ВМРО ДПМНЕ, а на која е евидентно дека не се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, не се носи маска, не се одржува дистанца. „Состанок на ВМРО ДПМНЕ за барање одговорност од власта за коронавирусот“, напиша Филипче. Маска не носи нитуАлександар Пандов, кој го предводи патриотскиот институт на партијата, а е на чело на фотографијата. Твитот на Филипче е одговор на постојаните барања од ВМРО-ДПМНЕ за негова оставка, особено изминатите неколку недели откако нагло порасна бројот на заразени во земјава, при…
Љубчо Георгиевски повеќепати ја потенцираше позитивната улога на претседателот Стево Пендаровски и, особено, на премиерот Зоран Заев, кои се за приближување кон Бугарија, која тие ја опишаа како пријателска земја, пишува БГНЕС
Мал напредок е постигнат во делот на учебниците за средновековието. Во однос на Свети Кирил и Методиј е постигната согласност дека се сесловенски и христијански просветители
Селфи на Заев со медиумските работници: Вашата улога во услови на КОВИД-19 пандемија е особено важна
Премиерот Зоран Заев денеска си направи селфи со новинарите и снимателите кои секојдневно го следат на неговите настани. Преку социјалните мрежи тој ја потенцираше улогата на медиумските работници во точното и вистинито информирање на јавноста. „Секоја чест за медиумските работници кои посветено и професионално ги следат теренските случувања и за тоа ја известуваат јавноста. Вашата улога во услови на КОВИД-19 пандемија е особено важна за навремено и точно информирање на населението. Ви честитам на ангажманот, продолжете посветено, почитувајте ги мерките!“, напиша Заев.
Народната банка поднесе кривична пријава за предизвикување стечај на банка до Јавното обвинителство против поранешни одговорни лица Еуростандард банка, соопштија оттаму. -Имајќи го предвид членот 181 од Законот за банките, со којшто се нормира кривичното дело – Предизвикување стечај на банка, Народната банка до Јавното обвинителство има поднесено кривична пријава против поранешни одговорни лица во „Еуростандард банка“ АД Скопје – сега во стечај. Истовремено, до Јавното обвинителство, Народната банка предложи и преземање мерки коишто се во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите, соопшти Народната банка. Народната банка во август ѝ ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка…
Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција објави дека состојбата со коронавирусот се следи, а доколку викендов се влоши состојбата во понеделник ќе се предложат нови рестриктивни мерки. – Ќе се предложат дополнителни рестриктивни мерки по евалуација на ситуацијата во следните денови и викендов, во понеделник ако има потреба ќе бидат предложени до Владата. Мерки се однесуваат на ограничување на капацитетот до 50 проценти во јавниот превоз, целосна забрана за секакви настани и крај на работното време на сите економски оператори во 23 часот, изјави Филипче. Тој рече дека има сериозен процент на новозаболени кои не знаат да кажат каде…
Постои голема доза на оптимизам за решавање на проблемот со потеклото на Гоце Делчев од двете страни, вели премиерот Зоран Заев и додава дека револуционерот е мост помеѓу Северна Македонија и Бугарија за нивен меѓусебен добрососедски мир. „Бугарскиот народ е позитивен кон македонскиот народ и обратно. Верувам дека Борисов сака да се најде решение, сака добро за земјите од Западен Балкан и за Северна Македонија. Ќе видиме како денеска ќе помина преговорите на Комисијата, веројатно потоа ќе соопштат за тоа како поминала средбата. Јас сум убеден дека ќе најдеме решение. Да не постоеше Гоце Делчев, ќе мораше да го измислиме…
Луѓето со слабо образование и аналитичко размислување се посклони да веруваат во заговори и дезинформации за ковид-19, покажува студијата спроведена во пет земји, објави лондонски Гардијан. Истражувачите од Универзитетот во Кембриџ изјавија дека откритијата покажале дека подобрувањето на аналитичките вештини кај луѓето може да помогне во справувањето со епидемијата на „лажни вести“ за здравствената криза. Пет национални истражувања, одразувајќи ги националните квоти за возраста и полот, биле спроведени оваа година за да се процени подложноста на дезинформации поврзани со коронавирус и неговото влијание врз клучните здравствени однесувања. Студијата открила дека најконзистентен предуслов за намалена подложност на дезинформации за ковид-19 е…
Во борбата со КОВИД-19 мора да учествуваме сите за да победиме, па така, нашите студенти по медицина од 6-та година активно се вклучуваат во први редови. Тие од денес ќе им помагаат на епидемиолозите во Центрите за јавно здравје за правење на епидемиолошките анкети. Бројката на нови заразени од ковид-19 е во голем раст изминатиов период. Министерот за здравство, Венко Филипче, објави фотографии на кои најави дека студентите од 6-та година на медицина почнуваат да се вклучуваат во борбата против најголемиот непријател на 2020-та. На социјалните мрежи тој објави фотка со студентите и напиша: Спремни да помагаат! Утрово се сретнав…