Author: Нова ТВ

Владата најавува реформи и во други државни загубари, кои преку јавно-приватно партнерство или приватизација би го надминале проблемот со натрупување на загуби во нивното работење

Read More

Не се сеќавам и не најдов податок дека досега некој функционер е разрешен врз база на ревизорски извештај од Државниот завод за ревизија, а ако отворите некој од нив ќе видите дека не се имплементирани ниту препораките

Read More

Владата синоќа на седницата го утврдила новиот текст на Законот за изменување на Законот за поштенските услуги, со што најави дека се подготвува теренот за продажба на Македонска Пошта, откако истата почна да тоне во загуби и стана јасно дека и нема спас. Ќе се прави физибилити студија за да се види кои се можностите за друштвото, но во игра е целосна продажба односно приватизација или преземање на компанијата со јавно приватно партнерство. За сиот процес биле задолжени вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Национални пошти Ејуп Ристеми. „Да иницираат подготовка…

Read More

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магладена Филиповска-Грашкоска на денешната прес-конференција ги презентираше преземените чекори на инспекторатите во изминатите денови. Одговорајќи на новинарско прашање во врска со изнајмувањето на приватни вили и правењето на свадби во истите, Филиповска – Грашкоска изјави: „Немаме надлежност да влегуваме во приватни објекти. Нема да може да се контролира тоа, барем со постоечките законски прописи“.

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи преку социјалните мрежи ги демантира информациите што ги изнесе претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека Бугарија побарала нов договор и редефинирање на македонската нација. „Околу односите со Бугарија и мојата посета, сакам да истакнам: нема нов договор, туку има засилување на меѓусебната комуникација на повеќе нивоа. Притоа, отворено разговараме за сите прашања што произлегуваат од Договорот за пријателство; ги преземаме сите чекори за да им обезбедиме на комисиите непречена работа, за што испративме јавна благодарност за нивниот досегашен резултат, како и охрабрување за интензивирање на нивната работа. Впрочем, Мешовитата експертска комисија веќе утре и…

Read More

Емел Рамковска во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за случајот со А1 телевизија, намерата на тогашната влада по секоја цена да ја затвори телевизијата, за деновите поминати во затвор и очекувањата за реформите во судството, а со тоа и правдата да излезе на виделина. Вели дека за правда во Македонија ќе треба уште време. -Јас сум 2016 година излезена од затворот Идризово, сега сме 2020 и јас сѐ уште чекам правда. Јас чекам право, барам да ми се суди повторно, за мене ова се уште не е минато свршено време. Сегашноста ми е мене тешка на еден друг…

Read More

Минатата недела во јавноста одекнаа нови бомби кои ја потврдија политичката позадина на случајот со затворањето на А1 телевизија. Овој случај е само еден од многуте за кои постои сомнеж дека се случија како резултат на политички интерес на тогашната влада предводена од Никола Груевски. За тоа дали ќе има преиспитување на судскиот процес со некогашната А1 телевизија, министерот за правда Бојан Маричиќ за „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека во судството ќе се направат потребни реформи за зголемување на интегритетот, одговорноста и ефикасноста на судиите и обвинителите. „Токму затоа, поради ниската доверба и изразените сомнежи во квалитетот на судските…

Read More

„Надлежните институции започнаа со проверка на случајот за доделувањето финансиски средства од ЕУ преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, информира на социјалните мрежи вицепремиерот за борба против корупција и криминал“, Љупчо Николовски. Николовски вели и дека е во постојана комуникација со институциите и најави дека случајот целосно ќе се истражи и расчисти. „Истрагите не ја исклучуваат и политичката одговорност, ако за тоа има основа. Како член на Владата одговорен за спроведување на етичкиот кодекс, активно го следам развојот на настаните и ќе ја известам јавноста за секоја понатамошна релевантна информација“, наведува Николовски.

Read More

Доскорешниот пратеник и поранешен министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски соопшти дека се повлекува од политиката. Освен што се повлече од сите јавни функции, тој поднел оставка и од функциите потпретседател и член на Централниот одбор на СДСМ. -Дозволете да Ве информирам дека донесов одлука да се повлечам од политиката и да се посветам повторно на мојата професија. Причината за тоа е дека прифатив ангажман во приватниот сектор, која е неспоив со било каков политички ангажман. Како резултат на оваа одлука, покрај тоа што се повлеков од сите јавни функции кои ги извршував, поднесов оставка и од функциите…

Read More

Ќе се прават законски измени во Законот за заштита на населението од заразни болести за да се спроведат предложените мерки на Комисијата за заразни болести, да се носи маска на отворено, во стан или куќа да се примат најмногу по четири гости и да се воведе забрана за групирање по 22 часот. Ваков заклучок донесла Владата на денешната седница по предложените мерки на Комисијата за спречување на заразни болести. -Во врска со овие препораки Владата донесе заклучок дека за нивна реализација е неопходно да се направат соодветни измени во Законот за заштита на населението од заразни болести со што ќе…

Read More

Аферата „фризерница“ и распределбата на европските пари од програмата „Еразмус“ стигна до Брисел. Европската Комисија отвори истрага и ќе испитува дали преку Националната агенција со која раководи Лидија Димова се злоупотребени пари за образование. – Сите наводи за злоупотреба се разгледуваат и онаму каде што станува збор за ЕУ фондови, секое нерегуларно трошење ќе биде идентификувано и ќе се врати назад, изјави Сузан Конзе, портпаролка на ЕК за образование. Случајот оди под лупа и во Финансиската полиција, кое за предистрагата пуштиле известување во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Ќе ги анализираат сите документи од добиените грантови. Директорката на…

Read More