Author: Нова ТВ
Ниту вилата во Неа Мудања, Грција, е на премиерот Зоран Заев, за што се пишуваше пред неколку години, а сега тоа го потврди и претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, ниту, пак, тоа е вистина за „хациендата“ на Касандра, за која се пишува сега и за која се утврди дека е на продажба од страна на грчка агенција на недвижности, чиј оглас е сè уште на интернет. Во пост на Фејсбук линкуван е напис од портал во кој се пишува за наводната „хациенда“ на „фамилијата Заеви“ на Халкидики: Од приложените фотографии новиот имот на фамилијата Заеви се четири огромни објекти, на самиот…
Новинарот и уредник Душко Арсовски е именуван за нов портпарол на Владата, соопштија од владината прес-служба. Тој е назначен на денешната владина седница, а покрај него, портпарол останува и Муамед Хоџа. Арсовски е новинар со дводецениско работно искуство, а на јавноста ѝ е познат лице од Македонската радио-телевизија (МРТ), каде од 2012 работи е уредник на надворешна политика, на централниот дневник, а во еден период и заменик главен уредник на информативната програма. овинарот и уредник Душко Арсовски е именуван за нов портпарол на Владата, соопштија од владината прес-служба. Тој е назначен на денешната владина седница, а покрај него, портпарол останува…
Информацијата дека сум дала грант од 270.000 евра на фризерница е замајување на јавноста, минувам низ тродневната голгота поради објавувањето на сторијата за злоупотреба на европски пари, изјави директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова на денешната пресконференција. -Би сакала да кажам дека сметам дека тродневната голгота се должеше на тоа дека во јуни месец објавив сторија за злоупотреба на европски средства од 2.2 милиони евра и од овде започна цела голгота, а ова е случај од лани кој е пријавен уредно во Брисел и за ова прашањата треба да ги поставите кај Јавниот обвинител,…
На лидерот на Златна зора и на шесттемина поранешни пратеници да им биде одредена затворска казна од 13 години, предложи надлежната обвинителка на денешното рочиште, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно Кривичниот закон, казните за формирање криминална организација се од пет до 15 години затвор. Предлозите на обвинителката за прогласените за виновни за учество во криминална организација е пет години затвор (за оние за кои беа земени предвид олеснителните околности) и седум години затворска казна за останатите. За убиецот на музичарот Павлос Фисас, обвинителката предложи доживотна затворска казна, додека пак за соучесниците осум години казна затвор. Рочиштето продолжува со…
Единствениот начин да се вратиме во нормала е да се појави, не прва генерација на вакцини, туку втора, која би можела да биде супер-ефикасна и да ја примат голем број луѓе. На тој начин, ќе ја елиминираме болеста на глобално ниво, рече Гејтс во интервју за Ен-Би-Си, пренесува Спутник. Гејтс додаде дека тоа е единствениот начин на кој светот ќе може да ги реши сите проблеми кои се појавиле, во образованието, менталното здравје. Според новиот стандард на Гејтс, кој ги смени размерите на очекувања кога станува збор за пандемијата од она што го рече пред само еден месец, Американците можеби…
Климатските промени претставуваат голема закана за глобалниот раст, предупреди шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева. На состанокот за климатски промени таа нагласи дека средствата потрошени за борба против Ковид-19, исто така, треба да бидат потрошени за зелени инвестиции. – Иако сме во центарот на кризата, треба да се мобилизираме и да спречиме климатска криза, потенцира Георгиева на состанокот со министрите за финансии од 52 земји. Групата земји, формирана во април 2019 година и предводена од министрите за финансии на Чиле и Финска, одржаа виртуелен состанок синоќа на маргините на годишниот состанок на ММФ и Светска банка. Кина и…
Евентуално вето од Софија на преговорите на С. Македонија би било апсурдно, бидејќи е спротивно на официјално декларираната политика на Бугарија за поддршка на евроинтеграциите на Западен Балкан, е оценка од бугарската експертска фела, а од Парламентот порака дека во надминувањето на недоразбирањата меѓу двете земји може да помогнат и законодавните домови. Бугарскиот политички аналитичар Иван Крастев во изјава за бугарски медиум посочи дека не очекува Бугарија да го блокира почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ бидејќи европската интеграција на Западен Балкан е стратешки важна за Бугарија, и оти при таков чекор Софија ризикува да се најде во…
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осудува заканите со тужба од страна на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност упатени кон онлајн медиумот А1он поради објавување текстови поврзани со ЕУ проекти спроведувани од Агенцијата. – Заканите за тужби, наместо со поставување аргументи или користење на правото на исправка или одговор претставуваат директен притисок врз работата на медиумите и обид за цензура. Оттаму секој вид на закани и притисоци врз новинари претставуваат загрозување на слободата на информирање и се апсолутно неприфатливи. Во ниту еден момент не треба да се заборави дека улогата на медиумите е…
Вакцините против Ковид-19 најверојатно ќе бидат достапни во декември или почетокот на 2021 година за доставување до регулаторите за одобрување, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). „Многу е охрабрувачки да се види напредок во клиничките испитувања што се случуваат низ целиот свет. Како што знаете, имаме околу 40 кандидати за вакцина во одредена фаза на клинички испитувања, а десет од нив се во трета фаза, а тоа се клинички испитувања во доцна фаза, што ќе ни дадат информации за ефикасноста и безбедноста“, изјави Сумја Сваминатан, главен научник на СЗО. Таа исто така рече дека најраниот датум кога вакцината може да се најде…
Нови поголеми овластувања на инспекциските служби за справување со прекршителите на КОВИД протоколите се предвидува во измените на Законот за заштита на население од заразни болести. Доколку инспекторите утврдат прекршување на здравствените протоколи, ќе имаат овластување на лице место да изречат привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена на правните субјекти кои не ги почитуваат мерките. Дополнително според новите висината на глобите ќе варира во зависност од големината на правниот субјект. На овој начин очекуваме дека ќе се обезбеди ефективност на санкцијата, а од друга страна ќе постои правичност, односно ќе им се даде можност на…
Софија треба ја смени својата позиција и начинот на размислување во однос на Скопје, смета бугарскиот универзитетски професор Михаил Иванов, кој беше советник за етнички и религиозни прашања на поранешниот претседател Жељу Желев во чиј мандат Бугарија ја призна Македонија како држава. Иванов во изјава за Бугарското национално радио вели дека се прави обид визијата на одредена група историчари да се наметне како политичка позиција. – Тоа не е коректно и не правилниот пат. Голем број истакнати бугарски историчари не размислуваат како историчарите во заедничката комисија утврдена со Договорот за добрососедство. Во меморандумот за објаснување, кој беше пренесен главно преку…
Веднаш да се расчисти случајот со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, повика вечерва вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Реагирајќи на случајот со со скопско фризерско студио кое добило грантови од над 270 000 евра преку програмата „Еразмус+“, Димитров оцени на фејсбук дека впечатокот е загрижувачки. За овој случај, опозицијата бара оставка од директорката на Националната агенција за европски образовни програми Лидија Димова, која, пак за утре најави прес-конференција за да ги изнесе словите аргументи.