Author: Нова ТВ

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), ја осудуваат непримерната јавна комуникација со обид за дискредитација, проследена со закани со тужба, кон нашите колеги од онлајн медиумот „А1он“ од страна на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова. -Во соопштението потпишано од Димова и Зоран Златковски, управител на „В.Е.З. Трејд“, објавено како реакција на текстот објавен од „А1он“ со наслов „Скопска фризерница добила над 270.000 евра европски пари за едукација“, има тенденција за дискредитирање на авторот на текстот, како и обиди за утврдување и оценување на новинарските…

Read More

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски за дуелот со Грузија в среда на Националната арена од Лига на нации, дополнително ги повика Љупчо Дориев и Енур Тотре од Шкендија, Дарко Мицевски од Вардар, како и дефанзивецот на Македонија Ѓ.П., Томе Китановски. Повик доби и Агрон Руфати од младата репрезентација до 21 година. Руфати нема право на настап против Израел за Македонија до 21 година поради жолти картони. Поради повреда од комбинација за настап во А репрезентацијата отпаднаа Бејтулаи, Адеми, Тошевски, а поради жолти картони ќе го немаме во составот и Енис Барди. Ферхан Хасани, исто така, нема да настапи против…

Read More

Премиерите на Бугарија и на Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев се убедени дека во следните денови ќе се најде решение за споровите меѓу двете земји, вели претседателот на Комитетот за надворешна политика во бугарскиот Парламент, Пламен Манушев. -Процесот е исклучително интензивен и се надевам дека овие работи ќе се случат во наредните денови. Премиерот Зоран Заев и нашиот премиер се убедени дека ќе се најде такво решение. Министерката за надворешни работи Екатерина Захариева го искажа ставот на Бугарија пред нивниот министер за надворешни работи. Цврсто се надевам дека ќе најдеме решение за овој спор и ќе го започнеме процесот…

Read More

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска побара од директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова пред јавноста да ги презентира сите информации за случајот со доделување финансиски средства од Европската унија. -Од директорката Лидија Димова, се очекува пред јавноста да ги презентира сите информации за случајот, со што ќе се даде шанса да се расчистат сомнежите за злоупотреба. Отворено, со присуство на медиумите, се разбира. Во меѓувреме, Владата и јас како Вицепремиер, очекуваме од надлежните органи во најкус можен рок да спроведат соодветни постапки, да го…

Read More

Претседателскиот кандидатот на демократите, Џо Бајден, води пред актуелниот претседател и кандидат за уште еден мандат Доналд Трамп со 55 отсто спрема 43, покажува анкетата која вчера ја објавија Еј-би-си њуз и на весникот „Вашингтон Пост“ Според анализата на Си-ен-ен, Бајден е доминантен во кампањата во однос на неговиот ривал и има забележлива предност, но Трамп се уште има шанси за победа. Анализата на предизборните анкети покажува и дека Бајден, во овој момент, е во подобра позиција од кој било претседателски кандидат од 1936 година досега, откако почнаа да се спроведуваат анкети врз база на нова научна методологија на истражување на…

Read More

Британскиот премиер Борис Џонсон попладнево го објави новиот систем на рестриктивни мерки против Ковид-19, што ќе се темели на класификацијата на ризиците во регионите низ земјата. Новиот систем на мерки, најави премиерот, се воведува со цел да се намали зголемувањето на бројот на заразени лица во одредени делови на Англија и да се поедностават постојните правила. Британската Влада денеска одлучи да го воведе новиот систем со ограничувачки мерки, по големото зголемување на бројот на заразени лица во одредени делови на Англија, особено на северот. Покрај тоа, неговата цел е да се поедностават постојните регулативи, кои варираат од регион до регион…

Read More

Европската унија продолжува да испраќа заштитна медицинска опрема на Западен Балкан, соопштија од Европската комисија. Во време кога бројот на заразени со коронавирусот расте низ цела Европа, од Европската унија преку заеднички залихи и Механизмот за цивилна заштита испратени се 130.000 заштитни медицински маски, како и заштитни одела, во Северна Македонија и Црна Гора, јави Танјуг. Во Брисел наведуваат дека заедничките европски резерви на медицинска опрема се создадени за да им се помогне на земјите кои се соочуваат со недостаток во контекст на епидемијата на коронавирус. Во исто време, Словачка преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ и понуди на Северна Македонија FFP2, FFP3 и хируршки маски, како и хигиенски пакети, ќебиња, шатори и генератори. Оваа поддршка доаѓа како додаток на 520 000 маски кои веќе…

Read More

Темата „Македонија“ е завиена со многу романтика и митологија, но крајно време е бугарската страна да стави крај на своите тврдења за македонскиот јазик, вели Доц. Д-р Стефан Дечев, историчар и предавач на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“, во емисијата на Блумберг ТВ Бугарија. „Убедени сме дека македонската нација и процесот на нејзино создавање, и покрај сите специфики и особености, не се разликуваат од процесите на создавање на која било друга нација. Македонскиот јазик е вештачки јазик до степен до кој сите стандардизирани јазици на овој свет. Мора да се разбере дека дијалект е само дијалект – нема име. Официјален јазик на…

Read More

Во центарот на Загреб утрово одекнале истрели. Во близина на зградата на Владата бил ранет полицаец, а напаѓачот подоцна бил пронајден мртов. Поради инцидентот, дел од градот е затворен, пренесуваат хрватските медиуми. Бројни полициски сили се наоѓаат на плоштадот, каде што се наоѓа седиштето на Владата, Парламентот и Уставниот суд, не е дозволен пристап за граѓаните, а хеликоптерите го контролираат градот. На околните улици полицијата за премин ги пушта само жителите кои живеат во зградите во близина. Дел од хрватските медиуми претходно објавија дека напаѓачот, кој подоцна бил пронајден мртов во Јабуковац, наводно пукал во зградата на Владата и Парламентот…

Read More

Владата на Република Северна Македонија ги известува граѓаните дека согласно влошувањето на состојбата со КОВИД-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји. Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа. Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемилошка состојба во регионот, во…

Read More

Премиерот Зоран Заев, ги повика истражните институции да ја проверат работата на Национална агенција за европски образовни програми. Тој во изјава за „А1он“ ја повика и директорката на Националната агенција, Лидија Димова, веднаш да излезе пред јавноста и да ги презентира сите детали во врска со распределбата на европските пари. „Гледам во медиумите вести кои кај граѓаните со право може да остават сомнеж за користењето средства од европските програми за мобилност, образование и млади. Тој сомнеж е оправдан ако се знае на кој начин власта на ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребуваше европските пари. Јас нема да дозволам да бидам рамнодушен ниту на сомнеж, ниту…

Read More

Шпанецот Рафаел Надал го победи Новак Ѓokоковиќ со 3-0, по сетови 6:0, 6:2 и 7:5 во финалето на Грен слемот Ролан Гарос. За Надал ова е 13 трофеј во Париз од неговото неговото во 2005 година, соборувајќи го сопствениот рекорд. Триесет и четиригодишниот Шпанец ја освои 20. Грен слем титула, израмнувајќи го рекордот на Роџер Федерер. Финалето траеше два часа и 43 минути. Покрај тоа, Надал ја намали разликата во меѓусебните средби со српскиот тенисер на 27:29 (18:7 на земја, 7:1 на Ролан Гарос). Наградниот фонд на Грен слемот во Париз изнесуваше 38 милиони евра.

Read More