Author: Нова ТВ
Шефот на претставништвото на Европската комисија во Австрија, Мартин Селмајер, во дебата на австрискиот јавен сервис ОРФ изјави дека граѓаните во Европа ќе добијат безбедна вакцина, бидејќи, како што изјави „идната вакцина ќе ги мине сите фази на тестирање“. Сепак тој ги намали очекувањата дека вакцината брзо ќе биде достапна за целото население. „Со „Ковакс“ имаме глобална иницијатива за развој и фер дистрибуција на вакцината, објасни тој во дебатата, додавајќи дека ќе биде потребно време за дистрибуција на вакцината и дека е потребно да се биде трпелив. Ризичните групи од населението и медицинскиот персонал, додаде Селмаер, први ќе ја примат…
Дефицитот во годинешниот буџет ќе изнесува 8,4 проценти, поради растот на расходите, најмногу од мерките за ублажување на економските последици од пандемијата со ковид-19, одлучи Владата на синоќешната седница, на која, меѓу другото, се утврди предлогот за изменување и дополнување на буџетот за 2020 година, кој треба да се усвои во Собранието. „Приходната страна на буџетот останува непроменета, а очекуваниот дефицит ќе се покрие со задолжување на домашниот пазар. Со ребалансот не се предвидени никакви импликации во однос на социјалните трансфери и пензии и тие ќе се исплаќаат редовно. Сите мерки од пакетите 1, 2, 3 и 4 за поддршка…
Министерството за здравство ја информира јавноста дека утрово, Комисијата за заразни болести донесе предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без PCR тестирање. Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите. Во Европската Унија сите граници на движење се без PCR тестирање. Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата на Република Северна Македонија.
Министерот за здравство Венко Филипче во вестите на ТВ21 посочи дека Владата ги прифатила предложените мерки од Комисијата за заразни болести. – Тоа значи дека повеќе нема да има гостување на пејачи и диџеи во угостителските објекти. Потсетуваме повторно дека немаа дозвола за работа, односно во ниту еден момент не добија дискотеките и ноќните клубови. Понатаму се намалува дозволената јачина на звукот на 55 db за да се одржи препорачаната дистанца и се намалува бројот на лица коишто седат на една маса од 12 на 4 лица, рече Филипче. Тој додаде дека овие мерки се едногласно донесени во Владата.
Во четвртиот пакет мерки, со цел поддршка на туризмот, ќе се вклучат и мерки кои ќе важат искучиво за туристичките агенции како најпогодени во здравствената криза. Премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи ги објави мерките со кои ќе им се помогне на туристичките агенции. За туризмот како една од најпогодените гранки од кризата, во четвртиот пакет предвидени се мерки за поддршка на плати за туристичките водичи, поврат на туристичката такса за 2019, како и грантови за туристички агенции, наведе премиерот Заев во објава на Фејсбук. Заев посочува дека на 150 регистрирани туристички водичи за октомври, ноември и декември, ќе им…
„Класична лажна вест е дека судот во Стразбур одлучил аболицијата на Иванов да важи. Она што е точно е дека пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, одредени лица обвинети или осудени во постапките на поранешното СЈО почнаа постапка со која ги проблематизираат тековните судски постапки во Северна Македонија, од аспект на аболициите на Иванов“, преку социјалните мрежи информираше министерот за правда, Бојан Маричиќ. -Eвропскиот суд за човекови права (ЕСЧП) на 25.09.2020 година, на одговор до Владата на Република Северна Македонија достави две групи на апликации кои се поднесени против државата пред овој меѓународен суд, a во однос на…
Христијан Мицкоски да си даде оставка од лидерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ и конечно да го исполни ветувањето кое го даде во предизборието. Ова во интервју за „Фокус“ го потенцира Игор Есмеров, поранешен амбасадор на земјава во Унгарија во периодот од 2014-2018 година и поранешен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека точно не знае кој е мотивот на актуелнит лидер толку цврство да се држи за фотелја во Белата палата, но претпоставува дека најреална причина за тоа е слабиот демократски капацитет.
Најмалку 16 пријави, кривични или прекршочни со платни налози, ќе поднесе Пазарниот инспекторат против угостителски објекти во Скопје, Тетово и во Струмица, откако при инспекциите во изминатата ноќ се утврдени прекршувања на протоколите и мерките за заштита од Ковид-19, како и пречекорување на работното време, изјави за МИА директорот на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски. И покрај забраната за организирање затекнати се свадбени церемонии во седум објекти, направени се записници и во наредните три дена ќе бидат преземени мерки за проднесување кривични пријави. Конкретно, казнети ќе бидат ресторан во Струга за организирање две свадби и на долниот и на горниот кат,…
Министерството за внатрешни работи во рамки на оперативната акција „бегалец“ презема интензивни мерки за пронаоѓање и приведување на лица кои се предмет на потрага, односно се бараат за издржување на затворска казна од казнено поправните институции во земјава. Од досега преземените активности во периодот од 15.09 до 01.10.2020 на територијата на Република Северна Македонија приведени се 59 лица за издржување на затворска казна до десет години и се спроведени во казнено поправните институции. Покрај тоа, во соработка со полициите од другите земји, обезбедени се повеќе лица кои се екстрадирани и пренесени во затворите во нашата држава. Од Германија е екстрадиран…
Медиумскиот магнат Си Ен Ен, од како што велат „нивни добро упатен извор“ информираат дека и покрај објавата на лекарите дека американскиот претседател Доналд Трамп се чувствува добро, сепак ситуацијата е спротивна. Имено повикувајќи се на својот извор, Си Ен Ен со информација дека „состојбата на Трамп е критична“ и дека „виталните функции на претседателот во последните 24 часа се загрижувачки и дека следните 48 часа ќе бидат клучни“. Трамп се уште не е на патот кон целосно закрепнување, изјавил изворот кој побарал да остане неименуван, пренесува Си Ен Ен.
Претседателот на САД, Доналд Трамп поради заразувањето со коронавирусот е префрлен во воена клиника. Тој напуштајќи ја Белата куќа на присутните новинари им покажа „палец нагоре“ и ги поздрави со раката. Трамп со маска на лице и во придружба на соработници помина неколку метри одалеченост до хеликоптерот со кој потоа беше префрлен во воената болница Валтер Рид во Бетезда, северно од Вашингтон. „Мислам дека ми оди многу добро“, рече Трамп во кусата видео порака снимена во Белата куќа, која ја објави на неговиот Твитер профил. Тој, како што рече, поради претпазливост заминува во болница. Неговата сопруга, како што додаде, се…
Денеска се навршуваат 25 години од неуспешниот обид за атентат врз првиот претседател на Македонија Киро Глигоров. Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието. Глигоров преживеа со тешки повреди на главата, а на местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а како последица на повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов. Повреден беше телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски и Климе Коробар и Јован Атанасовски, кои во моментов се затекнале таму.…