Author: Нова ТВ

Важно ни е да обезбедиме сместување за учениците и студентите кои ќе имаат комбинирана или настава со физичко присуство во училиштата и на факултетите, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска, по посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје. – По дадените критериуми, коишто беа објавени, во ученичките домови во 2020/2021 година се приемни 1.193 ученика. Согласно новите протоколи имаме слободни или отворени 1.058 места, а вишокот од 135 ученици се распоредени, зборувам за Скопје, во Студентскиот дом „Сенич“. 73 ученика коишто се од Битола и Струмица исто така ќе добијат можност да патуваат до своите места…

Read More

Во интервју за магазинот „Капитал”, вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи најави создавање на платформа #ЗаТатковинатаСоЉубов која ќе има за цел да ги спои врвните домашни експерти во функција на долгорочен економски развој на Северна Македонија. Покана да се приклучат во #ЗаТатковинатаСоЉубов, ќе добијат најеминентните економски експерти од сите политички партии, но и оние што не се членови на ниту една политичка опција. Вратата ќе биде отворена за сите кои искрено сакаат да придонесат во креирањето на една нова инклузивна платформа што има единствена мисија – севкупен општествен развој и подобрување на животниот…

Read More

Министерката за образование и наука, Мила Царовска по информациите дека директорот на гимназијата во Дебар без дозвола од Министерството организирал настава со физичко присуство најави дека за таквите постапки ќе следуваат законски санкции. „Секако дека можности за санкционирање постојат согласно законот. Одлуките на Владата се јасни и тие мора да се почитуваат, затоа што се во интерес на јавното здравје на населението. Јас разговарав со градоначалникот. Тоа е личен став на директорот и градоначалникот ми потврди дека прием на ученици со физичко присуство во таа гимназија нема да се случи, туку дека ќе се почитува одлуката на Владата, изјави Царовска. На прашање…

Read More

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја напушти резиденцијата во Белата куќа во 18 часот и 16 минути по локално време носејќи маска и костум. Иако ги поздрави медиумите мавтајќи кон новинарите, тој не застана да разговара. По него следуваше и началникот на Генералштабот Марк Медоус, исто така во маска. Трамп се качи на хеликоптерот „Marine one“ во 18 часот и 17 минути и веќе е пренесен во болница каде што ќе остане неколку денови. https://www.youtube.com/watch?v=SBSdbDtT4Mg Медиумите јавуваат дека првиот човек на САД имал покачена температура. Лекарот во Белата куќа кажал дека претседател е само изморен. Си-Ен-Ен јавува дека добил доза…

Read More

Групата земји против корупцијата (ГРЕКО), независна експертска група на Советот на Европа, во Извештај објавен денеска во Стразбур, оценува дека од 19-те препораки содржани во четвртиот извештај за проценка, посветен на превенцијата на корупцијата кај парламентарците, судиите и обвинителите, Македонија спровела на задоволителен начин девет, осум се делумно имплементирани и две не се спроведени, јави дописникот на МИА. Генерално, како што стои во заклучоците на Извештајот, направени се забележителни напори од страна на властите да ги променат релевантните законските рамки за оваа проценка. Во некои аспекти, напредокот останува делумен, бидејќи сè уште треба да се решат голем број празнини и…

Read More

Заврши средбата на министерот за здравство Венко Филипче и членовите на Комисијата за заштита од заразни болести. Состојбата со КОВИД-19 ќе се следи и следните денови, засега нема препораки за некакви порестриктивни мерки. По завршувањето на средбата, министерот за здравство истакна дека изманативе денови има голема бројка на дијагностицирани затоа и денеска и утре ќе биде направен увид во начинот на трансмисија, засебно во секоја општина. „Следните денови ќе следиме какви ќе бидат бројките на новодијагностицирани. Ова е навистина висока бројка во однос на претходните денови. Заклучивме дека денеска и утре треба да се направи увид за начинот на трансмисија…

Read More

Владата ќе го разгледа предлогот на Европската енергетска заедница за евентуално намалување на ДДВ-то кај електричната енергија од 18 на пет проценти, за да се намали цената на струјата. „Сè што е добро за граѓаните од старт ми е веднаш прифатливо, но претседател сум на Влада и мора да пресметаме да знаеме што значи тоа, секако, за стабилноста економска на државата,  финансиските ресурси на државата и изворите на помагање на македонското стопанство“, изјави денеска премиерот Заев. „Мораме да водиме грижа какво ќе биде влијанието врз севкупното обезбедување доволни ресурси во нашата економија. Но секоја идеја, секоја препорака е вредна за…

Read More

Премиерот Зоран Заев и помошник државниот секретар за енергетика и ресурси на САД, Францис Р. Фанон по денешната средба најавија енергетско поврзување на Македонија и Грција за снабдување на гас на земјата, но и регионот. Со тоа, според нив, ќе се воспостави пазар меѓу земјите од регионот. Вклучување на Македонија во изградбата на терминалот за течен гас во близина на Александрополис, како и поврзување на интерконекторот во Грција, преку кој ќе се добива природен гас од Азербејџан, најавија премиерот Зоран Заев и помошник државниот секретар за енергетика и ресурси на САД, Францис Р. Фанон по денешната средба во Владата. Заев…

Read More

Претседателот на САД, Доналд Трамп преку социјалните мрежи потврди дека тој и неговата сопруга Меланија се позитивни на корона вирус. „Вечерва, првата дама и јас бевме тестирани за ковид-19 и сме позитивни. Веднаш ќе започнеме процес на карантин и закрепнување. Заедно ќе го поминеме ова” објави Трамп на својот Твитер профил. По позитивниот тест за ковид-19, на својот Твитер профил се огласи и Меланија Трамп која напиша дека со сопругот се во карантин откако биле тестирани позитивни. „Се чувствуваме добро, ги откажав сите планирани активности. Ве молам, останете безбедни, низ сето ова ќе поминеме заедно“ објави Меланија на Твитер. Оваа вест доаѓа…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција изјави дека ќе биде внимателен во одговорите на барањата на Бугарија за решавање на прашањето за Гоце Делчев и за јазикот, бидејќи треба да се постигне решение што ќе носи придобивки на двете страни и ќе биде за добробит на Северна Македонија и на Бугарија. -Знаете дека сме фокусирани на можноста за брзо решавање на ова прашање што е исправено пред нас. Секако, гаранцијата на идентитетските прашања се потврдени со Договорот за добрососедство со Бугарија, а тоа е македонскиот јазик и македонскиот народ. Јас верувам дека сите тие документи, коментари кои излегуваат се само…

Read More

Ние сме влада за работниците апелирам до компаниите кои имаат акумулирани средства, а прикажале загуба, да им исплатат К-15 на своите работници, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Уште еднаш Законот и самите колективни договори  регулираат дека кога компаниите покажуваат загуба тогаш нивната задолжителност паѓа, но имаме компании што оваа  година ќе покажат загуба, но и имаат добра акумулирана добивка од претходните години или знаат дека веднаш загубата од 2020 има сериозен потенцијал да биде покриена во 2021 година, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата со помошникот државен секретар за енергетика на САД, Францис Фанон во Владата. -Затоа и Владата разви цела лепеза…

Read More

Генералното собрание на Обединетите нации ја прогласи 2021 година за Меѓународна година на мирот и довербата со цел да ги мобилизира напорите на меѓународната заедница да се обезбеди траен мир, солидарност и хармонија. Министерството за култура и Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија почнуваат иницијатива за приклучување кон прославата на оваа Меѓународна година со програма посветена на еден од великаните на македонската култура, Блаже Конески, по повод стогодишнината од неговото раѓање. Денот на кој се родил овој исклучителен културен деец е запишан и на Листата на УНЕСКО за одбележување значајни јубилеи во светот во текот на 2021…

Read More