Author: Нова ТВ
Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на предлог на претседателот Христијан Мицкоски, денеска го изгласа Ѓорѓија Сајкоски за нов генерален секретар на партијата. Сајкоски кој доаѓа на местото на Игор Јанушев, кој претходно си поднесе оставка од лични причини, во минатото има извршувано повеќе функции: Претседател на Совет на Општина Кичево во периодот од 2009 година до 2013 година, беше заменик министер во министерство за локална самоуправа и директор на ЈП „Студенчица“. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека членовите на ЦК на партијата го избрале и му дале поддршка на Сајкоски, оти веруваат дека тој одговорно ќе ја врши функцијата генерален секретар и ќе…
„Сојузна Република Германија го поддржува почетокот на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија до крајот на годината“, истакна германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас на видео средбата со неговиот македонски колега Бујар Османи. Околу барањата од Бугарија која поставува дополнителни услови за нашата земја за старт на преговорите, Мас изјави дека „преговори се водат на билатерално ниво и на ниво на ЕУ“ и додаде дека е оптимист дека овие прашања во скоро време ќе бидат затворени. За условите на Бугарија од меморандумот, Мас смета дека тоа мора билатерлано да се реши. „Што се однесува до јазикот, до името…
„По свадба тапани“ е потврдување на одлуките за прогласување вонредна состојба по нејзиното завршување, смета поранешната министерка за правда Рената Дескоска. Според Дескоска, одлучување на Собранието за потврдување на одлуките на претседателот за прогласување вонредна состојба имаат логика само додека трае вонредната состојба. Сега, после завршувањето на вонредната состојба, ова одлучување е беспредметно. „Уставот предвидува дека ако Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане. Целта на оваа одредба е Собранието да одлучи за траењето…
На овој ден пред две години 609.813 македонски граѓани го заокружија изборот „ЗА“ на референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, објави премиерот Заев на Фејсбук. -На овој ден пред две години 609.813 македонски граѓани го заокружија изборот „ЗА“ на референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“. Патот кој води до сигурна евроатлантска иднина доби повеќе гласови од победниците на сите парламентарни избори во историјата на независна Македонија. Резултатот на референдумот беше сигнал дека…
После денешната најава дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за потврда на одлуките за прогласување на вонредна состојба во март, април, мај и јуни, се огласија и од кабинетот на претседателот Пендаровски. „Претседателот Пендаровски ги донесе одлуките за прогласување на вонредна состојба во врска со пандемијата на КОВИД-19 во согласност со Уставот, врз основа на образложени предлози од Владата во кои беа наведени фактичките услови за нивното донесување, а Собранието беше распуштено, велат од кабинетот на Пендаровски. Лидерска средба 18.05.2020 Од кабинетот додаваат и дека дополнително, се одржуваа и тематски седници на Советот за безбедност, а во два случаи…
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласат за потврдување на петте одлуки на претседателот Стево Пендаровски. По координацијата е донесена одлука да не ги гласаат одлуките на претседателот Стево Пендаровски, за воведување на вонредна состојба во државата на почетокот од епидемијата со корона вирусот, бидејќи сметаат дека тој ја злоупотребил вонредната состојба во земјава за предизборни цели и заради лошо справување со пандемијата со КОВИД 19. Како што изјави пратеникот Антонијо Милошоски постојат три причини поради кои ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за одлуките на Пендаровски. -Затоа што тие биле донесени за справување со здравствената криза, а сега ситуацијата на тој план,…
Мик Шумахер и Калум Илот официјално ќе дебитираат во Formula 1 во текот на викендот за ГН на Ајфел на Нирбургринг, објави Ferrari, поточно FDA – Возачката академија на Ferrari. Мик Шумахер ќе се најде зад воланот на болидот на Alfa Romeo наместо Антонио Џовинаци на првиот слободен тренинг на Нирбургринг следниот месец. Калум ќе го вози болидот на Haas на првиот слободен тренинг во Нирбургринг, додека Роберт Шварцман ќе добие шанса во последниот петок од овогодинешниот шампиона во Абу Даби, пренесува додајгас.мк „Пресреќен сум што добив ваква можност. Фактот дека моето прво учество во Formula 1 викендот ќе се…
Вкупно 6,7 милиони евра е вредноста на договорите за итни јавни набавки за заштита од коронавирусот склучени во првите шест месеци од кризата, една третина од вредноста на овие договори отпаѓа на Министерство за внатрешни работи (МВР) кое со 2,2 милиона евра води според износот на склучените договори, 43 отсто од вредноста на сите тендери им припаднале на само пет фирми иако вкупно 186 добиле тендер поврзан со коронавирусот, за 68 проценти од склучените договори институциите ја прекршиле законската обврска да ги објават договорите во рок од десет дена од потпишувањето, на секој трет склучен договор за итните јавни набавки…
Сојузот на средношколци најави бојкот на наставата доколу во месец октомври при стабилна епидемиолошка состојба, надлежните институции не дозволат постепено враќање на учениците во училница, преку настава по комбиниран модел, објави Радио МОФ. „Во случај тоа да не се случи, секој ученик ќе ја бојкотира наставата во ноември. Ова не треба да се сфати како компромис, туку како ултиматум од еден месец до министерката Царовска и министерот Филипче“, истакна претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи, на прес конференција пред зградата на Министерството за образование и наука. Тој посочи дека голем дел од барањата на средношколците биле прифатени од надлежните.…
Отфрлена е тужбата на Еуростандард банка од страна на Управниот суд. Тужбата се однесуваше во врска со решението на Народната банка донесено од страна на гувернеката Ангеловска-Бежоска. Образложувајќи ја одлуката, Управниот суд наведува дека за Еуростандард банка е отворена стечајна постапка и согласно Законот за стечај и Законот за трговски друшства е извршена промена на податоците во Централен регистар и единствено областено лице е Душко Тодевски, стечаен управник, кој што има овластување да ја застапува банката. – Од овие причини, Управниот суд ја отфрли тужбата на тужителите поради непостоење на активна легитимација, а согласно членот 203 став 2 од Законот…
Разбирам дека се исцрпени и преморени целиот медицинскиот персонал за време на коронакризата и ќе направам сè што е во моја моќ да ги задржам во јавното здравство, вели министерот за здравство Венко Филипче, кој утрово се сретна со трите медицински сестри кои си дадоа отказ од Инфективна клиника. „Тие изминативе седум месеци се на првата линија во борбата со пандемијата. За нивната посветеност и неуморна работа им изразив огромна благодарност. Кога се работи во вака тешки услови, со многу стрес и замор разбирливо е да дојде до потреба за промена, за што целосно ги разбирам“, рече Филипче Тој разговарал…
По повод писмото на европратеникот Франц Ромео, во кое се изразува загриженост за непријатниот насилен инцидент против групата на Роми кој се случи неодамна, министерот за правда Бојан Маричиќ со одговор каде се споделува загриженоста за насилниот инцидент и воедно се потенцира очекувањето за брза реакција од надлежните органи за разрешување на случајот. -Полициските службеници кои учествуваа во случајот на употреба на прекумерна сила беа веднаш идентификувани од Секторот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и очекувам брзо и одлучно постапување на Министерството за внатрешни работи и понатаму на Јавното обвинителство со цел правдата да биде задоволена, стои…