Author: Нова ТВ
Министерот за здравство Венко Филипче најави дека многу скоро се очекува во болниците во нашата земја да бидат достапни брзи тестови за Ковид 19, посочувајќи дека Министерството за здравство планира надградување на стратегијата за тестирање, односно ново воспоставување на стратегијата за широко тестирање. Во моментов во земјава се активни 2303 случаи на заразени со Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 17 674 заболени лица, оздравени се 14 642 лица, а починаа 729 како последица од вирусот. – Последните неколку месеци на пазарот се подостапни брзи тестови за детектирање на вирусот (не на антителата). Меѓутоа се брзи и за…
По четири години судски процес напладне во Kривичниот суд во Скопје ќе биде изречена пресудата во случајот „Насилство во Центар“ каде е обвинет поранешениот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Тој на вчерашното рочиште каде се даваа завршни зборови ги отфрли обвинувањата против него и побара ослободителна пресудата. Јанакиески тврди дека обвинителството не докажало дека ги извршил кривичните дела за кои се товари. -Ниту сум прифатил, ниту сум дал насоки, ниту сум поттикнувал, рече Јанакиески во судот. Тој смета дека обвинението отсликува толкуван разговор од објавените „бомби“ и дека истото е креирано според исказот на осудениот сведок Томислав Лазаров.…
Министерот за здравство, Венко Филипче во емисијата „Топ тема“ изјави дека има големи шанси да се отворат границите со земјите од регионот. „Разговори има, но не сакаме да избрзуваме. Сепак, останатите земји немаат широк начин на тестирање, како што имаме ние“, соопшти Филипче и додаде дека во тек е набавка на брзи тестови за коронавирус, што ќе дадат резултати за 15 минути. „Дел од нив ќе бидат на граничните премини, а дел од нив по болниците“, истакна Филипче. Според Филипче, во некои клиники или болници ќе дојде до промена на директорските места, поради послаб перформанс во изминатиот период. „Нема да…
За време на посетата на Атина, со премиерот Мицотакис, разговраваме за аспектите на договорот од Преспа, за двата гранични премини што треба да се отворат меѓу двете земји и најмногу за економијата, истакна претседателот на Владата Зоран Заев, во интервју за Канал 5. Се уште има табли во грчка Македонија, како што велат тие, со ФИРОМ, се боревме да го тргнеме Фиром, а ние имаме обврска да го смениме името на археолошкиот музеј, во музеј на Северна Македонија, има работи што треба да завршиме, рече Заев. Зборувавме за двата гранични премини што треба да се отворат, Грција има добиено грант…
Доколку финансиската поддршка од Владата не стигне до работниците, компаниите „ќе јадат“ кривични пријави како што вели народот, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во вечерашното интервју за Канал 5. „Апелирам да на се повторат пропустите од претходниот период и работодавачите да ги почитуваат мерките и целта која сакаме да ја постигнеме. Освен тоа го стимулираме и враќањето на отпуштените работници и ако некоја компанија го направи тоа, ќе се стекне со правото да аплицира за оваа мерка, и јас ги повикувам да го направат тоа“, истакна премиерот Заев.
Прашањето за Гоце Делчев е работа на Комисијата за историски прашања, а не на политиката и верувам дека Комисијата, во духот на заедничката историја и заедничкото славење и овде ќе најде решение, истакна премиерот Зоран Заев, во интервју за Канал 5. Тој додаде дека договорот со Бугарија многу јасно предвидува градење на единство, сплотеност, добрососедство, пријателство, договорот е двонасочен, се однесува на давата народи е е потпишан и на македонски и на бугарски јазик, а идентитетските прашања, ниту една европска земја, ниту влада, ниту политика, која е проевроспка не ги става под прашање, тоа е прашање на самоидентификација. Важно е…
Поранешната министерка Гордана Јанкуловска попладнево беше спроведена во затворот „Идризово“, каде што треба да одлежи затворска казна од 4 години, за случајот „Тенк“. Од Кривичниот суд појаснуваат дека Јанкулоска не добила нов упатен акт за во затвор, бидејќи стариот, кој го добила по правосилност на пресудата, стапил на сила. „Во однос на раздвоената постапка за предметот од обвинителството означен како „Тенк“ против Г.Ј., а по објавените информации во дел од медиумите, ја информираме јавноста дека денеска (28.09.2020 год.) предметот од Врховниот суд на РСМ е вратен во Основниот кривичен суд Скопје. Предметот е распределен кај судија за извршување санкции кој…
„Ако имав вина, ниту јас, ниту моето семејство немаше да може да го издржиме овој притисок со кој се соочуваме повеќе години наназад, туку ќе признаев и ќе се молев за помала казна. Но, бидејќи јас немам никаква вина, стојам исправен пред вас, пред целата јавност, за да докажам дека немам никаква улога во овој немил настан, изјави поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески во завршните зборови за случајот „Шамари во Центар“. Изменетото обвинение за предметот „Шамарите во Центар“ пред давањето на завршните зборови, според обвинетиот поранешен министер Миле Јанакиески го дискриминира бидејќи нема еднаквост на оружјата. Во…
-Оваа година Меѓународниот ден на правото на пристап до информации од јавен карактер, ОН и УНЕСКО го посветија на остварувањето на ова право со услови на криза, и во услови кога за ова право се исполнети сите уставни и законски гаранции во демократските општества. Свесни дека пристапот до информации во време на криза спасува животи, Владата ги следеше принципите за отвореност на институциите, транспарентност и комуникација за најважните прашања и мерки во справувањето со КОВИД-19 од интерес за граѓаните, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук, потенцирајќи дека она што е најважно е токму пристапноста до информациите, транспарентниот пристап што Владата…
Министерството за образование и наука, информира дека течат тестирањата, на единствената Национална платформа преку којашто ќе се одвива наставата од далечина од први октомври годинава. „Тестирањето е дел од постапката за постигнување на целосна функционалност на платформата, и во тест фазата се детектираат и надминуваат сите предизвици. Со цел да обезбедиме потполно функционална платформа до почетокот на учебната година тестирањата продолжуваат и во наредните денови. Исто така, Министерството за образование и наука информира дека „во моментов се прават сите подготовки, тестирања и оптимизации на платформата“. Учениците викендов добија лозинки и упатства како да пристапат до платформата, а денеска требаше да одржат пробен час. Препораката беше…
Регистрирани се нови 48 случаи на ковид-19 во последните 24 часа се направени 387 тестирања, информира Министерството за здравство. Новите заболени се во: Скопје-20, Куманово-3, Дебар-1, Прилеп-3, Тетово-1, Струмица-4, Кочани-9, Пробиштип-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2. Во болнички услови се починати 4 пациенти од Скопје (73 и 62г), Куманово (69г) и Тетово (72г). Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од: Скопје-21, Куманово-3, Штип-2, Тетово-5, Струга-6, Битола-1, Гостивар-4, Гевгелија-2, Крива Паланка-2, Радовиш-3, Кочани-6, Пробиштип-2, Виница-2, Свети Николе-1, Кичево-1. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17674, бројката на оздравени пациенти е 14642, на…
Со оглед на исклучително распространетиот локален пренос на коронавирус, големиот број случаи во болниците и огромниот притисок врз здравствениот систем, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Црна Гора предложи воведување на дополнителни мерки за да се спречи ширењето на новиот коронавирус. Мерките се во сила од денеска. „Усвоените мерки ќе обезбедат да го сузбиеме интензивното ширење на епидемијата во првата половина на октомври и да ги зачуваме здравјето и животот на населението“, информираат од ИЈЗ и апелираат граѓаните да ги почитуваат доследно мерките. Од денеска до 12 октомври, поради зголемувањето на случаите на коронавирус во Никшиќ, Беране и Андријевица, ќе…