Author: Нова ТВ
Швајцарија денеска гласа на референдум за тоа дали да го раскине договорот со ЕУ за слободно движење на луѓето.Референдумот се споредува со кампањата за брегзит во Велика Британија, што доведе до одлука на државата да го напушти блокот. Поддржувачите на укинување на договорот велат дека тој ќе и овозможи на Швајцарија да ги контролира своите граници и да ги избере имигрантите што сака да ги прими, додека противниците предупредуваат дека таквата здрава економија ќе се втурне во рецесија и ќе ги лиши стотиците илјади швајцарски граѓани од слободата на живеење и работа низ цела Европа. Швајцарската Влада ги повика гласачите…
Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, 50 минути по полноќ регистрира земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 320 километри југоисточно од Скопје во соседна Република Грција. Земјотресот, соопшти Сеизмолошката опсерваторија, имаше локална Рихтерова магнитуда ML5.3, а беше почувствуван од населението на југоисточните делови од државава со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Здружението „Борка – за секој нов ден“ денеска организира настани во 14 градови во државава по повод кампањата за борба против рак на дојка „Race for the cure“, а во соработка со најголемата европска алијанса на пациентски здруженија „Think Pink Europe“. Централниот настан по повод кампањата ќе се одржи во Скопје со симболична обиколка околу Градскиот парк. Освен во Скопје, настани истовремено ќе се одржат и во Битола, Охрид, Прилеп, Ресен, Кавадарци, Велес, Струмица, Гевгелија, Валандово, Тетово, Гостивар, Дебар, Колани и Виница, со ангажман на подружниците на „Борка“ во тие градови, како и мобилизација на градоначалниците на општините и жените…
Битолчани денеска излегоа на улиците на протест против полициската бруталност. Протест беше организран откако пред некој ден битолчанец беше брутално претепан со клоци и пендрек од страна на полициски службеник. „Протестот беше најавен уште пред два дена затоа што сите знаеме дека бруталноста врз нашите граѓани Роми кој ашто ја направи полицијата во СВР Битола е тотално на најниско ниво за ромската популација. Ова е де-мобилизиран мировен протест затоа што вчера премиерот на нашата држава и министерот за внатрешни работи веднаш по нашето барање укажа, поточно ги прецизира преземените санкции против службените лица за злосторскиот чин кој го направија врз…
Едно лице почина, регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во последните 24 часа на направени 1559 тестирања, информира Министерството за здравство. Новите заболенис е во: Скопје-51, Куманово-12, Штип-6, Прилеп-6, Тетово-2, Струга-2, Велес-2, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-2, Гевгелија-5, Струмица-10, Крива Паланка-2, Кочани-5, Пробиштип-1, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-8, Кичево-2, Ресен-2, Неготино-2. Во болнички услови е починат пациент од Скопје на 79 годишна возраст. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 94 оздравени пациенти од: Скопје-25, Куманово-5, Дебар-1, Штип-6, Прилеп-5, Тетово-8, Струга-3, Велес-5, Битола-7, Гостивар-4, Гевгелија-5, Крива Паланка-1, Радовиш-3, Кочани-5, Берово-1, Виница-1, Делчево-1, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-6. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани…
Хрватска верува дека е време да се ревидира Дејтонскиот договор, нагласи хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на онлајн сесијата на Генералното собрание на ОН. – Како една од страните во договорот, Хрватска смета дека годишнината од договорот треба да се искористи за да размисли за нејзините достигнувања, но и за моменталната состојба во Босна и Херцеговина, со цел цврсто водење на таа држава на нејзиниот европски пат, рече хрватскиот премиер. пренесува „Јутарњи лист“. Пленковиќ посочи дека 2020 година, освен што е година на криза и година на јубилеи, е и година на одбележување на 25-годишнината од Дејтонскиот мировен договор. Според хрватскиот…
Засега нема потреба од допoлнителни рестриктивни мерки, бидејќи по иницијалното зголемување на бројот на заразени од Ковид -19 состојбата се стабилизира. Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека бројот на новодијагностицирани по иницијалното зголемување особено нагло во изминатата недела, се стабилизираше на близу десет проценти од вкупниот број направени тестови. – Тие контроли на случаите и увид во епидемиолошките анкети кои ги прават епидемиолозите сега засега не оставаат простор за некаква паника, односно дека има најава дека има неконтролирано ширење на вирусот, нешто што би требало да наметне потреба од некакви дополнителни рестриктивни мерки. Искрено…
Претседателите на Северна Македонија и на Словенија Стево Пендаровски и Борут Пахор денеска го посетија Кампот за обука на вода на Армијата на Република Северна Македонија, од каде ја следеа показната вежба на припадниците на специјалните сили на Армијата. На вежбата на која присуствуваше и началникот на Генералштабот на армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, беа демонстрирани постапки што се применуваат во ситуација на заложничка криза на пловен објект. Станува збор за операција со сценарио за ослободување заложници од пловен објект со препад. Полковник Сашо Лафчиски, началник на Одделението за специјални операција при Генералштабот на Армијата на Реублика Северна Македонија за самата…
Унгарските финансиски институции и телекомуникациската инфраструктура пред два дена претрпеле силен кибер напад од компјутерски сервери лоцирани во Русија, Кина и Виетнам, соопшти денеска телекомуникациската компанија „Маѓар телеком“. Институциите и инфраструктурата доживеале таканаречен DDoS напад во кој хакерите ја преплавуваат мрежата со невообичаено голем интернет сообраќај со цел да ја парализираат. Овој напад беше 10 пати помоќен од вообичаените DDoS напади, соопшти „Маѓар Телеком“. „Ова значи дека во однос на големината и комплексноста ова беше еден од досега најголемите хакерски напади во Унгарија“, додаде телекомуникациската компанија. Нападот се случил во неколку бранови, нарушувајќи ги услугите на некои финансиски институции и…
Во наредните четири години земјоделството и руралниот развој ќе ги поддржиме со годишна финансиска поддршка од 200 милиони евра и ќе вршиме навремена исплата на субвенции по принципот 30 отсто од висината на субвенциите за основните мерки да се исплаќа 30 дена по одобрувањето, а 70 отсто според календарот за исплата, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арианит Хоџа. -Во следните четири години ќе работиме на креирање на политики кои се во согласност со генералните обврски и насоки на државата за приспособување кон заедничката земјоделска политика на ЕУ. Наша задача е со стратегија и соодветна поддршка земјоделството да…
Во Битола се одржува протест против полициската бруталност организиран од организацијата АВАЈА. Овој протест е поттикнат од инцидентот што се случи неодамна, каде можеше да се види како претставник на полицијата тепа припадник на ромската заедница. АВАЈА е граѓанска иницијатива која има за цел да ги артикулира и промовира интересите на граѓаните роми пред сите засегнати страни. Протестот ќе биде одржан заедно со здруженијата Ромалитико, Романо Авази, Ромаверзитас, Баирска Светлина, Сумнал, Ромско Јато. Организаторите најавуваат мирен протест, а дополнително најавуваат дека при протестот ќе бидат почитувани сите мерки со обезбедена редарска служба, маски и дезинфикциони средства.
12-кратниот шампион на „Ролан Гарос“, Рафаел Надал одигра само три натпревари во последната половина година, но Матадорот се смета за главен фаворит на турнирот, со оглед на неговата историја во Париз. Шпанецот пристигна во престолнината на Франција пред неколку дена и ја коментираше неговата адаптација кон спецификите на турнирот оваа сезона. Тој ја сподели својата загриженост за ниските температури и топките со кои ќе игра, откако тие може да доведат до повреди. – Условите оваа година се многу тешки. Времето е екстремно ладно, што е дефицит за сите нас. Денес температурата беше во опсег од 9-10 степени, и ова се…