Author: Нова ТВ

Министерот за правда Бојан Маричиќ ијзави дека механизмот како ќе се прави ревизија на дел од судските процеси сè уште се прецизира но нагласи дека први на тапет треба да се случаите кои се од висок профил на корупција и организиран криминал.. Тој не исклучува под контрола да се најдат и случаите или пресудите кои ги суделе судиите кои беа нотирани во извештајот на Стејт департментот и извештајот од Прибе. – Имаме извештаи на Прибе и на Стејт депратментот во кои многу јасно се прецизирани структурите во судството и поединечни луѓе. Дел од тие веќе не се во дел од…

Read More

Двајца пациенти со Ковид починаа, а 152 се дијагностицирани во последните 24 часа, информира Министерството за здравство. Новите 152 заболени се од направени 1630 тестирања тоа во: Скопје-58, Куманово-5, Дебар-2, Штип-5, Прилеп-4, Тетово-5, Струга-6, Велес-1, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-2, Гостивар-1, Гевгелија-6, Струмица-14, Кочани-18, Пробиштип-1, Берово-4, Валандово-4, Делчево-3, Свети Николе-3, Кичево-2. Во болнички услови се починати се 2 лица, пациент од Охрид (77г) и пациент од Радовиш (62г). Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти од: Скопје-32, Куманово-17, Штип-5, Прилеп-7, Тетово-7, Струга-6, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Гостивар-1, Гевгелија-15, Струмица-5, Крива Паланка-2, Кочани-7, Пробиштип-1, Пехчево-5, Берово-2, Виница-3, Делчево-1, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-1.…

Read More

Не постои никакво прашање околу ратификацијата на договорите со Северна Македонија, изјави портпаролот на грчката, Влада Стелиос Пецас, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на натписите во дел од медиумите во Грција, но и на објавата на портпаролот на СИРИЗА на социјалните мрежи, дека Нова демократија, не може да најде пратеник кој би бил известувач во Парламентот за трите билатерални договори со нашата земја. Пецас објасни дека Нова демократија „како опозиција направи сѐ што можеме за да го спречи“ Договорот од Преспа, но сега кога Грција, во односите со Турција се повикува на меѓународото право,…

Read More

Од нашите сојузници, вклучително и од пријателска Бугарија, очекуваме да помагаат, а не да одмагаат, изјави попладнево министерката за одбрана Радмила Шекеринска како одговор на изјавата на нејзиниот бугарски колега Красимир Каракачанов дека Бугарија не е против, но смета дека не е време за одржување на меѓувладината конференција за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија во ЕУ. –  Ако нешто научивме во овие 30 турбулентни балкански години е дека емоциите не се добар сојузник во решавањето на билатералните прашања. Ние покажаваме дека со сите наши соседи можеме да бидеме пријатели. Покажаваме и дека сме подготвени да инвестираме во таков…

Read More

Судот за поттикнувачите на насилствата пред Општина Центар Никола Груевски и Миле Јанакиески треба да бидат најстроги за да се одвратат сите други од такви намери во иднина, изјави во завршниот збор обвинителката Фатиме Фетаи на денешното судење за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година. Фетаи рече дека од снимените разговори се слуша како првообвинетиот Груевски на 1 јуни 2013 година телефонски од второобвинетиот Јанакиески побарал да се организира протест на поголема група луѓе пред Општина Центар. Груевски заедно со Јанакиески преку лицето Томислав Лазаров ги поттикнале лицата градоначалникот Андреј Жерновски да добие неколку шамари и биде исплашен…

Read More

Владата предводена од СДСМ презеде ефикасни и навремени мерки за полесно справување со економските последици предизвикани од коронавирусот и покажа дека се грижи за секој еден граѓанин, а истовремено креира и развојна економија со цел успешно справување со кризата, соопштува оваа партија. Само преку мерката “купувам домашно”, 26.8 милиони евра завршија кај 309.000 граѓани со цел да се поттикне приватната потрошувачка и да се зајакне куповната моќ. Од нив 16.5 милиони евра се наменети за 113.000 невработени граѓани и граѓани кои се приматели на социјална помош.Преку 5.4 милиони евра за 111.000 вработени граѓани со ниски примања. Над 4 милиони евра…

Read More

Жилијет Греко, пејачка, глумица, културна икона и муза на француските егзистенцијалисти по Втората светска војна, почина во нејзиниот дом во Раматјел, во јужна Франција, близу Сен Тропе. Имаше 94 години. Како што велат нејзините почитувачи и обожаватели, во нејзината седумдецениска кариера, со експресивните очи и длабокиот, рапав глас, наследени од нејзините предци Грци, најчесто облечена во црно, таа ги направи бесмртни некои од најпознатите француски песни, како што се класиците „Под париското небо“ и „Мразам недели“. Жилиет Греко е родена на 7 февруари 1927 година во Монпеље и „по осаменото детство, без татко и без љубовта на нејзината мајка“, како…

Read More

Германија стави поголем број региони од 11 европски земји на списокот на ризични области за патување поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус и ги предупреди своите граѓани да не патуваат во нив. Нови на денеска објавениот список се неколку региони од Чешка, Франција и Португалија, пренесуваат британските медиуми. Според германското Министерство за надворешни работи, германските граѓани се предупредуваат да не патуваат во Чешка, освен во регионите на Устечки и Моравија-Шлезија, во француските региони на Централната долина на Лоара, Бретања и Нормандија и поширокиот регион на португалска престолнина Лисабон. Германија предупредува на опасноста од патување во областите каде бројот…

Read More

Главната расправа по предметот познат како „Меѓународен сојуз“ што требаше да се одржи денеска во Кривичниот суд во Скопје е одложена поради тоа што еден од обвинетите е се уште во болница откако врз него бил извршен оперативен зафат. -Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следата главната расправа по предметот со КОК бр. 49/20 во јавноста познат како „Меѓународен сојуз“, ја информираме јавноста дека главната расправа насрочена за денеска (24.09.2020 година) се одлага со оглед да еден од обвинетите сеуште е хоспитализиран по извршен оперативен зафат, соопштуваат од Кривичниот суд Скопје. Советот за оценка на обвинителен акт…

Read More

Судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година влегува во завршна фаза со изнесување на завршни зборови од обвинителството и одбраната. На денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје прв завршен збор треба да даде Обвинителството. Случајот го води судијата Душко Јосифовски, а застапници на обвинението се Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи. Во „Насилство во Општина Центар” обвинети се 14 лица, а првообвинети се поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранечната советничка од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и осум други лица. Тие се товарат…

Read More

Финска распореди дресирани кучиња на аеродромот во Хелсинки кои откриваат патници заразени со новиот коронавирус. Четири кучиња од различни раси, обучени од финското Здружение за откривање на мириси, од средата почнаа со „работа“ на аеродромот во Хелсинки. Четири месечното истражување на алтернативни методи за тестирање на Ковид-19 е проект финансиран од финската Влада. Финска се одлучи на такво тестирање откако во студија на Ветеринарниот факултет на Универзитетот во Хелсинки навести дека дресирани кучиња можат да го откријат новиот коронавирус со сто проценти сигурност. Патниците кои се согласија бесплатно да се тестираат на аердромот во Хелсинки не мораа да имаат директен…

Read More

Повеќе од 32 милиони лица во светот се заразени со коронавирус, покажуваат најновите податоци на инетренет страницата „Worldometar“, САД и натаму се најтешко погодената земја од пандемијата со Ковид 19, бидејќи во неа се заразени повеќе од седум милиони лица, а над 200.000 веќе умреа. На второ место е Индија со речиси шест милиони заразени и повеќе од 91.000 смртни случаи. Бразил се наоѓа на третото место според бројот на заразени, со 4,6 милиони и на 138.000 умрени. Русија е на четвртото место во светот и на прво во Европа, со 1,1 милиони инфицирани и речиси 20.000 умрени лица. СЗО…

Read More