Author: Нова ТВ

Собранието доцна синоќ во рамки на 13-та седница, со 62  гласа „за“, 44 против и без ниту еден воздржан ги избра замениците министри во Владата. За заменик министер за одбрана е избран Башким Хасани, Назим Буши во Министерството за внатрешни работи, а во ресорот правда Агим Нухиу. Илхан Рахман е нов заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, а Фатмире Исаки за заменик-министер за надворешни работи. Во Министерството за финансии заменик министер ќе биде Димитар Ковачевски, а во Министерството за економија Зоран Маневски. Во ресорот земјоделство, шумарство и водостопанство заменик министер ќе биде…

Read More

Во граѓанскиот суд во Скопје започна подготвително рочиште во кое шефицата на Јавното обвинителство за организиран криминал и на корупција, обвинителката Вилма Русковска ги тужи ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Игор Јанушев како овластен претставник на Коалицијата и Христијан Мицкоски како претседател на партија ВМРО-ДПМНЕ. Постапката се води поради двата предизборни спота на партијата во која е преставен нејзиниот лик како некој што работи по нарачка на владејачката СДСМ. На денешното рочиште беа презентирани дел од доказите на Русковска, а по него правниот застапник на ВМРО-ДПМНЕ Панче Тошковски рече дека две работи се важни поради…

Read More

Пандемијата со Ковид-19 веќе има заразено 5.000.421 лице во Европа и 227.130 смртни случаи. Ден претходно беше надминат симболичниот праг од 200.000 жртви во САД, каде има најмногу смртни случаи од Ковид-19. На стариот континент, повеќе од 380.000 нови случаи се потврдени во изминатите седум дена, што е најголем број заразени во рок од една недела во регионот по избувнувањето на пандемијата. Ова зголемување на инфекциите делумно се објаснува со зголемувањето на бројот на тестови во некои европски земји, како што е Франција, каде што се прават повеќе од милион тестови неделно. Со оглед на наглиот пораст на инфекциите во…

Read More

Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ соопшти дека ги започнала испитувањата во фаза Три на потенцијална вакцина за новиот коронавирус. Досега вкупно четири потенцијални вакцини ја достигнаа последната фаза на тестирање во САД. Иако вакцината е зад потенцијалните кандидати на „Фајзер“, „Модерна“ и „АстраЗенека“, таа има некои потенцијални предности доколку се покаже безбедна и ефикасна. За разлика од другите потенцијални вакцини, кандидатот на компанијата бара само една доза, а не две, што ја олеснува кампањата за имунизација. Исто така, не бара да се чува на екстремно ниски температури за разлика од другите. „Џонсон и Џонсон“ објавија дека првите дози може да…

Read More

Безбедносната состојба во земјава и регионот е стабилна и нема индиции дека би можел да биде загрозен територијалниот интегритет. Најголемата криза со која и денес сме соочени е пандемијата со Ковид-19 која останува најважен предизвик и во следните месеци, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност. Тој истакна дека надлежните институции во континуитет ги следат сите ситуации кои потенцијално би можеле да прераснат во посериозен безбденосен проблем, вклучувајќи и евентуално нов бран на мигрантска криза. Според сегашните проценки, не се очекува развој на пандемијата кој ќе има влијание на општата безбедност во земјата. Важно…

Read More

Регистрирани се нови 183 случаи на ковид-19 во последните 24 часа се направени 1769 тестирања, информира Министерството за здравство. Новите заболени се во: Скопје-51, Куманово-7, Дебар-4, Штип-1, Прилеп-15, Тетово-13, Струга-4, Велес-3, Битола-6, Охрид-5, Кавадарци-5, Гостивар-9, Гевгелија-3, Струмица-7, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Кочани-20, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-3, Виница-4, Делчево-5, Свети Николе-3, Ресен-2. Починати се 5 лица, пациент од Скопје (51г), од Дебар (68г), од Крива Паланка (58г), Радовиш (71г) и пациент од Кочани (66г). Сите се починати во болнички услови. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 102 оздравени пациенти од: Скопје-38, Куманово-12, Штип-5, Прилеп-8, Тетово-3, Струга-4, Битола-12, Кавадарци-3, Гостивар-2, Крива Паланка-2,…

Read More

Премиерот Зоран Заев кажа дека Гоце Делчев е македонски револуционер, одговарајќи на новинарско прашање за негов став дали Делчев е Бугарин или Македонец, на утринската прес-конференција во Владата со евроамбасадорот Дејвид Гир. Сепак, кажа Заев, факт е дека и Бугарите го сметаат Делчев за свој револуционер. „Гоце Делчев е македонски револуционер, но исто така е факт дека Бугарија и Бугарите го сметаат за бугарски револуционер. Факт е дека го имаме ние Делчево, град кој го носи неговото име, има и Бугарија Гоце Делчев град. Имаме споменици насекаде низ Северна Македонија и Бугарија. Заедно со премиерот Бојко Борисов се поклонивме во…

Read More

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните три години по сите основи – редовен работен однос, привремени вработувања и ангажирање на договор на дело. Истражувањето покажува дека од 2017 до 2020 година, вкупниот број на вработени во министерствата пораснал за 3 проценти (односно за 540 луѓе), а во општините за 2 проценти (односно за 154 луѓе). Најголем скок на бројот на нововработени има во полицијата (за 570 луѓе), а најголем пад во одбраната (168 помалку). Кај општините, пак, најголемо зголемување на вработените има во Бутел (за 122…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска преку видео-порака ќе се обрати на Генералната дебата во рамки на 75. Генерално Собрание на Обединетите Нации, што годинава, поради пандемијата од КОВИД-19, се одвива без физичко присуство на светските лидери во седиштето на Светската организација во Њујорк. Видео-пораката, како што соопшти кабинетот на претседателот, ќе биде емитувана во салата на Генералното Собрание на ОН, кадешто ќе бидат присутни претставници на секоја од земјите-членки. Предвидено е обраќањето на претседателот Пендаровски да биде емитувано на сесијата што започнува во 15:00 часот по средноевропско време. Темата на 75. сесија на Генералното Собрание на ОН е „Иднината што ја…

Read More

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е пуштен од берлинската болница „Шарите“, каде што се лекуваше откако, според германските власти, бил отруен од нервен агенс „Новичок“. Во соопштението се наведува дека неговото здравје е подобрено, но дека последиците од труењето се уште не можат да се проценат, пренесуваат британските медиуми. На Навални му се слошило за време на летот од Сибир кон Москва, по што авионот принудно слетал во Омск, а на 20 август беше префрлен на лекување во Германија.

Read More

МТСП останува на ставот дека нема потреба од продолжување на породилното отсуство. Владината одлука во вонредната состојба за затварање на градинските доведе до ситуација мајките, родителите да останат на продолжено породилно боледување да се грижат за децата. И оттука стоиме на ставот дека со отворање на градинките ова одлука престанува да важи, изјави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпанкса. Одлуката на Владата за отворање на градинките да стартуваат со работа на 9 септември  беше донесена на 2 септември, што им остави простор од две недели на родителите да се подготват и организираат. Воедно со самото отворање на…

Read More

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска на Генералното собрание на ОН нагласи дека Кина мора да одговара пред светот за своите постапки во врска со пандемијата Ковид-19. Во снимената порака објавена на годишниот состанок на ОН, Трамп го обвини Пекинг дека дозволил коронавирусот „да ја напушти Кина и да го зарази светот“. „Обединетите нации мораат да ја сметаат Кина за одговорна за своите постапки“, наведе тој.

Read More