Author: Нова ТВ

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 24 до 30 август 2020г. направени се 9.944 тестирања на вирусот SARS-CoV-2, а регистрирани сe 666 нови позитивни случаи што претставува намалување од 20,6% во однос на претходната недела. Новорегистрирани случаи има во 29 градови во државата, а најголем дел се од Скопје – 31,4%. Во истиот период, во 23 града, или 7 повеќе во однос на претходната недела, бројот на ново-дијагностицирани е под 20. Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 6.7% што претставува намалување од 0,8% во однос на претходната…

Read More

Во последните две и пол години државните институции набавиле вкупно 392 нови патнички возила за што потрошиле 8,1 милиони евра, покажуваат податоците од истражувањето и базата на податоци што денеска ги објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). -Една четвртина од набавените нови возила се поскапи од 30.000 евра. Најмногу нови возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи, 46 „пасати“ по 39.000 евра секој. Сепак, најскапото возило го купило Општина Струга и чинело 66 илјади евра. Средната вредност на возилата купени од државните институции изнесува 17 илјади евра, покажуваат податоците. ЦГК наведува дека меѓу марките возила убедливо водат „Шкода“…

Read More

Состојбата е стабилна, вклучително и состојбата со болниците каде практично секаде има слободни болнички капацитети, изјави министерот за здравство Венко Филипче, на вчерашната прес конференција. Во однос на состојбата со коронавирусот согласно последниот извештај на Институтот за јавно здравје, од случаите во изминатата недела, Филипче информираше дека хоспитализирани биле вкупно 71 од новозаболените што е намалување од 40,3 проценти во однос со претходната недела. -Овој тренд го следиме во сите институции, каде се лекуваат ковид-пациентите, што е многу важно во однос на менаџирање на целокупниот болнички капацитет. Во болницата Козле останати сè уште неколку возрасни пациенти. Верувам од крајот на неделата понатаму…

Read More

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска и утре треба да биде сослушан од истражителите на Специјалното обвинителство за воените злосторства во Косово. Од неговиот кабинет и од ДУИ тврдат дека тој е повикан како сведок за неговата улога во ОВК. Нема информација дали тој ќе сведочи во седиштето на обвинителството во Хаг или во Приштина. Меѓународните обвинители побарале Ахмети да биде два дена на располагање за неговото сведочење. Лидерот на ДУИ минатиот месец на неговиот фб профил објави дека ќе сведочи на покана од Специјалното обвинителство со седиште во Хаг, кое ги истражува злосторствата за време на војната во Косово,…

Read More

Кај ТЦ Мавровска претпладнево почна уривањето на дивоградбата. Донесена е градежна механизација, а локацијата ја обезбедува полицијата. Уривањето го врши ЈП за Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта. Владата на Република Северна Македонија на својата прва седница одржана вчера донесе одлука да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да донесе одлука за ангажирање на потребна механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изграден градежен објект што се наоѓа пред ТЦ Мавровка, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени…

Read More

Туристичките работници очекуваат од новата Влада и Министерството за економија веднаш да преземат мерки за секторот туризам кој, како што велат, е најпогоден од Ковид кризата. – Нашите барања се веќе доставени до министерот за економија Крешник Бектеши, кој е запознаен со огромните проблеми со кои се соочивме со затворањето на границите и неможноста да продолжиме да работиме и да егзистираме. Се надеваме на слух и разбирање од нивна страна, бидејќи помошта ни е неопходна за да можеме да опстоиме, велат туристичките работници. Напоменуваат дека доаѓаат есенските и зимските денови, кои се сметаат за мртов период, а со неможноста да…

Read More

Хоспитален оддел, поликлинички педијатриски и неонатален оддел и 24/7 ургентен центар со три интензивни неги – неонатална, кардиохируршка детска и педијатриска се дел од новата најсовремена Педијатриска болница, која се наоѓа во комплексот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Новата Педијатриска болница, која е единствена од ваков тип во регионот, е распространета на површина од 4.000 квадратни метри и содржи и педијатриски ургентен центар, педијатриска кардиохирургија со интензивна нега и интервентна педијатриска кардиологија, дневна болница, Центар за рано откривање и третман на деца со сите форми на развојно доцнење. Во болницата се вклучени 210 врвни професионалци. Во целата Педијатриска болница се…

Read More

Протоколите за училиштата Комисијата за заразни болести ги работеше со големо внимание и во нив е објаснето се од влез до излез на учениците, информира министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција. Тој истакна дека препораката која ја даде Комисијата е во контекст на максимална претпазливост и превенција од понатамошно ширење на епидемијата од ковид-19. „Интензивно работевме со претставници на Министерството за образование и наука. Ги разгледувавме сите аспекти на состојбата со епидемијата, трендовите во однос на случаите од минатите недели, начинот на кој вирусот се пренесуваше, според податоците од епидемиолошките прашалници – во смисла на тоа да…

Read More

Доколку наставник е позитивен на коронавирус се презема истиот алгоритам како и кој и да е позитивен во училиштето. И оставаме епидемилозите да ја проценат ситуацијата, направат анкета и предложат мерки што треба да се преземат итно во училиштето, во одделението, со децата и со наставниците. Ова денеска на прес-конференција го соопшти министерот за образование и наука Мила Царовска, одговарајќи на прашање на НОВА. Таа појасни дека доколку наставникот е во можност, ќе држи настава онлајн, во домот, доколку е во изолација. – Доколку станува збор за наставник кој ќе појави симптоми и ќе треба да има лекување, тогаш ќе…

Read More

Учебната година може да почне со комбиниран модел и секаде каде што се исполнети условите од здравствените протоколи наставата ќе се реализира со физичко присуство во училиштата, независно од одделението и возраста на децата, предвидува Планот за почеток на учебната 2020/2021 година од 1 октомври што го усвои денеска Владата на својата прва седница. Планот на Министерството за образование се  базира за потребата да се добијат максимални придобивки за учениците, вработените во училиштата и пошироката заедница, а воедно да не дојде до ширење на КОВИД-19, рече на прес-конференција министерката за образование и наука Мила Царовска. Во овој план, појасни Царовска,…

Read More

Нови 115 нови случаи на ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа на направени 1665 тестирања, информираат од Министерството за здравство. Новите заболени се во: Скопје-34, Куманово-10, Штип-14, Прилеп-15, Тетово-3, Струга-13, Битола-4, Охрид-4, Гостивар-2, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Виница-3, Делчево-1, Свети Николе-2. Во болнички услови е починат пациент од Гостивар на возраст од 76 години. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациент од: Скопје-64, Куманово-74, Дебар-28, Штип-30, Прилеп-5, Тетово-48, Струга-9, Битола-6, Охрид-3, Кавадарци-20, Гостивар-36, Гевгелија-1, Струмица-4, Крива Паланка-6, Радовиш-1, Кочани-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Кратово-1, Свети Николе-9, Кичево-12, Неготино-1. Вкупната бројка…

Read More