Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Во Собранието денеска треба да се одржи продолжението на 39-тата седница на која се останати уште 24 точки на дневен ред меѓу кои како последна е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поднесена од пратениците од пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива. Интерпелацијата во Собранието е примена на 24 февруари годинава, а 12 пратеници на Коалицијата Алијанса за Албаниците и Алтернатива наведуваат дека „по бегство на Груевски и наводното бегство на Мијалков, бараат одговорност од Спасовски“. Пратениците од опозициските партии на Албанците посочуваат дека по ова Спасовски „повеќе не може или не треба да…
„Новото нормално“ за оние кои живеат во градските домови е дека, и денеска, по една година, никој од нив не излегол подалеку од малиот двор на институцијата во која се наоѓа.
Заев: Со дигитализација на судството до поголема ефикасност и транспарентност на правосудните органи
На последната владина седница е усвоен Планот за дигитализација на судството за 2021 година. Со овој процес ќе се постигне поголема ефикасност и транспарентност на правосудните органи, олеснет пристап до правосудните постапки и намалени трошоци, сподели премиерот Зоран Заев. „Планот содржи активности кои ќе се одвиваат во повеќе фази, започнувајќи од измени на постоечката легислативна рамка како основа за преземање процесни дејствија (е-маил и е-достава) со учесниците во постапките, ИКТ алатки за судења на далечина или изведување само на некои докази на тој начин, обезбедување на судовите со соодветна ИКТ опрема, интернет конекција и други потребни уреди за изработка на…
Претседателот на Централната изборна комисија Илирјан Целбаши денешниот изборен ден во земјата го оцени како успешен. Не го сокри задоволството особено што во земјата за прв пат се спроведе електронско идентификување на гласачите. – Изборниот ден мина во мирна атмосфера. Денот може да го оцениме како успешен. Проблемите што се појавија околу електронска идентифкација не влаеја врз текот на гласањето. Ваквиот вид идентифкација се случува за првпат, што во глобала успешно го реалзираме, исто како и електронското гласање во едено избрачко место во Тирана, што беше пилот проект, рече Целибаши. Тој побара смиреност, да не се манипулира со изборни резултати…
Портпаролот на Министерството за правда Александар Видиновски за емисијата „25 Минути“ најави дека преку измените на Кривичниот законик нападот брз новинарите ќе се третира како напад врз службено лице, за што се предвидени затворски казни. – Овие измени на Кривичниот законик во Министерството за правда се веќе направени, пратени во Владата и поставени на увид. По завршувањето на периодот за забелешки тие ќе бидат изгласани од Владата и пратени понатаму во собраниска процедура. Очекувањата се дека во втората половина на мај тие ќе се најдат пред пратениците за гласање, истакна Видиновски. Според портпаролот на Министерството за правда во измените на…
Продолжуваат недоразбирањата на релација Пауновски – Влада. Откако денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Стојко Пауновски, изјава дека не добил никакво укажување од Владата за неговото однесување, со реакција на твритер се огласи владиниот портпарол. – Пауновски е детално информиран за неговото непостапување – ДПИ доби дописи на 5, 10 и 21 април од министерствата за политички систем и информатичко општество и администрација. Имаше и повеќе усни укажувања. Во меѓувреме не побарал средба, не разговарал и не предложил начин на решавање на евентуалните предизвици, се вели во твитер реакцијата на портпаролот на Владата. Во меѓувреме не побарал средба, не…
Меѓународни експерти од Советот на Европа денеска презентираа физибилити студија за подготовка на предлог Законот за потекло на имот пред вицепремиерот Љупчо Николовски, се вели во соопштението од неговиот кабинет. Од таму додаваат дека студијата дава покомплетна слика за потребата од носење на вакво законско решение, односно ќе треба да се докажува на кој начин е стекнат имотот и капиталот, во случај кога постои сомневање дека стекнатиот имот и капитал на некој функционер ги надминува редовните оданочени приходи. Вицепремиерот Николковски претходно соопшти дека со новото законско решение имотот и капиталот ќе бидат предмет на проверка, а нелегално стекнатиот имот ќе…
„Туристичко-угостителскиот сектор е најпогодениот сектор од почетокот на кризата предизвикана од пандемијата и затоа во рамки на Шестиот пакет економски мерки, предвидена е финансиска поддршка од 30.750 денари за сите музичари, членови на здруженијата на музичари, како и за лиценцираните туристички водичи, кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход под 15.000 денари“, објави премиерот Зоран Заев. Според него, категоризираните туристички агенции ќе бидат поддржани со 1,4 милиони евра. „Притоа туристичките агенции со А лиценца ќе добијат до 5.000 евра, а туристичките агенции со Б лиценца ќе добијат до 2.000 евра. Како дополнителна поддршка и помош за…
„Денеска ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на местото на злосторот, денеска ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски повторно протестира за одбрана на насилството. Старо ВМРО-ДПМНЕ, стара песна остатоци од мрачното минато денеска излегоа на улица, го славеа насилството и режимот со истата хушкачка реторика, со истата насилничка кореографија од пред четири години и со прекршување на протоколите за заштита од ковид 19“, изјави на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Според неа, Христијан Мицкоски, Јанко Бачев, Димитар Апасиев, инсталациите на Никола Груевски денеска застанаа зад насилството, зад осудените лица кои упаднаа во Собрането на 27 за да спречат транзиција на власта и…
„Протестот е практично одраз на целокупната состојба во општеството, народот е незадоволен. Народот денеска е излезен во поддршка на луѓето кои што го бранеа Уставот“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од протестот пред Собрание и додаде дека – еден ден неправедно осуден човек е како цела вечност. „Бидејќи имаме судска пракса за повторно отворање на случаи, не гледам причина зошто и овој случај да не се преотвори и луѓето од слобода да имаат втора шанса да се бранат и да ја докажат својата невиност“, додал Мицкоски. На денешниот протест се бараше слобода за уставобранителите, осудени за настаните на 27…
„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно застанаа зад насилството, зад осудените насилници. Луѓето кои вооружени, жедни за крв упаднаа насилно во Собранието на 27 април, кои пред камери се обидоа да убијат пратеници, денеска ВМРО-ДПМНЕ ги нарекува чесни луѓе и уставобранители“, вели пратеникот од СДСМ, Миле Талески. Според Талески, пратениците од Прилеп, Ане Лашкоска и Петар Ристески заедно со нивниот шеф Христијан Мицкоски ги испорачуваат нарачаките кои стигнаа од Будмипешта – да бранат како што вели криминал и криминалци. „Кога треба да се носат законите важни за граѓаните Ристески и Лашкоска блокираат, кочат, го напуштаат Собранието, но први се кога треба…
Состојбата со епидемијата бележи надолен тренд, мерките дадоа резултати. Сепак, искуството ни покажа дека таа многу брзо може да се дестабилизира доколку не се почитуваат мерките. Пред нас следат празници, слободни денови и убаво време. Да ги искористиме одговорно, да не се групираме и да не ги кршиме мерките за заштита, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Има, посочува министерот, многу начини да поминеме квалитетно време во кругот на семејството и најблиските, а да останеме заштитени од вирусот. -Од следната недела пристигаат поголеми количини на вакцини и ќе ги подигнеме капацитетите за вакцинација на максимум. Ве…