Author: Нова ТВ

Кај околу 800 милиони деца се пронајдени нивоа на олово од 5 микрограми на децилитар или повеќе, според студијата на УНИЦЕФ и групата за животна средина „Чиста земја“ (Pure Earth). Tие нивоа се сметаат за доволно високи за нарушување на нормалниот развој на мозокот, на нервниот систем и на виталните органи како што се срцето и белите дробови

Read More

Илјадници бегалци и мигранти умираат, додека многумина се соочуваат со екстремни кршења и злоупотреби на човековите права за време на нерегуларните патувања помеѓу Западна и Источна Африка и африканскиот средоземен брег, се вели во новиот извештај кој излезе вчера во соработка помеѓу УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци и Центарот за мешани миграции (ММЦ) при Данскиот совет за бегалци. Извештајот насловен „На ова патување, никој не се грижи дали ќе преживееш или ќе умреш“ – Злоупотреба, заштита и правда на рутите помеѓу Источна и Западна Африка и африканскиот средоземен брег, зборува како повеќето лица кои тргнале по овие рути се…

Read More

Албанскиот Парламентот со мнозинство гласови го усвои постигнатиот договор меѓу мнозинството и парламентарната, но не и вонпарламентарната опозиција за измена на членовите 64 и 68 од Уставот со што се укинуваат изборни коалиции. Изненадување во гласањето, како што и се очекуваше, немаше. За измените гласаа 106 пратеници, против беа 10 додека шест пратеници не присутвуваа на седницата. Вонпарламентарната опозиција, предводена од Демократската партија на Љуљзим Баша, се спротивстави на овие измени, сметајќи дека се еднострани и штети за неа. Дебатата следуваше по серија средби на Политичкиот совет во кој членуваат претставници од сите страни, но без никаква полза, бидејќи партиите…

Read More

Не два милиона евра, колку што првично објави директорката на УЈП, Сања Лукаревска, туку станува збор за 10 милиони евра што работодавачите ги задржале од државната финансиска поддршка што беше наменета за исплата на плати на работниците, објави ТВ Телма повикувајќи се на извори од Владата. Меѓу над 4.500 компании има и медиум

Read More

Православна христијанска црква е предвидено да се изгради во реонот на сирискиот град Хама во која за богослужби за христијани во државата и од странство, објави турскиот весник „Сабах“, кој се повикува на либански медиуми. Според нив, новата црква ќе биде копија на Света Софија во Истанбул која од пред неколку дена е претворена во џамија со одлука на турската Влада. Првичната идеја била на Николас Балбаки, кој е владика на Грчката православна црква во градот Хама во Сирија каде црквата има официјално претставништво. Претходно проектот бил претставен и на командата на руските вооружени сили кои се дислоцирани од Сирија…

Read More

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека не разбира зошто САД треба да ја штитат Германија од Русија по одлуката за повлекување на дел од воениот контингент во оваа земја. „Германија ѝ плаќа на Русија милијарди долари годишно за енергија, а ние треба да ја браниме Германија од Русија. Зошто?“, напиша Трамп денеска на Твитер. Тој додаде дека „освен тоа Германија заостанува со два отсто исплати за НАТО. Затоа преместуваме дел од трупите надвор од Германија“. Пентагон синоќа објави дека повлекува 11.900 војници од Германија од кои 6.400 се враќаат во САД, а околу 5.600 ќе бидат стационирани во други држави…

Read More

Комисијата за заразни болести прифатила да го разгледа барањето на Независната угостителска комора (НУК) и на Здружението на естрадни уметници (ЗЕУМ) за укинување на забраната за организирање на музички настани во угостителските објекти. НУК и ЗЕУМ очекуваат тоа да се случи уште утре. Нивни претставници, како што соопшти НУК, претпладнево имале работна средба со Комисијата во Министерство за здравство, на која го образложиле барањето. Притоа е договорено, досегашната точка 13 од Протоколот која вели: „Забрането организирање музички настани во отворен и затворен дел од објектот“ да се смени и да гласи: „Се дозволува музички настап на естрадни уметници во угостителски објекти…

Read More

Премиерот Оливер Спасовски апелира на дијалог во населените места во Општина Боговиње како начин за изнаоѓање на заедничко прифатливо и добро решение за сите со цел и граѓаните на Синичане да добијат вода за пиење што е можно побрзо. За мене, наведува тој во објавата на Фејсбук, единствено што е важно е да се постапува по закон и Устав и да не се дозволи да имаме анархија и постапување вон законските прописи. „Ги почитувам и поддржувам нашите сограѓани од Општина Боговиње и многу е важно да имаме решение на нивниот проблем што ќе дојде низ законски рамки. Апелирам низ дијалог…

Read More

Прашањето поврзано со копнените граници и евентуалното нивно отворање за државјаните на соседните земији е меѓу темите што се разгледуваат на видеоконференцискиот состанокот за Ковид-19 на грчкиот премиер Крјакос Мицотакис со министерот за здравство и неговиот заменик, со заменик-министерот за цивилна заштита, со претседателот на Националната организација за јавно здравје како и шефот на експсертската комисија во Министерството за здравство на Грција. Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, на денешниот редовен бифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на копнените граници, односно дали постои размислување за нивно отворање за државјаните на соседите земји,…

Read More

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело – Оддавање службена тајна, информираат од ОЈО Скопје. Во текот на првата половина на јули, како што информираат од скопското обвинтелство, обвиниетиот како главен и одговорен уредник на интернет портал, направил достапни на јавноста податоци од Управата за безбедност и контраразузнавање, сегашна Агенција за национална безбедност, до кои дошол на противправен начин. Според внатрешните прописи на Агенцијата, објавените информации се класифицирани како службена тајна чие откривање има или може да има штетни последици за Агенцијата за национална безбедност. – На 9 јули на…

Read More

Изненаден сум од изјавата на Авдулах Хоти дека во Брисел се пишува конечен договор. Ние не знаеме ништо за тоа. Ќе бараме да разговараме за неисполнување на она што беше потпишано во април 2013 година, а тоа е Заедницата на српски општини, изјави Александар Вучиќ на прес-конференцијата во Претседателството на Србија. Српскиот претседател додаде дека „пред Србија не се лесни и едноставни денови, што се однесува до Косово“, и дека ќе бидат потребна многу сила и енергија за да се зачува позицијата на искрен партнер, како и да се обиде да се постигне компромис. – Делегацијата на Србија, предводена од…

Read More