Author: Нова ТВ

Новозаболени се регистрирани во 29 градови, при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (37,3 отсто – благо намалување во однос на претходната недела) и во Штип (16,1 отсто благо зголемување во однос на претходната недела). Во 17 градови во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20

Read More

Твоите грешки ги плаќа ВМРО ДПМНЕ, а тие резултираа со два изборни пораза на претседателските и на парламентарните избори, а ги загуби и локалните избори во Охрид и во Ново Село. На сите овие избори, вклучително и на последните, ти си тој што директно одработи за СДСМ, му порача екс шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој претходно обвини дека тие што бараат негова оставка. „Доколку оставиме на Заев и СДСМ да бираат, ќе те изберат тебе за уште десет пати по ред да те згазат на избори, а ти да ја бараш вината…

Read More

Лидерот на ДУИ Али Ахмети информираше дека денеска во Скопје имал средба со лидерот на БЕСА, Билал Касами, откако претходно двајцата имале телефонски разговор. „Со Касами го поздравивме завршувањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули и заеднички ја прифативме позитивната оценка на меѓународната заедница, а особено ОБСЕ. За време на конструктивниот состанок, се согласивме да продолжиме со напорите за евроатлантскиот пат на земјата, како и на долгоочекуваните реформи кон владеење на правото, преку отоврен и постојан дијалог“, напиша Ахмети на фејсбук. Покрај тоа, Ахмети се осврна и на опозициските партии на Албанците, со кои изразува надел дека ќе има…

Read More

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини. Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) апелира на прилагодување на брзината на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Read More

Ваквиот негов став доаѓа на ден по откривањето од Сања Лукаревска, директорка на Управата за Јавни Приходи (УЈП), дека околу 700 фирми аплицирале и добиле финансиска поддршка од државата за исплата на плати за месеците април и мај, но не трансферирале дел од парите на своите вработени

Read More

Во време кога главна тема на политичките дискусии, последните денови од овој месец, се фокусирани на дебатите меѓу партиите околу уставните измени,со кои се укинуваат изборните реформи, вечерва силна порака упати претседателот Илир Мета. Шефот на државата, подвлекувајќи го значењето на политичкиот дијалог, ги повика партиите да го зачуваат духот на резултатите од договорот за изборните реформи од 5 јуни „што е многу важно за започнување на преговорите со ЕУ“. „Твроглавоста во инсистирањето до датумот 30 јули, кој е поставен без да има конкретна цел, не е во интерес на Албанија, туку и штети на нејзината стабилност и европскиот пат,напиша…

Read More

Во група од 94 мигранти спасени на море и доведени на Малта, 65 се позитивни на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство на Малта. Тоа е најголемото жариште откриено на Малта од почетокот на епидемијата на коронавирусот што избувна на 7 март. Националноста на заразените се уште не е објавена. Министерството за здравство соопшти дека досега биле тестирани 85 мигранти, додека другите чекаат да бидат тестирани.

Read More

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги категорично ги отфрла наводите на Здружението на новинари на Македонија дека директорот на Агенцијата, на седницата одржана на 15 јули се обидел да влијае на членовите на Советот, да донесат одлука на штета на телевизите Алсат-М и ТВ Телма. -Советот на Агенцијата, како што е утврдено со закон, одлуките ги носи со мнозинство гласови од вкупниот број членови, врз основа на материјали подготвени од Стручната служба. Извештаите за надзор, меѓу другото, содржат констатации од надзорот, опис на прекршувањето и предлог-мерка. За време на одржувањето на седница, вообичаена пракса е да се…

Read More

Каталонија забрани неформални забави на отворено популарни кај младите луѓе, со предупредување дека сите кои ќе учествуваат ќе бидат казнети со парична казна до 15.000 евра. Мерката беше објавена еден ден откако лидерот на каталонците, Ким Тора, рече дека оние кои учествуваат во традиционалниот „ботељон“, каде што младите се собираат ноќе на улица или во парковите за да споделат пијалоци и да се забавуваат, постапуваат неодговорно. Каталонија е најтешко погодена од новиот коронавирус со 75.613 случаи, вклучително и 10.134 во последните две недели. Каталонската Влада во петокот нареди затворање на сите ноќни клубови, додека баровите и рестораните затвораат на полноќ…

Read More

Белорускиот претседател Александер Лукашенко изјави денеска дека бил позитивен ан Ковод-19 и дека се опоравил од болеста. Тој болеста ја поминал асимптоматски, без симптоми, објави Ројтерс. „Денеска гледате човек кој ја победи короната на нозе. Лекарите вчера тоа го констатираа, асимптоматски“, изјавил Лукашенко за време на состанокот со претставниците на армијата. Лукашенко е познат по тоа што од почетокот на пандемијата не сакаше да воведе карантин или да ги затвори границите за да не се рашири вирусот. Особено што стравот од болеста го нарекуваше психоза и советуваше лекување со вотка или користење сауна.

Read More

27 јули: Најголемиот тест за вакцина против Ковид-19 во САД 30 илјади волонтери земаат учество во финалното тестирање на потенцијална вакцина развиена од американската компанија Модерна инк и Националниот институт за здравје. Резултатите не се очекуваат пред ноември, вели раководителот на НИЗ. 20 јули: Универзитетот Оксфорд создаде вакцина која продуцира антитела за Ковид-19 Научници објавија дека откриле експериментална вакцина против Ковид-19 која дава имунолошки одговор кај луѓе помеѓу 18 и 55 години. -Гледаме добар имунолошки одговор кај речиси сите-, рече доктор Адриан Хил директор на Институот Џенер при Универзитетот Оксфорд. 16 јули: Британија вели дека Русија стои позади хакерски напад…

Read More