Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) апелира на прилагодување на брзината на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.