Author: Нова ТВ

Официјална политика на ЕУ од 2003. година е членство на Западен Балкан во ЕУ. Германија заговара процес на проширување. Но, каде сме денес, речиси 20 години по самитот во Солун и среде пандемијата на коронавирус? – Време е да се признае дека неолибералната трансформација на Балкан доживеа неуспех, пишува Гудрун Штајнакер која меѓу 1976. и 2016. поминала 13 години на Западен Балкан, на крајот како германска амбасадорка во Северна Македонија и во Црна Гора

Read More

Солидарноста и заедништвото ни се потребни за да ја надминеме секоја тешкотија со која како општество ќе се соочиме, напиша утрово на својот Фејсбук профил претседателот на државата, Стево Пендаровски, потсетувајќи се на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули во 1963 година. „Секој #26јули се сеќаваме на кобното утро во 1963 кога силниот земјотрес ги однесе животите на над 1000 наши сограѓани, илјадници беа повредени, а многумина ги изгубија своите домови“, напиша Пенударовски. Се сеќаваме, додава претседателот, и на солидарноста и помошта која пристигна од целиот свет. „Во тешките денови кога се справуваме со пандемијата на #КОВИД19…

Read More

Во севернокорејскиот град Кесонг е прогласен целосен карантин, откако едно лице за кое се сомнева дека е заразено со коронавирус нелегално ја минало границата, изјави лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-Ун. Ова е првпат од почетокот на глобалната пандемија Северна Кореја да пријави дека постои коронавирус на нејзината територија. Ким Џонг-Ун свикал анти-епидемиолошки состанок за да „преземе превентивна мерка за целосно блокирање на градот Кесонг и изолирање од 24 јули на секоја одделна област од другите“, наведува државната агенција КЦНА. Властите ќе се обидат да ги следат сите контакти на заболениот од Ковид-19 во последните пет дена.

Read More

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени  16. 056. 133 лица. Од нив починале 644. 872,  а оздравеле 9.819.403 лица. – Бројот на заразени со коорнавирусот денеска во светот надмина 16 милиони, покажуваат податоците на веб-страницата на „Worldometers“. Пред само четири дена, во светот имаше милион помалку заразени лица. Најзаразени се уште се САД со 4,2 милиони, Бразил со 2,3 милиона и Индија со 1,3 милиона. – Во Австрија во последните 24 часа се регистрирани 124 нови случаи на инфекцијата. По четврти пат неделава, бројот на заразени е троцифрен. Во изминатите 24 часа едно лице…

Read More

Во Штип за девет часа наврнале 19 литри дожд на квадратен метар, пет во Скопје – на мерната станица Зајчев Рид, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи за мерењата на наврнат воден талог до 17 часот. Нестабилна облачност која наместа беше проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер почна да се развива околу пладне и попладне. Како што соопшти попладнево УХМР, процесите биле поинтензивни во атарот на Светиниколско и во регионите на Кичево, Велес, Маврово и Скопје. Дневните температури се над 30-тиот степен: 30 во Берово и Крива Паланка; 31 во Охрид, Тетово и Претор;  32 во Виница, 33…

Read More

Откако со нејзино посредство партиите во Албанија ја договорија и веќе ја изгласаа изборната реформа, американската амбасадорка Јури Ким, денеска порача дека треба да се заокружат правосудните реформи, што „нема да бидат лесни, но се неопходни“. Во објавата на Твитер, амбасадорката Ким вели дека некои сонуваат дека Националното биро за истраги (БКХ) т.н. албански ФБИ, никогаш да не се воспостави и се надеваат дека правдата никогаш нема да се оствари, но тоа нема да се случи. „Се чини дека некои сонуваат дека БКХ (Националното биро за истраги) никогаш нема да се воспостави и се надеваат дека правдата никогаш нема да…

Read More

Крајбрежните делови на американската сојузна држава Тексас се подготвуваат за ударот на ураганот „Хана“, што според американскиот Национален центар за набудување на ураганите се очекува попладнево или вечерва по локално време. „Хана“ утринава беше класифицирана како тропска бура, а се наоѓаше на околу 145 километри источно-североисточно од Порт Мансфилд, во Тексас, предизвикувајќи ветрови со бризина од околу 120 километри на час, пренесуваат британските медиуми. Се очекува ураганот дополонително да се засили пред да го погоди копното од правец на Атлантикот, но потоа, движејќи се на копно, брзо ќе ослабне, соопшти Центарот, чие седиште се наоѓа во Мајами, на Флорида.

Read More

На свечена седница денеска претседателот на Државна изборна комисија, Оливер Деркоски ги додели уверенијата на пратениците во новиот собраниски состав од изборите одржани на 15 јули. Освен Левица, ДПА и Алијанса за Албанците сите други ги подигнаа уверенијата за пратеници. Во името на Демократска унија за интеграција денеска уверенијата ги подигна нивниот претставник, Фитин Лога, кој на сите пратеници им посака успешна работа истакнувајќи дека изборниот процес поминал во ред и без никакви забелешки. – Јас како овластен претставник на ДУИ денеска ги подигам уверенијата за сите наши пратеници од изборите одржани на 15 јули. На сите им посакувам успешна…

Read More

Досегашниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денеска  официјално му ја предаде должноста министер за внатрешни работи на Агим Нухиу, кој беше негов заменик во МВР. – По денешното примопредавање на должноста, согласно со постојните законски одредби, Нухиу ќе раководи со Министерството до изборот на нова Влада на Република Северна Македонија, односно до изборот на нов министер за внатрешни работи, соопшти МВР.

Read More

Според конечните резултати што денеска ги објави претседателот на Државната Изборна Комисија (ДИК), Оливер Деркоски, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освоила 327.408 гласа, односно 35,89 отсто, коалицијата „За обнова на Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ – 315.344 гласови или 34,57 отсто .Партијата ДУИ освоила 104.699 гласови или 11,48 отсто, коалиција АА/А освоила 80.000 гласови или 8 отсто, „Левица“ – 37.426 гласови или 4,1 отсто и ДПА – 13.930 гласови или 1.53 отсто

Read More