Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Светскиот ден на интелектуална сопственост – 26 април годинава во фокусот ги става малите и средни претпријатија. Директорот на Државниот завод за заштита на индустриската сопственост Горан Герасимовски во интервју за МИА вели дека заштитата на правата е многу важна и дека таа е еден вид основа за лансирање нов, иновативен производ или започнување бизнис, односно градење бренд. -Многу е важно да се напомене дека само доколку производот на компанијата е заштитен може да се добие битката против имитирањата и злоупотреба. Во спротивно, ризикот е навистина голем. Дополнително, со заштита на правата од индустриска сопственост се зајакнува позицијата на извозните…
Зошто младите заминуваат од земјава, кои се причините, што стои зад нивната одлука да го напуштат родното огниште и да се обидат својата иднина да ја градат на друго место. Дали секогаш е материјалниот бенефит или има тука и нешто друго што ги влече да остават се и да заминат во странство, најчесто засекогаш… Еден од нив е Никола Буџакоски од Охрид, млад човек, дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии на катедрата за компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Уште како стипендист во ИТ…
И Јанкулоски и Пановски се херои во ова време-невреме во Македонија. Целта им доаѓа од душата – да им се помогне на луѓето во неволја и да им се даде позитивна енергија.
Епидемиолошка состојба со Ковид-19 се очекува наредните денови да биде анализирана од Комисијата за заразни болести, по што ќе биде одлучено дали ќе има нови мерки за време на претстојните велигденски празници. Постојните мерки за ограничување на движењето и другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на Ковид-19 се со важност до 27 април. Според министерот за здравство Венко Филипче, иако состојбата со Ковид-19 се стабилизира мора да останеме максимално внимателни. Граѓаните треба максимално да ги почитуваат мерките кои се на сила, а посебно треба да бидат внимателни за претстојните празници кои се голем…
Словенечката влада вчера се огласи и соопшти дека „ниту го земала во предвид ниту дискутирала за таканаречениот нон-пејпер споменат во извештаите во изминатите неколку дена, што предизвика бура од реакции“ во регионот. „Владата и нејзините тела, исто така, не зедоа предвид, подготвија или дискутираа за кој било извештај од 2011 година, како што е наведено од г-дин Мустафа Цериќ во писмото до поранешниот претседател Милан Кучан, ниту наводниот нон-пејпер што се однесува на тоа, ниту се занимаваше во кој било друг контекст со распадот на Босна и Херцеговина споменат во наводниот нон-пејпер“, се вели во соопштението. Ниту Министерството за надворешни…
Обвинувања за мешање во внатрешните работи на Турција и осуди по одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да признае турски геноцид врз Ерменците во 1915 година за време на Отоманското царство. Турското Министерство за надворешни работи објави дека одлуката на САД не се заснова на правна основа и ќе „отвори длабока рана“ во билатералните односи. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу реагираше само неколку минути откако Белата куќа го објави соопштението. Со реакција на Твитер се огласи и портпаролот на турското претседателство Ибрахим Калин. Тој напиша дека земјата ги отфрла изјавите на Бајден и рече дека тој само ги…
Американскиот претседател Џо Бајден на денот кога ширум светот се одбележува Денот на сеќавање на жртвите од геноцидот врз Ерменците, призна дека Турците масакар за време на Османлиското царство во 1915 година. Оваа историска декларација може да ја налути Турција и потенцијално дополнително да ги наруши нестабилните односи меѓу двата НАТО сојузници. Потегот од една страна е симболичен, но сепак значи прекин на децениската практика на внимателното користење термини што доаѓаат од Белата куќа за да не се навредат Турција и нејзиниот лидер Ердоган. Претходниците на Бајден го признаа масовното убиство на Ерменците, но не го користеа терминот геноцид поради…
– Преземањето на административните службеници се врши преку распоредување на вработениот на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот на систематизација во институцијата во која се распоредува или се презема, се вели во соопштението од Владата на Република Северна Македонија. Од таму истакнуваат дека сите институции имаа целосен и детален увид во планот за распределба кој содржи податоци за сите вработени кои треба да бидат преземени и распоредени, податоци за нивото на работното место на тековното вработување, податоци за стекнатото образование, како и називот на институцијата…
– Не е коректно да ја коментирам постапката за избор на виши обвинители но ќе има и други огласи кадешто ќе може повторно да се конкурира, вели министерот за правда Бојан Маричиќ околу одлуката за Ленче Ристоска да не биде избрана за виш обвинител. Тој во изјава за ТВ21 вели дека проценката е исклучиво на Советот на јавни обвинители. – Мислам дека не е спорно дека таа е квалитетен обвинител, тоа го покажала на дело. Всушност, владата во договор со обвинителството ја предложи за претстваник во Евроџаст, тоа е европската мрежа за судско обвинителстка соработка во Хаг, каде што таа…
На последните три средби на Комисијата не гледам желба за напредок кај бугарските колеги, а тоа се должи на политичката ситуација во Бугарија, вели Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот тим во Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања. Ѓорѓиев посочи дека на одржаниот онлајн 13. состанок на Мешовитата комисија на која изминатите два дена не се постигна никаков резултат, се разговараше за македонските учебници за седмо одделение, додека темата Гоце Делчев воопшто не била отворена на барање на бугарската страна. Наведува дека двете страни останале на истите позиции и главна причина што нема резултат, е различната перспектива на средновековието,…
Согласно членот 14 од Законот за инспекциски надзор, со инспекторатот раководи директор на инспекторат, кој го именува и разрешува Влада во согласност со законот. Така што директорите на инспекторатите се именуваат и разрешуваат на владини седници од страна на Владата, вели претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашковска во интервју за МИА во врска со најновите случувања во Државниот пазарен иснпекторат, каде директорот Стојко Пауновски не прифаќа да вработи 35 лица преку програмата К-5, а по што премиерот Зоран Заев најави дека тој ќе биде разрешен. Актуелна деновиве е темата Пауновски-Заев, во врска со рамковните вработувања, откако директорот на ДПИ…
Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција извршило претрес во простории на Правниот факултет, а преку соопштение објави дека одземени се неколку компјутери, но не се пронајдени материјали за испити за идните судии и обвинители, како и дека софтверот за приемни испити на Академијата за судии и обвинители не е одземен. Според информациите биле претресени простории кои ги користел Даниел Станчев, управител на „Инвока гроуп“, фирма преку која, како што беше објавено изминатиот период, бил набавен и софтверот за тестирање на кандидати за Академијата за судии и јавни обвинители. Преку „Инвока гроуп“ е направена и спорната набавка…