Author: Нова ТВ

Владата денеска донесе измени и дополнувања на протоколите за работа на кафулињата и на угостителските објекти за исхрана со кои се укинуваат ограничувањата за седење на две лица на една маса и ограничувањето на една маса да седат четворица под услов ако се семејство. На седницата, како што соопшти владината прес-служба, е заклучено Комисијата за заразни болести да го разгледа прашањето за давање дозвола за транзит со приватно возило низ територијата на Северна Македонија за државјани на Србија, на Косово, на Црна Гора и на БиХ што не беше опфатено со мерките за државјаните на овие земји.

Read More

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски појасни дека појавената разлика во бројките што биле соопштени од претходно е поради одредени приговори од граѓани што пристигнале во меѓувреме и истите биле разгледани и прифатени. Утре (вторник) гласаат болните и изнемоштените чиј број изнесува 8.852, потоа 1.657 лица во 13. казнено-поправни установи и шест внатрешнораселени лица. Правото на глас, пак, во 17. старечки домови ќе можат да го остварат 357 гласачи. Од денешното и од утрешното гласање, ДИК не објавува резултати, туку само бројка на излезност

Read More

Од извори во полицијата НОВА дозанава дека по дадената изјава на Галетановски е утврдено дека нема основа за негово кривично гонење. Во случајот на Галетановски полицијата постапи по пријава поради неговиот ФБ пост во кој повикува гласачите кои не го признаваат уставното име на Република Северна Македонија да ја пречкртаат придавката Северна на гласачкото ливче. Галетановски за sdk.mk вели дека денеска околу 15 часот телефонски бил повикан од единицата за економски криминал да дојде да даде изјава во врска со објавата на Фејсбук. „Веднаш отидов во единицата за економски криминал заедно со мојот адвокат. Коментарот на мојот Фејсбук профил беше…

Read More

Ѓорѓи Галетановски, директорот на Зоолошката градина во Скопје и член на ИК на СДСМ, тој денеска бил повикан на разговор во Секторот за економски работи,  откако бил пријавен од анонимно лице. Причината да биде повикан во полиција е постот на неговиот фејсбук-профил- Да се шкртне „Северна“ од гласачкото ливче- инструкција дадена за изборите. Галетановски, популарно познат како Чомбе, еден час давал исказ по што бил пуштен.

Read More

На крајот од гласачкиот ден за болните од Ковид 19 и лицата во изолација, сопругата на Претседателот Стево Пендаровски, докторката Елизабета Ѓорѓиевска, го сподели своето искуство, како дел од посебниот изборачки одбор, кој го спроведе гласањето за овие лица. -И во услови на пандемија, луѓето засегнати од неа треба да го остварат своето право на глас. Денес, како лекар, ја исполнив граѓанската обврска, но и професионална должност базирана на Хипократовата заклетва и бев дел од посебниот ИО за лица во самоизолација/болни од #COVID19, напиша Ѓеорѓиевска. За разлика од некои свои колеги, медицинари, нив над сто, Ѓеорѓиевска не побара изземање од посебните…

Read More

Владата на денешната 76 седница ја разгледа и ја усвои информација за можноста за приклучување на Македонија кон глобалната набавка на вакцини за Ковид-19 преку т.н. COVAX механизам за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини за коронавирусот. „Владата го овласти министерот за здравство Венко Филипче да ја потпише необврзувачкатa изјава за намери за приклучување кон COVAX механизмот и да учествува во дискусиите за консултации за дизајнот и принципите на работа на механизмот, што ќе се одржат во текот на овој месец, соопштија од владината прес-служба.

Read More

Секој напад врз новинарите е неприфатлив и треба да биде осуден. Новинарите треба да бидат во можност да ја работат својата работа ослободени од насилство, вознемирување и заплашување, стои во денешната реакција на Европската комисија (ЕК) по повод вербалните напади и говорот на омраза на социјалните медиуми кон дописничката на МИА од Брисел, Тања Милевска. „Слободата на медиумите е камен темелник на демократијата и е во ДНК-то на Европа. Демократијата не може да функционира без слободни и независни медиуми, а почитувањето на слободата на изразување е од суштинско значење“, подвлекува ЕК. Натаму, ЕК истакна оти очекува од релевантните институции да…

Read More

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека неговите управни служби на територијата на целата држава, на денот на изборите (среда, 15 јули), ќе работат само за подигнување лични карти, во периодот од 7 до 19 часот. Од МВР потенцираат дека целта е да се овозможи на граѓаните кои претходно поднеле барање да ги подигнат личните карти и да можат да го остварат правото на глас.

Read More

Општинскиот Оперативен штаб на Дебар, денеска достави барање до Главниот кризен штаб за справување со пандемијата од Ковид-19, во градот да се испратат еден пулмолог и еден инфектолог, потврди за МИА, градоначалникот Хекуран Дука, кој раководи со Штабот. Додава дека ваква одлука била донесена на седница на Штабот по анализата на актуелната состојба и се поголемиот број лица кои со симптоми на опасниот вирус се јавуваат во Општата болница. Општата болница во Дебар располага со еден инфектолог а во работната едница на Заводот за јавно здравје има само еден епидемиолог. Во времето кога Дебар беше прво жариште и беше под…

Read More