Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Според последните информации од Министерството за здравство активни се 18.469 случаи на заразени со Ковид-19. Министерот за здравство оцени дека рестриктивните мерки кои се на сила, даваат резултати, оти е намален бројот на позитивни случаи, но нагласи дека периодов мора да бидеме исклучително внимателни. – Бројот на хоспитализации во болниците се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти со Ковид-19. Се намалува и бројот на позитивни пациенти, што значи дека мерките даваат резултати. Без разлика што бројќите паѓаат, периодов мора да бидеме исклучително внимателни, поради непредвидливоста на вирусот, објави на својот фејсбук-профил министерот за здравство Венко Филипче. Во…
Арјан Сала сега е херојот кој на сите ни беше потребен. Ни требаше некој да ни го осветли патот кон општествена одговорност на работното место.
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во работна посета на Летонија и Литванија, каде со високите претставници на двете земји ќе разговара во контекст на поддршка за европското досие на Северна Македонија. Како и во Германија, Словенија, Хрватска, Австрија, така и во овие две балтички земји, кои се дел од групата „Пријатели на проширувањето“, вицепремиерот ќе ја пренесе пораката за неодложната потреба од усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција на земјата со ЕУ, како прашање од стратешки интерес за регионот и за Европа. Вицепремиерот, како што соопшти СЕП, ќе ги претстави…
Она што сега е различно, од она што било претходно, е што се градат и на дело функционираат механизми што ја санкционираат корупцијата кај нас, или имаат начини таа да се санкционира. Фактот што имаме процеси против крупни функционери, директори, поранешен генерален секретар на Владата, кажува дека никој не е недопирлив и не е над законот и оти законот важи еднакво за сите, изјави вечерва министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за емисијата „Агенда 35“ на Националниот сервис. – И тоа е важна порака од институциите кон граѓаните затоа што не може да постои јавна доверба во правосудството и…
– Ја вративме државата на патот на евроинтеграциите. Без да калкулираме со лични и со тесно-партиски интереси, го решивме спорот со Грција. Државата стана членка на НАТО“, истакна премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на онлајн прослава за јубилејниот 30.конгрес на СДСМ на кој меѓу другото истакна дека по 11 години во опозиција, од 2006 до 2017 година, социјалдемократите го одбележуваат тридеценискиот јубилеј како владејачка партија. Заев најави и дека промените ќе продолжат и на конгресот во мај, оценувајќи дека партијата што тој ја предводи е државотворна и дека покажала највисок степен на одговорност во клучни моменти за земјата.…
Во првата половина на мај делегација предводена од претседателот на Владата Зоран Заев, во која ќе биде и министерот за економија Крешник Бектеши, ќе бидат во Грција каде што ќе го потпишат финалниот договор за преземање на обврски од страна на двете држави за започнување со изградба на интерконекторот во јужниот дел на нашата држава, со што ќе се овозможи поврзување на гасоводите од двете земји. -Во првиот дел на мај, како Министерство за економија заедно во делегација со претседателот на Владата, Зоран Заев ќе бидеме во Грција каде што ќе го потпишеме финалниот договор за превземање на обврски и…
Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски попладнево е спроведен во затворот во Шуто Оризари… Директорот на затворот Филип Андонов вели дека Рашковски согласно протоколите за заштита од Ковид-19, ќе биде сам во ќелија десетина дена. Попладнево, Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција ја прифати жалбата на јавниот обвинител и му определи 30-дневен притвор во врска со „истрагата за набавка на софтвер“. Освен Рашковски, ефективен притвор е одреден и за Даниел Станчески, сопственикот и управител на фирмата „Инвока гроуп“ којашто го доби тендерот за софтверот за сообраќајни прекршоци. -Заради интерес на медиумите околу предлогот на Јавниот обвинител…
Истекоа роковите и процедурите за постапување по интерпелациите за вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан Маричиќ. Според собранискиот спикер Талат Џафери последна на дневниот ред останува само интерпелацијата поднесена од Алијанса за Албанците и Алтернатива, а која се однесува на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Нивната иницијатива дојде по случајот со бегството на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков. Но, ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со ова толкување на Регулативата. Според координаторот на пратеничката група, интерпелациите не биле повлечени и Деловникот не оневозможува нивно поставување на дневен ред на било која од следните седници.
Министерката за одбрана и актуелен заменик-претседател на СДСМ, Радмила Шекеринска на денешната церемонија во Касарната „Илинден” во Скопје, по повод турската донација од 7.400 комплети гортекс униформи за припадниците на Армијата, соопшти дека нема да се кандидира за заменик претседател на СДСМ по Конгресот на партијата во мај. – Добив прашање од мојата Општинска организација дали сум кандидат, кажав дека не сум, затоа што сметам дека и СДСМ и политичката сцена на Република Северна Македонија, одат напред кога постојано продуцираат нови кадри. Апсолутно, пристапот кон Конгресот треба да ни биде да формулираме и нови политики, а тие да бидат подобри,…
Премиерот Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска денеска го посетија Природно-математичкиот факултет и на средба со деканот Александар Скепаровски и продеканите разговараа за усвојувањето на Колективниот договор за високо образование и наука. Притоа премиерот Заев рече дека конечно е постигнат договор кој неколку претходни влади не успеја да го остварат. – Ние во последните две-три години, низ инклузивна размена на мислења со управите на високообразованите институции и со синдикатите, успеавме да го доведеме до неговата завршница. Со Колективниот договор е предвидено и зголемување на плататa на наставниот и ненаставниот кадар во 2021 година и во 2022…
Македонските граѓани од денеска ќе можат да се вакцинираат и во соседна Бугарија. Ваквата можност ја најави бугарската агенција БГНЕС, која објави дека бугарската клиника „Комак Медикал“ започнува вакцинирање на сите македонски граѓани без ограничувања со вакцините „Фајзер“ и „Модерна“ против Ковид-19. Од претставништвото на бугарската клиника за испитувања на лекови во Скопје за ДВ потврдуваат дека вакцинацијата ќе започне денеска во 14 часот. Вакцинацијата ќе се изврши во клиничкиот центар на компанијата во дворот на Александровската болница. Линк до целиот текст на Дојче Веле тука
Поранешниот генерален секретар во Владата, Драги Рашковски од куќен притвор, мерка што му беше определена за истрагата за набавката на софтверот, оди во истражниот затвор во Шутка. Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција ја прифатил жалбата на јавниот обвинител и му определил 30-дневен притвор, соопштија од Кривичниот суд. Освен Рашковски, во притвор оди и Даниел Станчески, сопственикот и управител на фирмата „Инвока гроуп“ којашто го доби тендерот за софтверот за сообраќајни прекршоци. -Заради интерес на медиумите околу предлогот на Јавниот обвинител во однос на „истрагата за набавка на софтвер“, ја информираме јавноста дека: Кривичниот совет на одделението…