Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
„Денес го усвоивме шестиот пакет мерки и ставаме на располагање 17,8 милиони евра за 12 категории на економски субјекти. Со ова ќе се поддржат близу 10.000 компании и околу 60.000 вработени“, изјави денес вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи. Тој наведе дека се креирани соодветни мерки и за угостителските објекти кои беа затворени во изминатите две недели, а истата одлука ќе важи до 27-ми април. „Ќе има бидат покриени 30 проценти од приходите, кои ќе се пресметуваат како просек од просечните месечни приходи во изминатите години. Исто така предвидени се мерки и за фитнес-центрите,…
Отвораме на 14 мај и ова треба да биде јасно. На 14 мај отвораме, порача министерот за туризам на Грција Харис Теохарис од Парламентот, одговарајќи на пратеничко прашање на претседателката и пратеничката група на Движење на промена за туризмот, јави дописничката на МИА од Атина. Теохарис објасни дека владиниот план за туризмот веќе почна да се спроведува, а првиот чекор беше направен вчера со отворање за државјаните на ЕУ и пет други земји и истакна дека ќе продолжат со мали отворања се до 14 мај, кога ќе може да се отвори туризмот и за Европската унија и „за други 15…
Норвешкиот научник Пал Андре Холме, кој го предводеше истражувањето за нуспојавите на вакцината против ковид-19 на „Астра Зенека“, од компанијата „Фајзер“ во последните пет години примил околу еден милион норвешки круни (околу 100 000 евра). Тој и неговиот тим се прославија по утврдувањето на врската меѓу вакцината на „Астра Зенека“ и појавувањето тромбови. Но, она што ја разбранува норвешката јавност е што Холме во извештајот не споменува дека имал директна соработка со конкуренцијата на „Астра Зенека“, пренесува 360степени. Холме признава дека требало да биде потранспарентен во однос на финансирањето, но отфрла судир на интереси и тврди дека парите што ги…
Српските граѓани од 15 јуни до 15 август ќе бидат ослободени од патарини во земјава во знак на благодарност за донациите во вакцини, соопшти денеска и официјално министерот за здравство Венко Филипче во Белград на прес-конференцијата со српскиот министер за здравство Златибор Лончар. Филипче и Лончар денеска во Белград договорија стратегиско партнерство за идните набавки од Институтот „Торлак“, кој ќе произведува вакцини против ковид-19.
угарскиот претседател, Румен Радев, предмалку соопшти дека според Уставот на Република Бугарија на партијата ГЕРБ, поточно на поранешниот министер за надворешни работи, Даниел Митов, му го врачи мандатот за формирање нова бугарска Влада, јави дописникот на МИА од Софија. Радев најави дека очекува ГЕРБ да предложи состав на Советот на министри во рок од седум дена, со што ќе ги исполни очекувањата на јавноста за правда и економски раст во земјата. Врачувањето на мандатот на Митов за формирање на новата бугарска Влада се случи само еден ден по завршувањето на политичките консултации со шесте парламентарни формации кај претседателот Радев. Шефот на државата ги истакна комплексните безбедносни услови, пандемијата, економската и социјалната криза што бараат јасна одговорност и оперативно управување. За ова, според Радев, „потребни се оперативни и одговорни активности за формирање кабинет“. Се уште не е јасно дали ГЕРБ ќе обезбеди парламентарно мнозинство во 45-то Бугарско национално собрание и дали може брзо да го врати мандатот, како што шпекулираат медиумите во Бугарија. Според медиумските шпекулации,…
Плата за март оваа година, до 15 април не исплатиле 14.998 фирми за вкупно 54.662 вработени, изјави денес на прес конференција директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, одговарајќи на новинарско прашање. За февруари, пак, тоа не го сториле 3.784 фирми за 9.947 работници, рече Лукаревска. Таа нагласи дека бројката најверојатно се должи на очекувњата за исплата на финансиската помош за исплата на плати и дека УЈП се уште не започнала со присилна наплата или со опомени за неисплатени плати. „Имајќи во предвид дека се очекува реализација на оваа мерка за финансиска поддршка од петтиот сет антикризни мерки, се…
Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен на Твитер соопшти дека од ЕУ за Северна Македонија ќе бидат доставени 119 илјади дози вакцини, јави дописничката на МИА од Брисел. – Ние сме покрај нашите партнери од Западниот Балкан, како што му кажав на Зоран Заев, 119.000 дози вакцини ќе стигнат во Северна Македонија од мај до крајот на август. Во ова сме заедно, наведе Фон дер Лејен во објавата на Твитер. Овие вакцини се дел од 651-та илјада дози на „Фајзер“ наменети за здравствените работници и ранливите групи од земјите од Западен Балкан, што ќе бидат набавени со финансиски средства на ЕУ и испорачани во државите од регинот од мај до август.
Мерките предвидени во петтиот пакет мерки, вклучувајќи ги и оние за поддршка на плати може да се реализираат во рамки на Буџетот и потоа соодветно со ребалансот најавен за средината на годината, рече министерот за финансии Фатмир Бесими. -Ребалансот како што неколку пати најавив, би требало да биде спремен кон средина на годината, со цел во Собранието да се разгледа и да се усвои. Со ребалансот ќе се согледа динамиката на реализација на буџетот досега. Веќе беше најавено дека првиот квартал имаше прилично добра реализација, има одлична ефиаксност и во однос на приходите и во однос на импелментација на мерката…
Договоривме Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Белград во периодот пред нас да биде наш стратешки партнер за набавка на вакцини против Ковид-19. Многу е веројатно оваа вакцина да стане сезонска, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче на заедничката прес-конференција во Белград со неговиот српски колега Златибор Лончар. Филипче посочи дека имале одличен состанок и разговаравме за повеќе теми. – Се разбира дека вакцинацијата и ситуацијата околу пандемијата беше приоритет во разговорите. Многу е веројатно дека оваа пандемија нема туку така да застане. Многу е веројатно дека оваа вакцина ќе стане и сезонска и имајќи го сега…
Додека Западен Балкан како регион во целина се соочува со „одлив на мозоци“, студија на Виенскиот институт за меѓународни економски студии покажува дека Северна Македонија, Србија и Црна Гора бележат појава на обратен процес меѓу високообразованиот кадар, нешто што се нарекува „прилив на мозоци“, наведува лондонскиот портал „Емерџинг Јуроп“. Според порталот, миграцијата не е нова појава во земјите од Западниот Балкан, било од политички или од економски причини, па регионот одамна важи за „нето извозник на луѓе“, особено кога станува збор за младите. Но, во извештајот на Виенскиот инситут се посочува дека додека Албанија, Босна и Херцеговина и Косово бележат висока стапка на иселување…
Последниот извештај на Репортери без граници за сите земји во светот е објавен денеска, Северна Македонија бележи подобрување од две места во глобалниот индекс, но се соочува со критики за заканите и нападите кон новинарите и медиумите, јави дописничката на МИА од Брисел. Организацијата за слобода на медиумите и заштита на новинарите во светот нагласува дека ситуацијата со медиумите се влошува во сѐ повеќе земји во светот и дека пандемијата од Ковид-19 се злоупотреби за да се ограничи работата на новинарите. Најдобро котирана останува Норвешка петта година по ред, следуваат Финска, Данска и Шведска. На дното се Северна Кореа на…
Австрија денеска соопшти дека планира до август да испрати 651.000 дози на вакцина против коронавирусот на Бионтек/Фајзер во шест земји од Западен Балкан, како дел од програмата на Европската унија за помош на соседните земји и Африка. Тие ќе бидат дистрибуирани од почетокот на мај според тоа на кои земји им се најпотребни. Босна и Херцеговина ќе добие најголем дел од вакцините – 240.000 дози, следена од Албанија 145.000 и Северна Македонија 119.000. Србија ќе добие 36.000 дози. Европската комисија во јануари ги објави плановите за механизам за споделување вакцини. Австрија рече дека ќе дејствува како координатор на механизмот за…