Author: Нова ТВ
Лидерот на ДПА Мендух Тачи, прогласи убедлива победа на кандидатот за градоначалник на Струга од редовите на неговата партија, Зијадин Села
Демократската унија за интеграција доби градоначалнички места во првиот круг во Дебар, Желино, Пласница и Боговиње, информира портпаролот на ДУИ Бујар Османи
49 затвореници избегале од затворот Маданг во Папуа Нова Гвинеја, а меѓу нив е и Стефан Тари, шеф на секта осуден за педофилија и осомничен за канибализам, самонаречен „Црниот Исус“
Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески прогласи победа на изборите уште во првиот круг
ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција излезе со информација дека победува во најголем дел од општините во Македонија
Како што брифираат за НОВА од СДСМ, Андреј Жерновски победува во општина Центар во прв круг, Андреј Петров влегува во вториот круг во Карпош
Според шефот на изборниот штаб на ДУИ, Абдилаќим Адеми, податоците од партискиот аналитички центар велат дека нивниот кандидат во Тетово води на речиси сите избирачки места
„За Струмица имаме спротивни податоци од тие што соопштуваат СДСМ, според нашите информации се води изедначена битка, а не победиле СДСМ“, изјави Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ
Гласањето на избирачките места се одвиваше без проблеми и без нарушување на избирачкото право, оцени министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска
Пратеникот и кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ДПА, Беким Фазлиу оцени дека актуелната власт уште еднаш потфрлила во организирањето слободни, фер и демократски избори
Од досега преброените гласачки ливчиња, Сојузот за иднината води и во општините Струмица, Куманово, Дебарца, Берово, Ранковце и Богданци. Неофицијално, Жерновски води во Центар
Ал Џезеира текстот за изборите во Македонија го наслови: „Изборите во Македонија со помали неправилности“. Српските медиуми јавуаат и за кршење на кутија со изборен материјал во Куманово