Author: Нова ТВ

По неколкумесечна блокада за реализација на петтиот пакет антикризни мерки вчера пратениците во Собранието ги донесоа законите поврзани со овој пакет. Законите беа донесени едногласно, со гласовите и на парламентарното мнозинство и на опозицијата, а од посебни кабини и облечени во скафандери гласаа и двајца пратеници позитивни на Ковид-19. Указите за овие закони ги потпиша и претседателот на државата Стево Пендаровски. – На македонската јавност и е добро позната заложбата на претседателот на државата Стево Пендаровски да ги поддржува сите законски иницијативи и проекти кои се во интерес на граѓаните и тоа се однесува и на т.н. петти пакет на…

Read More

Веќе в среда може да се гласа на новата бугарска Блада, предводена од Даниел Митов, изјавија извори од ГЕРБ за водечките бугарски медиуми. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на овие гласини во медиумите, доколку претседателот, Румен Радев, утре и го врачи мандатот на партијата која освои најмногу гласови на парламентарните избори, веќе в среда нема да има никакво проблем во Националното собрание да се гласа за составот предложен од кандидатот за премиер, Даниел Митов. Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, самиот соопшти дека неговата партија нема намера да го кочи овој процес и дека тие веќе…

Read More

Попладнево се очекува во земјава да пристигнат 10 илјади вакцини на Фајзер, а исто толку се очекува да стигнат и на 26 април. Вакцините денеска со авион ќе стигнат во Софија, а попладнето со специјален транспорт ќе дојдат во Скопје. Кон крајот на април ќе дојдат и 200 илјади кинески вакцини, а вакцинирањето ќе продолжи по истиот систем како и досега односно по возрасни групи. Во земјава досега се вакцинирани околу 35 илјади граѓани, од кои околу 13 илјади ја примиле вакцината на „Астра Зенека“, од која има уште 10 илјади на располагање. Нешто помалку од три илјади има од руската „Спутник-В“ и илјада од кинеските вакцини. Во СЦ „Борис Трајковски“ се вакцинираат граѓани на 73 и 74 години со поредуцирани термини од претходните денови, бидејќи често доаѓаат со придружба. Министерот за здравство Венко Филипче пред неколку дена ја…

Read More

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, откако денеска се појави во Собранието за да гласа за петтиот пакет мерки за помош на граѓаните облечена во скафандер, реагираше на бројните организирани напади на социјалните мрежи од приврзаници на опозицијата,  на кои тешко им падна што им пропадна блокадата на законодавниот дом. -Ооооооо ботови партиски, следбеници, обожаватели, вљубеници, фанатици и слични својства на обожување кон ликот и делото на ВМРО-ДПМНЕ, Левица, рекетари, „новинари“, „лечени“ новинари, луѓе кои дома немаат друга работа освен да колнат, псујат и да ми ја мешаат фамилијата, универзитетски професори од кои се очекува да се залагаат за вистината…

Read More

Собранието едногласно даде поддршка за петтиот пакет економски мерки. Пратениците во полн состав учествуваа на 36. седница, меѓу нив и двајца во скафандери позитивни на корона вирусот како гаранција дека конечно ќе биде донесена помошта за граѓаните и стопанството. Денешната седница како и седниците изминатите денови се одвиваа во „зовриена“ атмосфера со многу кавги и префрлања на вина, обвинувања и закани меѓу пратениците од опозицијата и собранискиот спикер Талат Џафери. Причиа за денешната нервоза беше токму присуството на двајцата пратеници кои во посебни кабини и со скафандери присуствуваа на денешното гласање. За опозицијата со непочитување на протоколот на здравствените власти…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски без никаква дилема ги потпишa Указите за прогласување на законите со кои ќе им се овозможи на илјадници наши граѓани да земат плата за февруари и март оваа година. На македонската јавност и е добро позната заложбата на претседателот да ги поддржува сите законски иницијативи и проекти кои се во интерес на граѓаните и тоа се однесува и на т.н. петти пакет на економски мерки со кој помош треба да добијат 60.000 наши граѓани и стопански субјекти, најтешко погодени за време на пандемијата, се вели во соопштението на кабинетот на шефот на државата. Од таму додаваат дека…

Read More

Премиерот Зоран Заев попладнево на својот фејсбук профил упати честитки до пратениците, претседателот на Собранието и до собраниските служби за усвојувањето на законите од петтиот пакет антикризни мерки. – Упатувам честитки до пратениците од парламентарното мнозинство кои се справија со сите блокади и најдоа начин овие важни закони за граѓаните конечно да бидат усвоени. Честитам и на Собранието, Претседателот Џафери и собраниските служби кои обезбедија соодветни услови за работа и кои спроведоа гласање според сите протоколи со целосна заштита на здравјето на сите пратеници и целосна изолација на двајцата позитивни. Огромни честитки и до заболените пратеници кои и во вакви…

Read More

Во сите цивилизирани парламенти во Европа и нашиот регион веќе се работи на онлајн седници во различни форми. Дури и Европскиот парламент со преку 800 пратеници е целосно дигитализиран со онлајн заседанија на комитетите, на пленумот и со онлајн гласање. Тоа го направија сите затоа што е насушна потреба и човечки пристап во услови на долготрајна пандемија која ги засега сите. Ова е дел од статусот на министерот за правда испровоциран од последните случувања во Собранието, кога пратеничката од редовите на СДСМ Билјана Костадиновска Стојчевска, како и според собраниските информации, Мирослав Богдановски од ДОМ, двајцата во скафандери, заболени од Ковид-…

Read More

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-февруари 2021 година, изнесува 66,12 милијарди денари и бележи пораст од 9,9 % во однос на истиот период од претходната година, напиша Премиерот Заев на Фејсбук. – Според податоците на ТИРЗ, во февруари годинава, споредено со истиот месец лани, извозот само од зоните се зголемил за 17%. Компаниите во ТИРЗ бргу заздравуваат од кризата, а се очекуваат и нови инвестиции во висина помеѓу 80 и 100 милиони евра, стои во статусот на Премиерот Заев. „Во периодот јануари-февруари 2021 година, според…

Read More

Со 115 гласови „За“, без ниту еден против и воздржан, Собранието на Република Северна Македонија го изгласа петтиот пакет антикризни мерки за помош на граѓаните и компаниите погодени од Ковид-19. За да се направи кворумот за почнување на првата, 32 седница, како претходник на 36-тата мораа да присуствуваат и двајца пратеници од владејачкото мнозинство кои се позитивни на коронавирусот, кои во скафандери одделени во посебна просторија гласаа за законите на денешниот дневен ред. Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, на својот Фејсбук профил претпладнево објави дека тргнала на денешната седница облечена во скафандер. „Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да…

Read More

Откако Собранието ги изгласа сите точки на 32-та седница едногласно со 62 гласа „за“, од кои двајца од пратеници кои се во кабините во горниот дел од салата поради тоа што се позитивни на коронавирус, започна 36 -та седницата на чиј дневен ред се законите од петтиот пакет антикризни закони. И без опозиција петтиот пакет на мерки ќе биде изгласан денеска. Помошта ќе стигне до граѓаните, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски и додаде дека заразените пратеници дошле во Собрание со целосно испочитуван протокол на Комисијата за заразни болести, со дозволи и контрола од инфектолози. -Не е…

Read More