Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Потребна е формална одлука од Владата на Грција за отворање на границата со С Македонија. Прашање на време е кога ќе се состане грчката Влада за да ја донесе одлуката, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. -Сепак треба формална одлука на грчката Влада. Намерата да се отвори границата е пренесена од премиерот на нашиот премиер, но мора формално да има одлука на грчката Влада за да тоа се случи. Таква одлука се уште нема. Ние сме во очекување да се формализира намерата на Грција за отворање на границите и после тоа да можат да поминуваат граѓаните. Ги повикувам уште…
Министерот за здравство Венко Филипче денеска одржал состанок со дел од поранешните министри за здравство, со кои разговарал околу проектот за нов клинички центар. Генералниот заклучок, како што рече, бил дека веќе предолго се разговара за изградбата и оти таа треба да почне што побрзо, како и дека друго решение освен нов клинички центар, на ново место како гринфилд инвестиција, би било парцијално решение. Филипче побара опозицијата да биде конструктивна и, како што нагласи, со блокирање на законот да не им го крати правото на граѓаните за соодветна и модерна здравствена заштита. -Денеска организиравме состанок со дел од претходните министри…
Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со Зеф Мази, албанскиот главен преговарач со Европската Унија на која биле разменети разменети мислења и информации за перспективите за скорешно одржување на меѓувладината конференција за двете држави и формалниот почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија и на Албанија со ЕУ. Претседателот Пендаровски оцени дека посетата е добра можност за размена на мислења за прашања на техничко и на политичко ниво врзани со преговарачкиот процес, како и за отворање на перспективи за идна соработка на тој план. Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски, тој го поздравил напредокот на Албанија во клучните области за ЕУ-интеграцијата. Претседателот Пендаровски изрази уверување дека почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија и на Албанија позитивно ќе се одрази на стабилноста и просперитетот на целиот регион и изрази очекување дека примената на новата методологија за водење преговори ќе донесе олеснување на процесот на водење на пристапните преговори.
Младинскиот инфо клуб од Битола, кој е менториран од страна на МКЦ и поддржан од УНДП, во дворот на ФИКТ во Битола организираше настан „Живи библиотеки“, каде книгите се луѓето, а читањето е всушност разговорот. Луѓе-книги, на настанот што се одржа во средата, беа Марјан Бакревски – музичар во светот на крафт пивата, Горан Панкерот-антрополог во светот на мобилни телефони, Теона Манго – од свет на дипломатија на Квин Мери Универзитет во Лондон до еко платформа за будење на навиките за одржлив живот, Мартин -Улаф Сте, еден од основачите на првото знаковно кафуле во Битола, Јасмина 3/4 – од свет…
Министерот за здравство вели дека сè уште е рано да се тргне препораката за носење маски на отворено и најави дека за тоа ќе се разговара на почетокот на следната недела на состанок на Комисијата за заразни болести. -Засега не. На состанокот што ќе се одржи во понеделник таа тема што ја инициравме на почетокот на оваа недела ќе продолжи. Да ги видиме сознанијата, ставовивте на повеќе други земји, да согледаме каква е ситуацијата кај нас. Еве реално е дека многу граѓани навистина и во парковите не се придржуваат до таа мерка. Лично сметам дека е рано се уште. Сепак…
Нашиот случај е тест за Европската Унија дали ние во регионот на Западен Балкан ќе можеме да и веруваме на ЕУ и дали ветувањето за европската перспектива на регионот, дадено во Солун во 2003 година и повторено во Софија во мај 2018, се уште важи. Ние имавме безусловна политичка одлука од март минатата година од сите земји-членки дека треба да ги почнеме преговорите за членство, но ова се уште не е реалност. Ова денеска го истака вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на панелот насловен „Остварување на долгоочекуваното ветување“ во рамки на Делфи економскиот форум во Атина, на кој учествуваше…
Околу 40 илјади дози од вакцината „Астра зенека“ обезбедени преку Ковакс механизмот се очекува да пристигнат денеска во земјава, а веќе утре 100 илјади вакцини од кинески „Синофарм“ кои се донација од кинеската Армија. Од новите дози на „Астра Зенека“, 24 илјади ќе бидат наменети за ревакцинација, а со останатите ќе се вакцинираат оние граѓани над 70 години кои дополнително се пријавиле за вакцинација. Приоритет, како што денеска изјави министерот за здравство Венко Филипче, ќе им се даде на нив, а младите ќе причекаат за вакцинација. – Продолжуваме да ставаме акцент на постарите граѓани дополнително пријавени после пресекот од 30…
Грција е еден од најпосветените наши пријатели за нашата ЕУ перспектива, истакнува претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев во интервју за МИА и открива дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис развил неколку позитивни идеи, кои би можеле да помогнат за тргање на бугарската блокада. Вчера, говорејќи на Делфи економски форум, Заев изрази оптимизам дека ќе најдеме решение со Бугарија, но додаде дека ни треба помош од Грција, а четири часа подоцна, на средбата со неговиот грчки колега, веќе добил конкретни идеи од Мицотакис. Во разговор со дописничката на МИА од Атина, премиерот вели дека грчката страна покажала дополнителна креативност,…
Најфреквентниот граничен премин Богородица кон соседна Грција утрово функционира нормално во очекување на поголемо сообраќајно раздвижување на патници и туристи, но граничниот премин Евзони на грчка страна, и покрај најавите, до овој момент, се уште не е отворен, потврдија од дежурната служба на ГП Богородица. -Од утрово од 7 часот, за кога беше најавено отворањето на ГП Евзони, низ нашиот граничен премин кон Грција заминаа петнаесетина возила кои до овој момент сеуште чекаат на Евзони за влез во Грција затоа што грчките гранични органи сеуште чекале официјален документ од Атина и додека не го добиеле, на ГП Евзони ќе се…
Укинување на ограничувањето на работното време и на одлуката за забрана со работа во внатрешните делови на угостителските објекти или во најмала рака дозвола за работа во внатрешноста на оние објекти кои имаат „златен сертификат“, се дел од барањата што Независната угостителска комора утрово ќе испратила до Комисијата за заразни болести и до Министерството за здравство. Од НУК бараат да се укине и забраната за настап на музички групи во угостителските објекти и да се дозволи одржување на настани, прослави и веселби во сите угостителски објекти согласно предлог-протоколи што треба да се изготват. Се предлага да се дозволи на иста…
Министерството за внатрешни работи демантира дека синоќа имало престрелка во скопската населба Ченто како што објавија дел од медиумите. Во соопштението од МВР се наведува дека се работи за сообраќајна незгода, а не за престрелка.
Северна Македонија не може и не смее да чека понатаму на европскиот пат и треба час поскоро да ги почне претпристапните преговори со ЕУ, заклучија премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис на средбата одржана вчера во Владата во Атина. Грчкиот премиер Мицотакис, како што соопштија од Владата, му посочил на премиерот Заев дека Грција секогаш ќе биде сојузник на кој граѓаните на Република Северна Македонија можат да сметаат. Дополнително било подвлечено дека не е опција да се раздвојуваат Северна Македонија и Албанија од аспект на почнувањето на процесот на преговори со ЕУ. Двајцата заклучиле и дека Договорот…