Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Атлетиката е врвен приоритет за младата кумановка Матеја Ефремовска. Таа е државен шампион во повеќе дисциплини, македонска репрезентативка и вљубеничка во спорот. Атлетика тренира веќе 13 години. Дневно на атлетскиот полигон во близина на Соколана, Куманово, поминува од три до четири часа, некогаш и два пати дневно во зависност од временските услови. Не се штеди себе си и се вложува во атлетиката, за што има освоено награди и признанија на државно и меѓународно ниво. – Од малечка имам љубов кон спортот, а бев натпреварувачки настроена со голема желба за победување. Потоа дојде мотивацијата за постигнување лични и државни рекорди, а денес најголема мотивација ми е…
Фајзер и Спутник-В се најпреферирани вакцини меѓу испитаниците во анкетата на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС). Истражувањето е спроведено телефонски во периодот помеѓу 11 и 14 април 2021 на 1112 полнолетни испитаници на ниво на Република Северна Македонија. Од испитаниците 57,7 проценти се изјасниле дека ќе се имунизираат доколку имаат можност, 24,5 рекле дека нема да се вакцинираат, а 17,8 се двоумат. На прашањето која вакцина би ја примиле, од граѓаните 21,8 отсто се изјасниле за Спутник-В, 21,6 за Фајзер, 13,8 за која било, 6,2 за Астра Зенека, 4,4 проценти за Синофарм и 3,1 за Модерна. На истото…
Состојбата во болниците е стабилна, нема некој голем и неконтролиран наплив на пациенти во сите јавно-здравствени установи во Скопје и насекаде во државата. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека после мини притисокот во понеделникот, следните денови е еднаков бројот на испишани и примени пациенти. Се очекува во наредниот период бројот на хоспитализации да почне да се намалува. Тој смета дека мерките даваат резултати, но потребно е максимално да се придржуваме до нив за да го надминеме и овој епидемиолошки бран. Околу 35 000 граѓани се вакцинирани до вчера во земјава. Од нив, околу 13 000 ја примиле вакцината на…
Во текот на ноќта на Клиниката за кардиохирургија е извршена втората трансплантација на срце во историјата на Македонија, а операцијата беше извршена врз момче на дваесетина години возраст, подолго време чекало донор. Момчето го доби срцето од девојка која загинала во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство дало согласност за донирање на нејзините органи. Министерот за здравство Венко Филипче објави дека на Клиниката успешно е извршена трансплантацијата. -По 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија. Честитки до сите колеги и…
Владата и опозициските партии на Албанците постигнаа договор за законот за државјанство. Детали ќе се соопштат откако предлогот ќе се стави на хартија, со точни правни формулации. На законското решение ќе работат предлагачите, ќе го достават кај извршната власт и потоа ќе биде претставено пред јавноста. Сепак, се уште е неизвесно кога Собранието целосно ќе се одблокира и кога ќе бидат ставени пред пратенциите на пленарна седница петиот пакет антикризни мерки и точките усогласени меѓу власта и опозицијата. Премиерот Зоран Заев и претседателите на опозициските политички партии Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши по средбата во…
Европската иднина на Западен Балкан може да се постигне само преку реформи и нема пократок пат за членство напиша на Твитер членот на Европскиот парламент Владимир Билчик. Промената на границите и размената на територии е опасен пат кон експлозивно минато, рече Билчик по повод наводниот нон-пејпер што медиумите му го припишуваа на словенечкиот премиер Јанез Јанша, што тој го негираше. Билчик ја ретвитуваше и објавата на словачкиот министер за надворешни работи Иван Корчок, кој синоќа рече дека Словачка ги поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина. „Тоа беше и ќе биде камен-темелник на принципите на Европската унија и…
Секој обид за прекројување на границите ќе доведе до дестабилизација на Балканот, постои можност единствено за отстранување на границите и тоа преку членството во Европската Унија и влезот во Шенген зоната, порача вчера македонскиот државен врв во врска со наводниот нон-пејпер, кој словенечкиот премиер Јанез Јанша во февруари го испратил до Брисел и неколку дестинации во ЕУ, насловен како „Западен Балкан-патот напред. Нон-пејперот предизвика контроверзи, поради тоа што во него се предлага менување на границите на Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Црна Гора, но и на Северна Македонија. Јанша од излегувањето на нон-пејперот во јавноста не даваше коментари, за потоа…
Сега, 19 години подоцна, можеме лесно да заклучиме дека Солунската агенда беше премногу амбициозна и невозможна да се реализира како што беше проектирана, во смисла понуда на европска перспектива (членство во ЕУ) на земјите од Западен Балкан.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за Канал 5 откри дека денеска разговарал со словенечкиот премиер Јанез Јанша и тој му пренел дека тој не креирал нон-пејпер за прекројување на границите на Балканот. Но, му рекол дека таков сличен документ креирале Зоран Заев, Тања Фајон и Тонино Пицула. -Денеска разговарав со премиерот Јанша, но тој друго ми кажа. Тања Фајон, Тонино Пицула и Заев креирале сличен таков нонпејпер кој шири по Европа. Кој многу брзо може да стане познат на македонската јавност. А, Јанша ја пренесува својата неизмерна поддршка кон Македонија и иднината на Македонија исклучиво ја гледа во…
Обвинителството не ја чекаше оставката на Рашковски за да побара негово приведување. Истрагата беше отворена по допрен глас уште додека Рашковски ја извршуваше функцијата, вели јавниот обвинител Љубомир Јовески во вечерашното гостување на „Топ Тема“. Тој додава дека по преземените предистражни мерки, јавниот обвинител кој што постапува по предметот нашол дека постојат основи за отварање истрага и ја отворил истрагата и притоа според негова оценка треба да се преземат соодветни мерки кон лицето против кое се води истрагата. Јовевски рече дека според информациите кои ги има, во овој случај обвинителството нема добиено службена белешка од АНБ, како што беше случајот…
ЈО ќе ја продолжи истрагата и ако дојде до сознанија дека се работи за организирано здружение или дека сторители се повеќе лица, ќе превземе соодветна постапка, истакна јавниот обвинител Љубомир Јовески во вечерашното гостување на ТВ Телма. Тој истакна дека сега прво треба да се утврди кои се лицата што имале допир со овие документи, кои лица можат да ги креираат овие документи, како е поставена цела таа служба, кој, какви задачи и овластувања има во таа служба, кој ја носи одговорноста за функционирањето на таа служба и дали тоа постапување било во рамките на прописите што го регулираат внатрешното…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 рече дека тој уште сега може да предвиди како ќе се одвива случајот со Драги Рашковски и смета дека сето ова е договорена работа. -Јас знаев уште во текот на утрото дека ќе му биде одреден куќен притвор. Напишав дека соработниците на Заев на распит се носат со рацето во џеб и или се бранат од слобода или од куќен притвор. Ова е само уште еден од низата факти, дека имаме исклучително корумпирана и криминална влада. Рашковски требаше многу одамна да биде изведен пред судството за тоа што…