Author: Нова ТВ

Германскиот државен секретар за Европа, Михаел Рот со реакција за неофицијалниот документ (нон пејпер) на Јанез Јанша во кој наводно се повикува на прекројување на границите на Западен Балкан. Тој денеска на Твитер напиша дека цртањето нови граници на Западен Балкан е опасен пат. – Регионално помирување и соработка се клучни за мирот, демократијата и просперитетот. Цртањето нови граници е опасен пат, напишта Рот. Тој со твитот го поддржа официјалниот став на Европска Унија за Западен Балкан дека треба да се работи на регионално помирување и соработка, а не на менување на границите. Словенија е следна земја која во втората…

Read More

Сивата економија ја поткопува конкурентноста на фирмите и поединците и претставува неправична и незаконска „предност” на оние кои не ги исполнуваат законските обврски, истакнал министерот за финансии Фатмир Бесими, кој заедно со вицепремиерот за борба против корупцијата, криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски разговараа со претставници на бизнис секторот за мерките од Акцискиот план за сузбивање на сивата економија и на планот за сузбивање на корупцијата „Акција 21“. На состанокот, како што соопшти Министерството за финансии, Бесими оценил дека сивата економија го нарушува интегритетот на целиот даночен систем и влијае штетно врз буџетот и наплатата на приходите. Токму затоа целта…

Read More

На Институтот за имунобиологија и хумана генетика во Скопје ќе има бесплатно испитување за присуство на антитела, но ќе има категории, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. На оваа тема утрово министерот рагзоварал со директорите на Фондот и на Институтот, и се согласиле оти треба да продолжи праксата овие тестови да бидат на товар на државата, покриени од државен трошок, но оти ќе мора да се воведат категории. – Ќе мора да се воведат категории за да не го прави секој тој тест, како на пример, дали лицето прележало ковид-19, дали треба индикација за вакцина и слично. Но, секако…

Read More

Европската Комисија сака да биде вклучен Западниот Балкан во Конференцијата за иднината на Европа, но конечната одлука ја носат земјите членки на ЕУ, а оттаму сѐ уште нема јасна позиција, јави дописничката на МИА од Брисел. Во одговор до МИА на ова прашање од кабинетот на потпретседателката на Европската Комисија, задолжена за оваа Конференција, Дубравка Шуица, потврдија дека оваа институција сака да го види регионот инволвиран во овој настан кој започнува на 9 мај. -Комисијата е отворена за инволвирање на граѓаните и организациите од земјите на Западен Балкан – нашите блиски соседи – во Конференцијата за иднината на Европа. Пандемијата…

Read More

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за случајот со софтверот наменет за проверка на брзина на движење на возилата, купен од фирмата „Инвока Груп“, изрази сомнеж дека предизвикана е финансиска штета врз државниот буџет во висина од речиси 180 илјади евра. Според обвинителството во временскиот период од месец јануари 2019 година до месец јули 2020 година, првоосомничениот со неизвршување на своите службени должности при спроведување постапка за јавна набавка спровел јавни набавки спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на јавните средства, утврдени согласно прописите што го уредуваат користењето на буџетските средства и за…

Read More

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, поднесе иницијатива од неколку точки до претседателот на Собранието Талат Џафери во која меѓу другото се бара тој без да го менува деловникот да донесе одлука за времена мерка со која ќе се овозможи онлајн работење во Собрание. Во иницијативата се вели дека во услови на третиот бран на пандемијата, како и појавата на нови соеви на коронавирусот (КОВИД-19), со многу поизразени симптоми и потешки форми на зараза, поради инфицирани пратеници нема кворум за одржување на седници на Собранието, a поради блокадата со поднесување на голем број на амандмани, работата на Парламентот станува се…

Read More

За над четири илјади компании во земјава кои вработуваат 36.802 лица до сега обезбедени се 44,1 милион евра ликвидни средства преку механизмите Ковид 1,2, и 3 од Развојна Банка, соопшти кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Според информациите во соопштението оваа финансиска поддршка значително им помогна на компаниите да ја одржат својата ликвидност во кризата предизвикана од коронавирусот Ковид-19, кредитите се со каматна стапка од 0 проценти и грејс период до 6 или 12 месеци, кој за Ковид 1 дополнително се продолжи за три месеци. До Владата, посочуваат, е доставен Извештај за исцрпеноста на бескаматната кредитна линија Ковид…

Read More

Во вторник министерот Венко Филипче и претставници од министерството за здравство ќе одат во Белград на средба со српскиот министер за здравство Златибор Лончар за да договорат стратешки план за набавка на вакцини. Ваквиот потег доаѓа откако во институтот почнаа да се произведуваат вакцини на „Спутник В“, а со цел да се договори стратешко партнерство за во иднина. – Иако овој момент не се потребни вакцини од таму, сепак, имаме разни најави, не можеме да претпоставиме што ќе се случува понатаму, и сметам дека инситутот Торлак ќе биде стратешки партнер за во идниот период за набавка на вакцини“, рече Филипче.…

Read More

Поради секојдневните менувања на одлуките на државите туристичките агенции трпат огромни загуби. Велат дека бележат пад во прометот од 80 до 100 отсто, бидејќи како што истакнуваат интересот за патување е сведен на минимум, а реализацијата на направените аранжмани е неизвесна… – 2021 година беше годината кога сите се надеваме дека ќе се вратиме во нормала меѓутоа за жал истата се покажа дури и полоша од претходната. Континуирана помош од страна на државата нема. Гледаме што се случува со петтиот пакет мерки и тоа не можеме да го поднесеме, изјави денеска на прес-конференција Ана Марија Алексова од Туристичко-угостителската комора. Туристичките…

Read More

На редовниот утрински состанок со директорите на ковид – центрите во Скопје ја разгледавме состојбата со пополнетоста на болничките капацитети. Иако во изминатите денови има благ тренд на намалување на бројот на приеми, сепак ситуацијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид – центрите е голем, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Во моментов, посочува министерот, имаме доволно слободни места за да се згрижат сите пациенти кои имаат потреба од болничко лекување. -Очекуваме во наредниот период бројот на хоспитализации да почне да се намалува. Мерките даваат резултати, но потребно е максимално да се придржуваме до…

Read More

Во Собранието денеска претпладне на иницијатива на претседателот Талат Џафери ќе заседава парламентарното претседателство кое треба да разговара како ќе продолжи со работа законодавниот дом, по синоќешната седница која беше прекината, а петиот сет анткризни мерки не беше донесен. Џафери на вчерашната седница најави дека ќе побара карантин за Собранието бидејќи, поради отсуство на неколкумина пратеници од владејачкото мнозинство поради Ковид-19 и други здравствени проблеми, како и одбивањето на опозiцијата да направи кворум за да се донесат законите од 32. седница, не беа донесени ниту законите од петиот сет антикризни мерки, за кои опозицијата се изјасни дека ќе гласа. Според…

Read More

Стопанската комора на Македонија апелира до пратениците во Собранието да направат максимални напори и во текот на денот да ги донесат законите од петтиот антикризен пакет кои се во насока на поддршка на македонската економија. – Станува збор за законски решенија чие изгласување ќе овозможи поддршка за 20.000 компании и околу 130.000 вработени, како и 25.000 граѓани од ранливите категории и со тоа ќе се зголеми ликвидноста и потрошувачката, кои во овој момент се неопходни за одржување на субјектите во кондиција заради справување со кризата, се потенцира во денешното соопштение од Комората, чии членки генерираат 50,3 проценти од вкупниот приход…

Read More