Author: Нова ТВ

Проблемот со двојните матични броеви започнал во 1981 година и по неговото откривањето, веднаш е пристапено кон поништување на овие матични броеви и таа постапка веќе подолг период е во тек, при што голем дел од овие матични броеви се поништени, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. – Имено, ваквата појава започнала во 1981 година, кога во Република Северна Македонија е воведено електронско определување и евиденција на матичните броеви. Постапката за поништување на матичните броеви трае веќе подолг период и е во тек, а голем дел од овие матични броеви се поништени. Изјавата дека во Република Северна Македонија има 20 000 двојни матични броеви е неоснована и неаргументирана, имајќи ги предвид евиденциите со кои располага Министерството за внатрешни работи, информираат од МВР. Од таму додават…

Read More

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, денеска од Валандово порача дека со Одлуката на Владата за ограничување на користење на угостителски услуги за функционерите нема повеќе расипничко трошење на народните пари, како што било случај со поранешната владина гарнитура, кога преку трошоци за угостителски услуги се извлекувале илјадници евра и со нив се купувало се и сешто. Тој го рече тоа во одговор на новинарско прашање од МИА да изнесе детали за ограничувањето на сумите и како тоа е регулирано. При тоа додаде дека сега јавноста преку владините алатки за…

Read More

Со средба со федералниот министер за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров ја заокружи денешната еднодневна работна посета во оваа земја. На средбата со Шаленберг тој истакнал дека прашањето за отпочнување на преговорите на земјата за полноправно членство во ЕУ има силни геополитички импликации за Унијата како проект за европско обединување, соопштуваат од македонското МНР. Од таму додаваат дека Димитров укажал на загриженоста за негативното влијание на секое понатамошно одолговлекување на пристапните преговори врз кредибилитетот на ЕУ во регионот, а со тоа и на улогата на Унијата како глобален актер. Министерот Шаленберг ја поздравил…

Read More

За претседателот на Собранието Талат Џафери не биле исполнети деловничките услови за да ги стави на дневен ред законите од петтиот пакет економски мерки на класање. Вели дека до него се уште не стигнале извештаите од комисиите, поради вакцинација на собраниските служби. Координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ Никола Мицевски му предложи да закаже нова седница на која ќе се гласа само за економските закони но Џафери не ја прифати понудата. „Иако сите тие се недоволни и закаснети мерки сметам дека не треба ние да бидеме причина и пречка, барем од овој дел од задачите кои што ги…

Read More

Денеска се одржа 17. конференција на претседатели на парламенти на Јадранско – јонскат иницијатива на која учествуваше и претседателот на македонското Собрание Талат Џафери, а пред присутните се обрати и словенечкиот претседател Борут Пахор. Тој истакна дека Западен Балкан е од стратегиска важност за ЕУ, а проширувањето на Унијата и тој ќе бидат меѓу клучните приоритети на словенечкото претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2021 година. За Словенија многу е важно да се обезбеди стабилност, продолжување на реформскиот процес, економски развој и зајакнување на политичкиот дијалог во регионот, а целта е да се оневозможи затворање на процесот…

Read More

Наши најголеми поддржувачи треба да бидат нашите соседи, бидејќи тие имаат најголем интерес од една европска, блиска, предвидлива Северна Македонија. Убеден сум дека за да бидете блиски мора да го почитувате другиот, и тоа почитување секако вклучува дека идентитеските прашања и прашањето за Македонците, за македонскиот јазик се прашања за македонскиот народ. Ова го изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на заедничката прес-конференција во Виена со австриската министерка за Европа и Устав Каролине Едштадлер, во одговор на новинарско прашање дали очекува дека по изборите во Бугарија ќе има напредок во решавањето на билатералното прашање. -Се конституираше Парламентот во Софија…

Read More

Белата куќа денеска извести дека американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпишал указот со новите санкции што земјата има намера да ги спроведе кон шест руски компании, за кои Вашингтон смета дека се одговорни за изведување на кибер напади. „Вашингтон пост“ повикувајќи се на извори од американската администрација пишува дека САД ќе протераат и 10 руски разузнавачи кои во земјата работат со дипломатско покритие. Покрај тоа, САД им забранија на своите компании директно да купуваат руски хартии од вредност издадени од Централната банка, Националниот фонд или руското Министерство за финансии. Американското Министерството за финансии веќе воведе санкции за 16 организации…

Read More

Во Главниот град Скопје и во првиот квартал годинава се бележи ниско ниво на ПМ10 честички, а Скопјани дишат почист воздух. Аерозагадувањето бележи пад во споредба со истиот период претходните години. Државните мерни станици за месеците, јануари, февруари и март покажуваат праволиниски пад на нивото на штетен воздух. Групирањето на податоците, посебно на квартално и годишно ниво, овозможува исклучување на приликите како метеоролошки влијанија, кои што на месечно ниво може да ја компромитираат сликата. До сега, највисоки вредности биле измерени во 2017 година кога имало дури 365.5 ПМ10 μg/m3. Од тогаш, вредностите се во постојан пад. Дополнително, покрај постојаниот пад,…

Read More

Софија да прекине со отпорот порача австриската министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер, додавајќи притоа дека Австрија нема разбирање за букарското вето кон Македонија. -Сакам јасно да апелирам на португалското претседателство брзо да се финализира преговарачката рамка за да може да се одржи првата меѓувладина конференција. Секое одложување, ќе значи дека сме губитници. Северна Македонија го смени името за да се приближи кон ЕУ. Искрено ќе кажам дека немам разбирање за бугарското вето. Јасно и гласно апелирам до Бугарија овој отпор да го заврши, истакна Ештадлер на заедничката прес – конференсија по средбата со македонскиот вицепремиер за еврионтеграции Никола…

Read More

Холандската платформа „Reisgraag.nl“ спроведе истражување во кое го испитува задоволството на услугата на холандските тур – оператори, земји и туристички места, а холанѓаните кои зеле учество во анкетата Македонија ја избрале за „Златна дестинација за патување“. Највисоко е оценета локацијата на државава со 8,2 поени, потоа рестораните со 8,1 и културата со 8 од можно 10 поени. Гостопримството е оценето со 7,9, а локалитетите со 7,8. Од градовите највисоко е оценет Охрид со 8,1, а веднаш зад него се Скопје, Битола и Струга со 7,6, 7,5 и 7,2. Платформата која го спроведува истражувањето е и туристичка агенција која традиционално го …

Read More

– Образовниот процес покажа дека брзо може да се трансформира. Речиси цела учебна година имаме одлична интеракција и комуникација помеѓу наставник и ученик, што за нашата држава е голем отскок во однос на она што беше минатата година, рече Царовска на онлајн конференцијата што ја организираше Центарот за управување со промени и на која беа презентирани електронските услуги изработени во соработка со министерствата за образование и наука и за информатичко општество и администрација, во рамки на проектот „Дигитализација во јавниот сектор во РСМ за непречено функционирање“. Проектот како што информираат од ЦУП е финансиран од Владата на Обединетото Кралство и…

Read More

За време на викендот и наредните неколку дена ќе се прави епидемиолошка проценка по што ќе се донесе одлука дали полицискиот час кој трае од 20 часот навечер до 5 часот наутро ќе биде продолжен и по 20 април или евентуално би биле донесени нови мерки. -Нема да има ниту еден друг параметар или критериум освен заштита на здравјето, а во таа смисла проценката на епидемиолошката состојба ќе каже дали мерките ќе продолжат или ќе се модифицираат, рече министерот за здравство Венко Филипче. Тој истакна дека надлежните институции ќе разговараат за ова и согласно состојбата ќе донесат соодветни одлуки. Во…

Read More