Author: Нова ТВ

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, има дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи граѓани од 73 и 74 години. Термините се отворени од вечерва и граѓаните од оваа возрасна група кои досега изразиле желба за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk или преку матичен лекар, истите да се пријават кај својот матичен за да им закаже термин за вакцинација. Вакцинацијата на овие групи граѓани ќе почне од четврток, на пунктовите во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје. Вакцинацијата продолжува согласно Националната стартегија за ковид имунизција со приоритет врз основа на возраст,…

Read More

МЗШВ ги демантира наводите за наводните трошоци направени од страна на министерот Аријант Хоџа за време на неговиот мандат. Од министерството велат дека станува збор за изнесени невистини пласирани со цел да му се наштети на угледот на министерот Хоџа и да се обезвреднат постигнатите резултати од неговото работење. – Ваквиот срамен чин ние го разбираме само како страв од успехот кој министерот Хоџа го постигна за многу кратко време. Очигледно дека тоа некому му пречи, па се обидува преку груби невистини да нанесе штета не само на министерот туку на целиот сектор земјоделство, кој тој успешно го води. Земјоделците…

Read More

-Промовирање на транспарентност, поддршка на граѓанското учество, борба против корупцијата и искористувањето на новите технологии во јавната администрација се основните цели на Владата со спроведување на концептот Отворено владино партнерство кој придонесе земјата да се трансформира од заробена држава во отворен и прогресивен пример истакна премиерот Зоран Заев при денешната презентација на ОВП пред генералниот директор од канцеларијата во Њујорк, Санџај Прадхан. – Република Северна Македонија е дел од иницијативата Отворено владино партнерство од самиот почеток во 2011 година, заедно со граѓанскиот и бизнис сектор. Десет години подоцна земјата има само придобивки од учеството во овој процес. Креирани се четири…

Read More

Во иднина функционерите при организирање работни состаноци нема да може да трошат неограничено на угостителски услуги. Владата денеска донесе одлука со која за прв пат се ставаат ограничивања за начинот на користење државни пари за оваа намена. Ваквиот предлог доаѓа од кабинетот на заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против коурпција и криминал Љупчо Николовски. Со одлуката на владата се предвидува точно определен износот што може да се користи по лице присутно на работниот состанок, а ограничувањето на износот е во зависност од функцијата на лицето коешто го организира работниот состанок. – Со неа се опфатени и Претседателот…

Read More

Во Македонија засега нема присуство на бразилски и јужноафрикански сој на вирусот СарсКов 2, ова за Нова го потврдија од МАНУ, каде во Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија се врши скенирање и присуство на варијанти на вирусот Ковид 19. Анализите на МАНУ покажале дека доминатен сој кај нас е британскиот. „МАНУ направи скенирање на 225 пациенти на присуство на варијанти, во период од 27 март до 5 април 2021 година и утврдено е дека во Македонија доминатен е британскиот сој на вирусот, со повеќе од 97% застапеност, што најверојатно е една од причина за драстично зголемување на бројот…

Read More

Под кодното име „Трезор“ Специјалното јавно обвинителство отвора истрага по сомнение за проневера на вкупно 862 045 евра за набавка на опрема од странство за потребите на Петтата Управа. За злоупотребата се товарат  тројца вработени во УБК и еден во МВР за кои СЈО смета дека проневериле државни пари за лично богатење. Осомничените освен набавката на опремата преку приватна фирма која го застапувала МВР, подоцна со анекси на договорот скроиле план за ново користење на пари од буџетот за дополнителни набавки и одржување на опремата, иако според СЈО немало потреба од тоа. За сите осомничени од судот ќе биде побарана…

Read More

Собранието ја започна расправата за Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025. На расправата претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска посочи дека корупцијата ја поткопува довербата во институциите на системот и ефикасното користење на јавните ресурси и претставува закана за демократијата и остварувањето на човековите права, а нејзините негативни ефекти се огромни. Петгодишната Национална стратегија што ја изработи ДКСК, како што рече во обраќањето пред пратениците, е прв документ од областа на борбата против корупцијата што се усвојува на највисоко ниво, односно во Собранието и во него се детектирани 12 секторски…

Read More

Портпаролот на претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, изјави дека не можат да потврдат постоење на нон-пејпер предаден од страна на словенечкиот премиер, Јанез Јанша како што јавија повеќе медиуми во регионот, а со кој се предвидува прекројување на границите на Западен Балкан односно за конечно заокружување на распадот на Југославија. „Не можам да потврдам дека го добивме тој нон-пејпер, кусо одговори портпаролот на Мишел иако неколку часа претходно од прес-службите на Мишел стигна потврда за постоењето на нон-пејперот. Претходно и портпаролот на Европската Комисија, Петер Стано, рече дека не се запознати со ваквиот документ и затоа не сака да…

Read More

По пресудата за случајот „Трезор“, со која Сашо Мијалков денеска беше осуден на 8 години затвор, судот му одреди и 30 дена притвор на поранешниот директор на УБК. Ова одлука следеше по предлог на јавниот обвинител Трајче Пеливанов, кој истакна дека постои опасност од бегство. На обвинетиот Небојша Стајковиќ, пак, му одреди мерка куќен притвор. Застапниците на обвинението за случајот „Трезор”, по објавување на пресудата денеска побараа на обвинетите Сашо Мијалков и Небојша Стајковиќ и да им се изрече мерката притвор до правосилност. – Имајќи ја предвид казната од осум години и дека Сашо Мијалков е исклучителен моќен човек, како…

Read More

Укинување на притворот за случајот „Таргет – тврдина“ кој истекува на 27 април, и одредување нов по пресудата за „Трезор“ побара Јавниот обвинител Трајче Пеливанов за Сашо Мијалков за кого рече дека е моќен човек кој има големо влијание и дека се јавува потребата од обезбедување мерка за негово присуство поради можност од бегство. Во образложението Пеливанов рече дека преку Европол се потврдени податоците дека Мијалков има дозвола за престој во Прага, но и дека поседува две возила регистрирани на негово име. – Судот треба да го цени фактот дека Мијалков е лице кое е добро ситуиран и дека тој…

Read More

Изречена пресуда за обвинетите во случајот „Трезот“ кој се однесува на набавката на систем за следење на комуникациите за потребите на УБК, чиј директор тогаш беше Сашо Мијалков, кој е и првообвинет во случајот. Според пресудата изречена е казна затвор во вкупно траење од 33 години односно за директор на УБК Сашо Мијалков единствена казна затвор од 8 години, за поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски единствена казна затвор од 5 години, за поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ казна затвор од 5 години, а поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски на кого му се судеше…

Read More

Имам играно за многу тимови, имам видено многу, имам освоено сè од титули, но, да победуваш со твојата репрезентација не се споредува со ништо. Би ги дал сите освоени трофеи за да одам на Европско со репрезентацијата, вели македонскиот фудбалски репрезентативец и член на Џенова, Горан Пандев за грчкиот спортски портал „Газета.гр“, во интервјуто во кое говори за историскиот пласман на Европското првенство, за натпреварите со Грузија и Германија, за неговата кариера и „закачувањето на копачките“, за понудите од грчките тимови во минатото, но и за односите меѓу двете соседни земји, јави дописничката на МИА од Атина. Открива дека бил…

Read More