Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Aко покрај социјалното претпримеништво го поставиме зборот млади во пост-ковид агендата дефинитивно имаме стратегија за градење на иднина и подобар свет.
Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 12 мај. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа. По рамазанскиот пост, на 13 мај…
Продолжуваме со поддршката за Северна Македонија во детектирање, спречување и ликвидација на организациите кои се се занимаваат со тргување со дрога, изјавија синоќа за МИА од Американската служба за борба против дрога (ДЕА). ДЕА потрвди дека службеници на агенцијата се вклучени во истрагата на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција околу заплената на 200 килограми марихуана во петокот од страна на полицијата. Пазарната вредност на запленетото наркотично средство на црниот пазар е речиси еден милион долари. Од ДЕА не сакаа да коментираат за текот на истрагата и осомничените лица вклучени во организацијата на неовластено производство…
Откако се појавија информации за наводно трошење на министерот, Арјанит Хоџа на државните пари за храна и кафиња во висина од 22.794 евра во изминативе шест месеци, односно 210 евра на ден, министерот излезе со став на својот официјален ФБ профил: „Кога ме напаѓат п(а)орталите на ВМРО-ДПМНЕ со невистинити написи што првично ги објавија нивните албански полтрони во опозиција, можам да заклучам дека јас како министер и целиот мој тим сме на вистинскиот пат во управувањето со институцијата. На клеветите и дезинформациите што се шират дека јас како министер сум потрошил 22.000 (според полтроните на ВМРО) или 23.000 евра (според…
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска ја демантира информацијата дека лицето Дејан Смилевски изработувало, одржувало или имало каква било допирна точка со проектот/апликацијата/наградната игра – МојДДВ. – Имајќи предвид дека штетните последици на една лажна вест не секогаш зависи од кредибилитетот на тој што ја пласира, со цел да спречам евентуално ставање на јавноста во заблуда сметам дека е неопходно да реагирам. Најостро демантирам дека лицето Дејан Смилевски изработувал, одржувал или имал било каква допирна точка со проектот/апликацијата/наградната игра – МојДДВ. Компанијата “Акцент ДООЕЛ” го изработи и одржува софтверот. Извлекувањето на наградите и нивните приматели оди преку лотариски систем-случаен…
Министерот за здравство Венко Филипче денеска на работниот состанок со вицепремиерот Љупчо Николовски разговарале за измените на Законот за здравствена заштите кои се однесуваат на утврдување на највисоки цени што приватните болници ќе може да ги наплаќаат на ковид пациентите кои здравствената услуга ја плаќаат со лични средства. Предлогот на Законот е цените во приватните болници да бидат изедначени со реферeнтните цени утврдени од Фондот, односно дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти да се движи од 40.000 до 305.000 денари. Ова е заклучокот на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ), предводен од претседателот на Владата Зоран Заев, кој предлог утре ќе…
Дали конечно се отвори патот за мерките од петтиот пакет економска помош наменети за стопанството и граѓаните зафатени од кризата предизвикана од пандемијата со корона вирусот? Оптимизам и кај власта и кај албанската опозиција, велат остварен е сериозен напредок. Премиерот Зоран Заев од една страна и Зијадин Села и Африм Гаши од другата по денешната лидерска средба си пружиле рака за надминување на проблемот околу спорните точки на законот за државјанство. И двете страни како што истакнаа по средбата настапиле подготвени и ги соочиле своите ставови. Според премиерот Зоран Заев средбата била конструктивна, а постигнатите компромиси сега треба да одат…
Беспредметна станува дебатата колкав габарит ќе имаат планираните висококатници на парцелата спроти „Холидеј Ин“ кога поради нетранспаретноста на надлежните институции јавноста е доведена пред свршен чин да прифати решение коешто може да биде проблематично од повеќе аспекти. Освен тоа што за планираните објекти во строгиот центар на Скопје не се консултирани граѓаните и експертската јавност, се доведува во прашање легалноста на целата постапка со оглед на тоа што селективно се применуваат зацртаните параметри во урбанистичките планови. Визуелизација на планираните објекти спроти „Холидеј Ин“ според параметрите коишто ги потврдија од Општина Центар. На локацијата е предвидено да се градат три згради…
Изгледот на зградите кај хотелот Холидеј Ин за прв пат беше презентиран преку фотографија во Топ Тема на Телма. Архитектот Мартин Пановски рече дека во зградата се предвидени 400 станови, во кои би требало да живеат 1.200 до 1.300 луѓе. Граѓаните претходно започнаа петиција со која бараат стопирање на изградбата на висококатниците спроти хотелот Холидеј Ин, а дел од архитектите обвинија дека ќе биде изградено бетонско чудовиште. Ахритектот Пановски тврди дека проектот е со пешачко движење, отворена комуникација кон плоштад и зеленило.
„Навистина жалам што се уште не можеме да преминеме преку дневно политички агенди и да одговориме на потребите на секој граѓанин. Во време на здравствена и економска криза нужно е да бидеме брзи и ефикасни. Ја сфаќаме потребата на сите, но секогаш мора да се знае што најургентно и најитно за решавање. Секако, јас сум многу блиску до случувањата, до она што беше на денешниот протест на ивент индустријата, нивниот сектор е многу близок до сите граѓани. Ние секако имаме решенија за сите области. Неколку пати сум имал состаноци со ивент индустријата, имаме различни гледишта кон кризата, но само за…
Уште една тазе победа за македонската енергетска политика, без разлика дали на ботовите од фејкњуз визбите тоа ќе им се допадне или не: „Македонија на врвот по раст на обновливи извори на енергија во регионот!, напиша националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец, на својот Фејсбук профил откако специјализираниот портал „Балкан Грин Енерџи Њуз” објави дека државата се наоѓа на трето место по зголемено производството на енергија од обновливи извори. Северна Македонија минатата година го зголеми производството на енергија од обновливи извори на 827 мегавати, што претставува раст од 10,1 проценти и е во рамки на светскиот просек на зголемување…
Приближно 14,1 милиони дози вакцини Фајзер/БиоНТек ќе бидат дистрибуирани во 47 земји во вториот квартал на оваа година, соопшти денеска Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (Гави), јави дописникот на МИА од Белград. Како што пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ) испораката на вакцините ќе се спроведе во периодот од април до јуни оваа година. Според последните информации објавени од Гави, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово преку Ковакс системот во периодот од од април до јуни треба да добијат 100.620 дози на Фајзер вакцината. Во овој трети круг не се распределени вакцините за Црна Гора, додека Србија се очекува…