Author: Нова ТВ

Министерот за правда Бојан Маричиќ денес се обрати на настанот организиран од „Цивил“ по повод петгодишнината од почетокот на „Шарената револуција“. Маричиќ кажа дека борбата за човекови права и слободи, правда, слобода и еднаквост во нашето општество продолжува и дека тоа е континуиран процес. – Велевме „Нема правда – Нема мир“ и сега од позиција на министер, функција на која сум само неколку месеци, чувствувам огромна одговорност, но и задоволство што заедно со Владата работиме на зацврстувањето на правната држава и враќањето на довербата на граѓаните во правниот систем, истакна министерот. Тој додаде дека за него паролата „Нема правда –…

Read More

Изјави по средбата на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев со  претседателите на опозициските албански политички партии, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши. Проследете ја во живо изјавата на премирот Зоран Заев:

Read More

Бизнисменот Орце Камчев останува во притвор во Шутка. Кривичниот суд одлучи да му го продолжи притворот на нови 30 дена. Тој во Шутка е веќе еден месец. Одбраната на осомничениот Камчев во случајот „Плацеви на Водно“, може да поднесе жалба до Апелациониот суд. Соопштението на Кривичен го пренесуваме во ценост: „Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Ј.К., донесе решени со кое сеуште постојат околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП и го прифати предлогот на обвинителството со што ја…

Read More

Се чека одлуката по барањето на обвинителката Лиле Стефанова за продолжување на притворот на Орце Камчев во предметот „Плацови на Водно“ бидејќи на 14 април му истекуваат 30 – те дена од првиот. Камчев заврши во притвор на 14 март откако белешка дека се подготвува за бегство до обвинителството достави Агенцијата за национална безбедност. Од одбраната пак со став ќе поведат постапка пред Основниот кривичен суд во Скопје за утврдување на незаконитоста на белешката. Адвокатот Тони Менкиновски тврди дека АНБ немала надлежност да го следи бизнисменот, бидејќи не станува збор за некаква закана по националната безбедност. „АНБ постапила надвор од…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека од среда се отпочнува со вакцинирање на граѓаните според возрасни групи бидејќи според него заклучно сo утрешниот ден ќе биде заокружена имунизацијата на приоритетни случаи што се одвива во салата Борис Трајковски. Според информациите на министерот до сега се имунизирани околу 25 илјади лица. Филипче додава дека од вакцината Спутник на располагање има уште 20 илјади дози. Тој посочи дека вакцинацијата со останатите вакцини на Спутник од среда ќе се одвива исто како што се одвива вакцинацијата од почетокот односно по вакциналните пунктови. Министерот Филипче испрати апел до сите граѓани да се пријават…

Read More

Со цел да се стекнат со ситни политички поени лидерите на албанската опозиција се служат со манипулации околу бројот на Албанци кои немаат македонско државјанство, изјави во Собранието пратеникот од ДУИ Арбер Адеми повикувајќи ја притоа албанската опозиција да престане да си игра со чувствата на Албанците и да почне да ја игра улогата на вистинска опозиција, односно да биде коректор на власта. „Во периодот од 1991 до 2021 година, односно за 30 години од независноста со македонско државјанство се стекнале 43.321 Албанец, а одбиени се 3.374 барања. Во постапка за државјанство се над 2.674 барања, од кои помалку од…

Read More

За време на викендот се бечежи намалување на бројот на новопримени пациенти во сите болнички установи во Скопје и ширум државата споредено со крајот на минатата недела, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој вели дека иако има тренд на намалување, се уште се внимателни и будно ја следат ситуацијата. – Има доволен капацитет слободни болнички кревети, се уште трае системот на ротација, координацијата во врска со приемите на пациенти помеѓу институциите, како во Скопје така и меѓу останатите болници и скопските, така што во таа смисла верувам дека трендот ќе продолжи, рече Филипче. Тој посочи дека денешната бројка…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека денеска ќе пристигне нова пратка од 2.000 дози на вакцини од Кина. Според информациите таа веќе е на аеродромот во Софија, а земјава организирала транспорт да стигнат во Скопје. Станува збор, како што појасни, за пратка од Кина иницирана од почетокот на февруари од страна на нашиот амбасадор во Обединетите Емирати. Филипче соопшти дека денеска на состанок на Кризниот штаб како предлог е прифатено да се направи измена на Законот здравствена заштита со која на приватните болници да се ограничи висината на финансиски средства за време на кризата што се однесуваат на лекување…

Read More

Роберт Шуман, еден од татковците основачи на Европската унија и побожен иако дискретен католик, наскоро ќе го направи првиот чекор кон тоа да стане светец, изјави за АФП висок официјален претставник на Ватикан. Папата Франциско би можел да ги препознае „херојските доблести“ на Французинот уште во јуни, според архиепископот Марчело Семераро, префект на Конгрегацијата за каузи на светците. Ова признание дека тој водел свет живот е клучен чекор кон беатификација, иако тоа бара припишување на чудо. Потребно е второ чудо потврдено од Ватикан пред тој да стане светец. Шуман, демохристијанин, беше министер за надворешни работи на Франција кога во 1950…

Read More

Независната угостителска комора (НУК) соопшти дека од среда почнува со издавање на сертификат „Чисто и безбедно“ за угостителските објекти кои ги применуваат и почитуваат во целост препораките и протоколите за работа во услови на пандемија. Комората, како што стои во денешното соопштение, минатата недела потпишала меморандум за соработка со Министерството за економија за добивање овластување за издавање на сертификати „Safe travels“. – По примерот на европските и соседните балкански држави, а со цел да излеземе побрзо во пресрет на потребите и барањата на нашите членки од среда, 14 април, започнуваме со издавање и на сертификат со пeчат Чисто и безбедно…

Read More

Имајќи ги предвид целите и функциите, местата каде што дејствуваат и заедниците на кои им служат – вредностите и потенцијалите на овие претпријатија остануваат високи.

Read More

За само еден ден околу 5.000 граѓани ја потпишаа петицијата против изградба на висококатници спроти Холидеј Ин во центарот на Скопје. „НЕ“ за изградба на нехумано голем објект на паркингот пред хотел Холидеј Ин – се порачува во петицијата во којашто се наведува дека „бетонски чудовишта ќе се градат на 83.000 квадрати“. Во објавата на социјалните мрежи се вели дека е предвидено проектот да се реализира во три фази. Во првата фаза изградба на станбен објект со 20 ката и височина од 80 метри, на парцелата на МПЦ. Во втората фаза изградба на станбено-деловен објект со 22 ката и височина од…

Read More